Следете не

Кичево

Вечерва во Кичево приказ на филмовите „Слобода“ и „Центроид“ во НУЦК „Кочо Рацин“ за хуманитарни цели!

Објавено пред

на

Вечерва среда 25.10.2023, во НУЦК „Кочо Рацин“ ќе се прикажуваат двата кратки филмови „ЦЕНТРОИД“ и најновиот филм „СЛОБОДА“ со почеток од 20:00 часот. Влезот ќе чини 150 денари.

Собраните средства од продадени карти ќе се искористат за хуманитарни цели, односно доброволно ќе се предадат онаму каде е најпотребно, одличи продукцијата, чин кој ги заслужува сите почести.

Да дадеме придонес и да бидеме хумани. Карти ќе може да се подигнат на самиот влез на шалтер.

Кичево

ТППЕ Кичево и денес интервенираа на опожарена куќа и плевна

Објавено пред

на

©porta.mk

Денес во 9 часот во ТППЕ Кичево било пријавено за настанат пожар на куќа и плевна во село Јагол кичевско. По пријавата, ТППЕ Кичево со три возила и две екипи веднаш се упатиле на интервенција во опожарениот објект, каде успешно за завршија задачата.

За порта.мк од ТППЕ Кичево истакнаа дека целосно е спасен објектот блиску до опжарената куќа, која доколку не би се интервенирало професионално и брзо, пламените јазици исто ќе биле фатални.

Апел за поголемо внимание!

Прочитај повеќе...

Кичево

Вчера во Кичево при засилена акциска контрола на МВР изречени 86 санкции во еден ден

Објавено пред

на

©porta.mk

На 09.07.2025 година во периодот од 16.00 до 22.00 часот Секторот за  сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција-Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на територијата на ОВР Кичево, за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

При контролата санкционирани се 86 возачи од кои: 25 лица за возење без возачка дозвола, 10 возачи за управување на моторни возила со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола и полиса, 1 возач кој управува моторно возило под дејство на алкохол, 2 возачи кои управувале возило со несоодветна категорија, 1 возач кој управувал возило со неисправно светлосно сигнални уреди, 15 возачи за некористење на заштитен шлем-кацига, 1 возач на возило со затемнети стакла без извршен А-тест, две мерки кон возачи кои исто така вршат јавен превоз на патници без да извршат вонреден технички преглед, една мерка кон возач кој не ја поседува пропишаната опрема во возилото, две одземени возачки дозволи по член 341 од ЗБСП како и одземени два мотори по член 344 од ЗБСП  и превземени се мерки против 28 учесници во сообраќај за останати сообраќајни прекршоци.

На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, истакна МВР.

Прочитај повеќе...

Кичево

Во сабота традиционална „Мото парада 2025“ по повод „Петровден“, именден на нашиот градски храм „Св.Петар и Павле“

Објавено пред

на

©porta.mk

Почитувани кичевчани, чест и задоволство ни е да ве информираме дека и оваа година продолжува традицијата по повод именденот на нашата Православна црква „Св.Апостоли Петар и Павле“, со тоа што по 11-ти пат, односно 11 години по ред – ќе се одржи мирна мото-парада или мото дефиле низ кичевските улици.

Настанот ќе се реализира во сабота 12.07.25 со почеток од 19:00 часот од „Полигон“ во непосредна близина на „Железничката станица“, а завршната рута е предвидена пред самиот храм.

  • Оваа година овој мото-марш ќе биде посветен за „Димитар Трајчески – Дидо“, страстен поддржувач на петровденската мото-парада и учесник во сите години наназад. Реши да не чува од небесата и од таму да биде блиску до срцата наши! Токму ова дефиле ќе биде посветено за него, бидејќи мото собирите заедно со другарчињата за него беа среќа!

На крај, закажано е заедничко кафе-дружење и групна фотографија во „City Caffe“ каде домаќините ќе го резервираат паркинг просторот како и место во самиот локал за сите гости.

Да ја покажеме нашата мото и сообраќајна култура, се вози според пропишаните сообраќајни знаци, додека предводници за безбедност во сообраќајот ќе бидат полициски службеници од ОВР Кичево.

Повторно кичевчани ќе имаат прилика да го проследат продефилирањето на разновидните мотоцикли низ нашиот град, како симбол и најава за големиот празник во чест на нашата православна црква! Бидете дел и заеднички со спектакуларниот мото звук да искажеме почит кон нашите светители и кичевскиот храм, заштитник на нашиот град!

  • Имено, оваа прилика ја користиме да ја известиме јавноста дека Кичевското архиерејско намесништво, за претстојниот храмов празник (патронатот на храмот и градот Кичево) посветен на светите апостоли Петар и Павле, дава благослов да се вклучат жителите и верниците на Кичево и околината, оние кои се во можност, при помош за чистење на храмот, а притоа со тоа да придонесат за чист храм по повод патронатот свети апостоли Петар и Павле, слично како што и нашите предци тоа го извршувале низ вековите.

Оваа акција ќе се одржи утре 09.07.2025 година (среда) со почеток од 09:00 часот. Тие кои сакаат и можат да бидат дел од овој вид на помош се остава на нивната слободна волја и ревност

Вечна традиција, бидете дел!

Во прилог ланската мото-парада, лето господово 2024г.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Спорт9 минути

Синер и Алкараз во големото финале на Вимблдон во 2025 година

Јаник Синер ќе игра во своето прво финале на Вимблдон, откако успеа да го совлада Новак Ѓоковиќ во три сета...

Скопје31 минута

СВР Скопје лиши од слобода уште еден предизвикувач на пожар

Денеска (11.07.2025) полициски службеници од СВР Скопје во 18.30 часот, кај старата депонија во с.Огњанци го затекнале А. Ф. (61)...

Кичево4 часа

ТППЕ Кичево и денес интервенираа на опожарена куќа и плевна

Денес во 9 часот во ТППЕ Кичево било пријавено за настанат пожар на куќа и плевна во село Јагол кичевско....

Култура4 часа

Кичевската парохија истакна известување за Хиротонијата на идниот високопреосвештен Митрополит дебарско-кичевски г. Георгиј

Со благослов на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, а во духот на молитвено единство и...

Автомобили10 часа

ЕУ инвестира 852 милиони евра во фабрики за батерии за електрични возила – еве каде ќе се градат

Европската Унија започнува со значајна инвестиција во иднината на одржливиот транспорт. Европската комисија објави дека преку Фондот за иновации ќе...

Lifestyle10 часа

Топлотниот бран може да биде смртоносен за кучињата оставени во автомобил – еве како да ги заштитите

Во летните денови, температурите во автомобилите можат да достигнат опасно високо ниво за само неколку минути – и тоа е...

Магазин10 часа

OpenAI подготвува нов веб-прелистувач со интегриран ChatGPT – револуција во начинот на сурфање?

OpenAI работи на развој на сопствен веб-прелистувач кој би можел целосно да го промени начинот на кој ги користиме интернет...

Македонија12 часа

Лишен од слобода старец од тетовско, на нива запалил сува трева и отпадоци

На 10.07.2025 во 21.00 часот во близина на бензинска пумпа во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од...

Хороскоп22 часа

Хороскоп за петок (11 јули)

ОВЕН Ова може да биде интересен ден на работа, бидејќи ќе имате голема помош и некој кој може да делува...

Македонија1 ден

ЦУК: Ова е состојбата со пожарите до моментот, вкупно 29 пожари на отворен простор, 9 активни

На 10.07.2025 година, до 18:30 часот, има вкупно 29 пожари на отворен простор, од кои 9 се активни, 4 се...

НАЈЧИТАНИ