Временска прогноза
Некогаш студениот ноември оваа година ја менува формата во топол месец – вели Попоски, ова се најновите метео вести

Нашите стари знаат дека во минатото, Ноември месец бил студен и снежен, снег паѓало уште од Митровден ( 8 Ноември). Оваа година Ноември месец кај нас ќе биде потопол за 2 до 3 степени, што не е и малку, што значи дека токму овој месец кај нас, но и во целиот регион ќе ни донесе топли денови и натпросечно високи температури на воздухот, како и јужно воздушно струење. Врнежите би требало да бидат околу просекот, со нешто повеќе врнежи во посеверните предели од Балканскиот Полуостров.
Сепак да напоменеме дека и покрај ова не мора да значи дека нема да имаме периоди со постудено време. Секако во Ноември го очекуваме и првиот поизразен студен бран од север, особено кон крајот на месецот, и истиот може да донесе и снег.
Се на се ќе имаме температури кои ќе надминуваат 20 степени, особено во најтоплите централни и југоисточни предели од државава.
Ако вака останат работите, минусни утрински температури и мраз кај нас не се очекуваат во првата половина од месец Ноември. Сепак ќе растат условите за појава на магла по котлините и речните долини.
Едно да знаат граѓаните, а тоа е додека над Атлантикот се создаваат силни циклони и поле на многу низок воздушен притисок, кај нас нема најава за зимско сценарио, пишува Славчо Попоски
Временска прогноза
Од денес во најава многу топло време со висок УВ индекс

Територијата на Република Македонија, како и на целиот регион, од денес (понеделник 30 јуни), па се до следниот понеделник (7 јули) ќе биде под влијание на Сутропски Антициклон, односно на многу топла воздушна маса од југ, односно од Африка која е поврзана со поле на висок воздушен притисок. Во ваква ситуација ни следува подолг период на стабилно, суво и на многу топло и претежно сончево време. Повремено ќе засилува ветерот од северен правец, особено денес и утре (30 јуни/1 јули) и тоа особено во Повардарието.
Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 39 степени, додека во петок и за време на следниот викенд температурите во Повардарието ќе се искачат дсо околу 40/41 степен.
Во Скопје и околината исто така во погоре споменатиот период температурата ќе се искачува до близу или до околу 40 степени.
Ув индексот за време на овој нов многу топол бран од Африка ќе биде многу висок и ќе има вредност 9. Токму поради ова, апелирам граѓаните да не излегуваат без потреба во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот) и да пијат повеќе течности, информира Славчо Попоски.
Временска прогноза
Викенд метео вести: Еве какво време ни претстои денес и утре

Под влијание на стабилна и на посвежа воздушна маса од север, викендов (сабота и недела 28 и 29 јуни) во Македонија времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Сепак ќе биде многу ветровито, односно, ќе дува засилен до повремено силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 70 км/час.
И во Скопје и околината ќе имаме стабилно и сончево, но и малку посвежо време за викендов. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец (во делови од котлината повремено со брзина од над 70 км/час).
Што се однесува до температурите, тие ќе бидат за околу 4/5 степени пониски за ра разлика од денешните и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени, во Скопскиот регион температурата ќе се искачи до околу 35 степени, утрово информираше Славчо Попоски
Временска прогноза
Доаѓа дожд према нашиот регион, ова се последните метео вести

Поради прилив на поладен воздух од север на висина, денес (петок 27 јуни) во попладневните и во вечерните часови во нашата Република Македонија атмосферата значително ќе се дестабилизира. Ќе се создаваат влажни фронтални бранови кои на повеќе места ќе условат развој на грмотевични конвективни облачни јадра од кои очекувам појава на поројни врнежи од дожд, грмежи и силен ветер (над 70 км/час).
Многу поголема нестабилност очекувам во северните, централните , источните и во југоисточните предели од нашата Македонија, па токму во овие предели локално очекувам појава и на бурно невреме проследено со обилен пороен дожд кој може да услови локални поројни поплавувања, олуен ветер, силни и чести електрични празнења, како и со појава на крупен град. Токму поради ова на граѓаните ги советувам да обратат голема внимателност.
И во делови од Скопскиот регион, денес (петок 27 јуни) во попладневните и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, силен ветер (над 70 км/час) и со појава на грмежи. Можна е и појава на силно невреме.
Што се однесува до температурите тие повторно насекаде ќе бидат над 30 степени, на повеќе места тие ќе се искачат и до околу, па и над 35 степени, додека во Повардарието тие ќе достигнат до 40 степени. Меѓутоа, доцна попладне и навечер температурите ќе опаѓаат, со што од север ќе започне да ни се спушта посвежа воздушна маса, вели Славчо Попоски
-
Македонија1 ден
МВР истакна важна информација која стартува од утре 1 јули
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за вторник (1 јули)
-
Магазин2 дена
Вечерва започнува првиот фитнес подкаст во Македонија за сите љубители на здравиот живот заедно со „Adastra“ и Дејан Пауновски „Pakigram“
-
Македонија12 часа
(ФОТО) СВР Охрид и „РЦ Запад“ подготвени за туристичката сезона и безбедноста на граѓаните и туристите
-
Хороскоп7 часа
Хороскоп за среда (2 јули)
-
Македонија2 дена
Од ноќеска цената на нафтените деривати се намалува, ова е новата цена
-
Македонија2 дена
СВР Охрид изнесе детали за запалениот глисер, бил приватна сопственост
-
Магазин9 часа
(ВИДЕО) Хитот од Спасен Сиљаноски „Ќе ти дојдам вечер“ популарна и помеѓу најмладите генерации