Следете не

Временска прогноза

Натпросечно топло за овој дел од годината и стабилизација на времето без врнежи од дожд

Објавено пред

на

Натпросечно топлото време во Македонија продолжува се до самиот крај на овој месец, како и во првите денови од месец ноември. Стабилизирање на времето ќе имаме од овој викенд, па така во најголем дел од следната седмица ќе имаме многу повеќе сонце и стабилно време без врнежи. До сабота ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југозападен правец, но транспортот на прашина и на песок од Сахара значително ќе се намали.

Во Скопје и околината исто така продолжува натпросечното топло време, а од викендот, особено од недела ќе има и многу повеќе сонце.

Наутро температурите на воздухот на повеќе места ќе се спуштаат до околу 10 степени, а во Малешевијата и под 10 степени, додека во централните и во југоисточните предели тие ќе надминуваат 10 степени. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 25 степени.

Во најтоплите централни и југоисточни предели температурата можно е да се искачи и до околу 28 степени.

Иако се подлабоко навлегуваме во есента, сепак и понатаму ќе можете да уживате во високите температури за овој период од годината. но и во сонцето, за Порта.мк истакна Славчо Попоски

Временска прогноза

Од викендов драстично поладно, особено на утро, ова се информациите

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Под влијание на поладен воздух од север и од североисток, од овој викенд влегуваме во поладен период со потпросечни температури на воздухот за месец мај. Исто така, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Локално, особено во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност.

И во делови од Скопскиот регион викендов ќе има услови за краткотраен дожд со ретки грмежи.

Што се однесува до температурите, тие наутро на повеќе места ќе се спуштаат под 10 степени, понекаде, особено на повисоките места  и на планините  и под 5 степени. Максималните дневни температури на воздухот пак ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22 степени, утрово информира Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

По детални информации околу временската метео прогноза која носи дожд и нестабилност

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Од вторник (6 мај) па најмалку до недела (11 мај) територијата на Република Македонија ќе биде под влијание на плитка фронтална долина која позначително ќе ја дестабилизира атмосферата кај нас.

Во ваква ситуација, локално ќе се создаваат конвективни облачни јадра кои ќе условуваат појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради високите температури кои ги имаме овие денови, атмосферата е повеќе загреана, па така локално ќе има појава на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења  и со појава на град.

И во делови од Скопскиот регион од вторник (6 мај) па најмалку до недела (11 мај) ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е и појава на краткотрајно невреме.

Температурите за време на овој период постепено и секојдневно ќе опаѓаат, што значи дека полека ќе навлегуваме во период со значително пониски температури кои ќе бидат потпросечни за мај.

Апелирам, во погоре споменатиот период, во случај на појава на невреме  и на електрични празнења, да се избегнува претстој на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така, во случај на појава на силен ветер, автомобилите да се заштитат, односно граѓаните истите да избегнуваат да ги ставаат под дрвјата, вечерва информираше Славчо Попоски.

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Од понеделник во Македонија следува промена на временската состојба, еве за што станува збор

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Сончевото и пред сè пријатно време ќе се задржи денес и утре (понеделник 5 мај). Времето ќе биде сончево со појава на умерена локална облачност, а повремено ќе засилува  и ветерот од западен и од југозападен правец, особено во западните предели.

Сепак, утре (понеделник 5 мај) ќе ја почувствуваме промената на времето која ја најавив веќе од вторник (6 мај) па во деновите потоа, информира Славчо Попоски.

Во попладневните часови ќе се создаваат услови за изолиран развој на грмотевични облачни јадра од кои се очекува појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност.

И во Скопје и околината денес и утре (понеделник 5 мај) ќе се задржат рано – летните температури на воздухот, а утре (понеделник 5 мај) во попладневните часови во делови од котлината ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.

До вечерва следува детална метео анализа околу промената на времето која не очекува од (вторник 6 мај) па во деновите потоа, завршува Попоски.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп30 минути

Хороскоп за понеделник (12 мај)

ОВЕН Марс сепак го зголемува вашиот стрес, бидејќи неговата главна идеја е да работите побрзо – ако се притиснете на...

Македонија5 часа

МВР ќе поднесе кривична пријава за мачење животни, по видеото истакнато во јавноста

ОВР Куманово до ОЈО Крива Паланка ќе поднесе кривична пријава против А.А. (23) од Крива Паланка поради сомнение за сторено...

Хроника14 часа

Утрово кичевчанец со секира уби татко, неговата мајка е во неконтактибилна состојба

Денеска (11.05.2025) во 07.10 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Е.А.(48) од селото Србјани, кичевско поради...

Скопје14 часа

Кривична пријава против турски државјанин за обид за убиство во Скопје, одреден му е притвор

Единицата за насилен криминал при СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка против У.Х. (35) од...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за недела (11 мај)

Овен Стравовите се вовлекоа во твоето срце. Не сте сигурни дали ве сакаат затоа што вредите како личност или затоа...

Здравје и убавина1 ден

Клучни 5 работи поврзани со забите, кои предупредуваат за опасни промени во вашето општо здравје

Забите можат да бидат добар показател за проблемите во вашето тело. Внимавајте на здравјето на усната шуплина бидејќи секоја промена...

Македонија1 ден

Малолетник од Кочани објавувал експлицитни содржини од малолетничка, мајката го пријавила

На 09.05.2025 во 23 часот во Полициската станица Кочани, 43-годишна жена пријавила дека на 08.05.2025 малолетник од Кочани споделувал на...

Македонија2 дена

ОВР Струга: Стружанец возел мотор пијан и излетал од патот

На 09.05.2025 во 06.35 часот полициски службеници од ОВР Струга на улицата „Боро Калајџиески“ во Струга, го лишиле од слобода...

Временска прогноза2 дена

Од викендов драстично поладно, особено на утро, ова се информациите

Под влијание на поладен воздух од север и од североисток, од овој викенд влегуваме во поладен период со потпросечни температури...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за сабота (10 мај)

ОВЕН Може да очекувате фаза која ќе биде многу поволна за вас. Ќе успеете да остварите стабилизација на работа. Ве...

НАЈЧИТАНИ