Следете не

Временска прогноза

Јужно воздушно струење носи многу дожд, така што викендот пред нас ќе имаме голема промена на времето

Објавено пред

на

Целиот Балкански Полуостров, вклучувајќи ја и Македонија во следниот период ќе биде под влијание на моќен Џеновски циклон и на влажни воздушни бранови, но и под силно јужно и југозападно воздушно струење кое и понатаму ќе ни носи натпросечно високи температури на воздухот.

Во голем дел од регионот се очекува олуен јужен ветер кој би можел да направи и штети, а поради очекуваните обилни дождови се можни и локални поројни поплави.

Кај нас исто така во деновите кои се пред нас, особено од ноќта вторник кон среда ќе има повремени локални врнежи од дожд. Голем влажен воздушен бран кај нас се очекува во петок навечер и во текот на ноќта кон сабота, како и во сабоа кога насекаде ќе има врнежи од дожд, на повеќе места интензивни и локално проследени со појава на грмежи и со силен јужен ветер, а не се исклучува можноста овие процеси да бидат застапени во форма на невреме, кога е можна и појава дури и на град.

Во петок на повеќе места ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец (локално над 80 км/час). Ветерот ќе продолжи и во деновите потоа и повремено ќе биде засилен на интензитет и од југозападен правец.

До недела локално кај нас ќе наврне позначително количество на воден талог (над 50 л/м2).

Температурите иако за некој степен пониски, сепак и понатаму ќе бидат над просекот за овој период од годината и максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 24 степени.

Барем според моменталните анализи, појава на мраз и на поголемо заладување кај нас не се очекува во првата половина од месец ноември, што значи и покрај врнежите продолжуваат пролетните температури, иако навлегуваме се подлабоко во есента, вели Славчо Попоски

Временска прогноза

Од денес во најава многу топло време со висок УВ индекс

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Територијата на Република Македонија, како и на целиот регион, од денес (понеделник 30 јуни), па се до следниот понеделник (7 јули) ќе биде под влијание на Сутропски Антициклон, односно на многу топла воздушна маса од југ, односно од Африка која е поврзана со поле на висок воздушен притисок. Во ваква ситуација ни следува подолг период на стабилно, суво и на многу топло и претежно сончево време. Повремено ќе засилува ветерот од северен правец, особено денес и утре (30 јуни/1 јули) и тоа особено во Повардарието.

Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 39 степени, додека во петок и за време на следниот викенд температурите во Повардарието ќе се искачат дсо околу 40/41 степен.

Во Скопје и околината исто така во погоре споменатиот период температурата ќе се искачува до близу или до околу 40 степени.

Ув индексот за време на овој нов многу топол бран од Африка ќе биде многу висок и ќе има вредност 9. Токму поради ова, апелирам граѓаните да не излегуваат без потреба во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот) и да пијат повеќе течности, информира Славчо Попоски.

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Викенд метео вести: Еве какво време ни претстои денес и утре

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Под влијание на стабилна и на посвежа воздушна маса од север, викендов (сабота и недела 28 и 29 јуни) во Македонија времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Сепак ќе биде многу ветровито, односно, ќе дува засилен до повремено силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 70 км/час.

И во Скопје и околината ќе имаме стабилно и сончево, но и малку посвежо време за викендов. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец (во делови од котлината повремено со брзина од над 70 км/час).

Што се однесува до температурите, тие ќе бидат за околу 4/5 степени пониски за ра разлика од денешните и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени, во Скопскиот регион температурата ќе се искачи до околу 35 степени, утрово информираше Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Доаѓа дожд према нашиот регион, ова се последните метео вести

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Поради прилив на поладен воздух од север на висина, денес (петок 27 јуни) во попладневните  и во вечерните часови во нашата Република Македонија атмосферата значително ќе се дестабилизира. Ќе се создаваат влажни фронтални бранови кои на повеќе места ќе условат развој на грмотевични конвективни облачни јадра од кои очекувам појава на поројни врнежи од дожд, грмежи и силен ветер (над 70 км/час).

Многу поголема нестабилност очекувам во северните, централните , источните и во југоисточните предели од нашата Македонија, па токму во овие предели локално очекувам појава и на бурно невреме проследено со обилен пороен дожд кој може да услови локални поројни поплавувања, олуен ветер, силни и чести електрични празнења, како и со појава на крупен град. Токму поради ова на граѓаните ги советувам да обратат голема внимателност.

И во делови од Скопскиот регион, денес (петок 27 јуни) во попладневните  и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, силен ветер (над 70 км/час) и со појава на грмежи. Можна е  и појава на силно невреме.

Што се однесува до температурите тие повторно насекаде ќе бидат над 30 степени, на повеќе места тие ќе се искачат  и до околу, па  и над 35 степени, додека во Повардарието тие ќе достигнат до 40 степени. Меѓутоа, доцна попладне  и навечер температурите ќе опаѓаат, со што од север ќе започне да ни се спушта посвежа воздушна маса, вели Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп5 минути

Хороскоп за вторник (1 јули)

ОВЕН Ова е уште еден работен ден каде што сѐ ќе се одвива со поспоро темпо, најмногу поради фактот дека...

Македонија3 часа

МВР истакна важна информација која стартува од утре 1 јули

Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој...

Магазин5 часа

Утре започнува првиот фитнес подкаст во Македонија за сите љубители на здравиот живот заедно со „Adastra“ и Дејан Пауновски „Pakigram“

Во време кога фитнесот станува сè поголем дел од секојдневниот живот, Adastra и Дејан Пауновски – „Pakigram“ ги здружуваат силите...

Македонија8 часа

СВР Охрид изнесе детали за запалениот глисер, бил приватна сопственост

Денеска (30.06.2025 година) во 10,30 часот, во полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, пријавено е дека, на пловен објект...

Временска прогноза10 часа

Од денес во најава многу топло време со висок УВ индекс

Територијата на Република Македонија, како и на целиот регион, од денес (понеделник 30 јуни), па се до следниот понеделник (7...

Македонија10 часа

СВР Охрид со засилени контроли во патниот сообраќај, изречени низа санкции

На 29.08.2025 година од 11 до 17 часот, на подрачјето на СВР Охрид преземени се засилени контроли во патниот сообраќај....

Македонија10 часа

Од ноќеска цената на нафтените деривати се намалува, ова е новата цена

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени...

Хороскоп24 часа

Хороскоп за понеделник (30 јули)

ОВЕН Денеска во неколку наврати ќе треба да покажете како можете да бидете храбри, бестрашни и директни. Не заземајте страна...

Спорт1 ден

Ландо Норис ја забележа својата трета победа

Ландо Норис ја забележа својата трета победа оваа сезона и вкупно седма во кариерата, триумфирајќи на патеката Ред Бул Ринг....

Кичево1 ден

(ФОТО) Се запали дива депонија покрај пат кај с.Пополжани, интервенираше ТППЕ Кичево

Во 18:17ч денес пријавено било дека гори дива депонија во близина на с.Пополжани кичевско од битолска страна. Како што не...

НАЈЧИТАНИ