Временска прогноза
Моќен циклон викендов ќе донесе обилни дождови кои од запад ќе се прошират на секаде во Македонија, детали во продолжение..

Во следните часови, односно во текот на денешното попладне и тоа поради влијанието на моќниот Џеновски циклон, од запад ќе започнат обилни врнежи од дожд и во вечерните часови, како и во текот на ноќеска према сабота, но и преку ден ќе се прошират насекаде низ Македонија и локално ќе бидат проследени со грмежи.
На многу места ќе наврне значително количество на воден талог (над 30 л/м2 воден талог, локално и над 50 литри дожд).
Не се исклучува можноста за локално поголемо невреме со олуен ветер, силни електрични празнења, обилни врнежи од дожд па дури и со појава на град.
Во следниот период ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец (локално со брзина од 60 до 80 км/час).
Во Скопје и околината исто така очекуваме поинтензивни врнежи од дожд, проследени со засилен ветер од јужен правец, а можна е и појава на грмежи.
Температурите иако за неколку степени пониски, сепак остануваат релативно натрпосечни високи и ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 21 степени.
Само во сабота ќе биде посвежо со температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 20 степени.
Наутро, барем одсега гледано во првата половина од овој месец не се очекува појава на минусни температури и на мраз, што значи продолжуваат натпросечно високите температури, иако кон средината на следната седмица се очекува помало заладување на времето (ништо сериозно).
Инаку целиот регион е под закана на моќниот Џеновски циклон кој ќе донесе силно невреме, а можни се и локални поројни поплави.
Посеверните, како и северозападните предели од европа исто така се зафатени од силно невреме и моќен циклон од Атлантикот. Таму дуваат ветришта со брзина дури до 200 км/час, вели Славчо Попоски
Временска прогноза
Од денес во најава многу топло време со висок УВ индекс

Територијата на Република Македонија, како и на целиот регион, од денес (понеделник 30 јуни), па се до следниот понеделник (7 јули) ќе биде под влијание на Сутропски Антициклон, односно на многу топла воздушна маса од југ, односно од Африка која е поврзана со поле на висок воздушен притисок. Во ваква ситуација ни следува подолг период на стабилно, суво и на многу топло и претежно сончево време. Повремено ќе засилува ветерот од северен правец, особено денес и утре (30 јуни/1 јули) и тоа особено во Повардарието.
Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 39 степени, додека во петок и за време на следниот викенд температурите во Повардарието ќе се искачат дсо околу 40/41 степен.
Во Скопје и околината исто така во погоре споменатиот период температурата ќе се искачува до близу или до околу 40 степени.
Ув индексот за време на овој нов многу топол бран од Африка ќе биде многу висок и ќе има вредност 9. Токму поради ова, апелирам граѓаните да не излегуваат без потреба во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот) и да пијат повеќе течности, информира Славчо Попоски.
Временска прогноза
Викенд метео вести: Еве какво време ни претстои денес и утре

Под влијание на стабилна и на посвежа воздушна маса од север, викендов (сабота и недела 28 и 29 јуни) во Македонија времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Сепак ќе биде многу ветровито, односно, ќе дува засилен до повремено силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 70 км/час.
И во Скопје и околината ќе имаме стабилно и сончево, но и малку посвежо време за викендов. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец (во делови од котлината повремено со брзина од над 70 км/час).
Што се однесува до температурите, тие ќе бидат за околу 4/5 степени пониски за ра разлика од денешните и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени, во Скопскиот регион температурата ќе се искачи до околу 35 степени, утрово информираше Славчо Попоски
Временска прогноза
Доаѓа дожд према нашиот регион, ова се последните метео вести

Поради прилив на поладен воздух од север на висина, денес (петок 27 јуни) во попладневните и во вечерните часови во нашата Република Македонија атмосферата значително ќе се дестабилизира. Ќе се создаваат влажни фронтални бранови кои на повеќе места ќе условат развој на грмотевични конвективни облачни јадра од кои очекувам појава на поројни врнежи од дожд, грмежи и силен ветер (над 70 км/час).
Многу поголема нестабилност очекувам во северните, централните , источните и во југоисточните предели од нашата Македонија, па токму во овие предели локално очекувам појава и на бурно невреме проследено со обилен пороен дожд кој може да услови локални поројни поплавувања, олуен ветер, силни и чести електрични празнења, како и со појава на крупен град. Токму поради ова на граѓаните ги советувам да обратат голема внимателност.
И во делови од Скопскиот регион, денес (петок 27 јуни) во попладневните и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, силен ветер (над 70 км/час) и со појава на грмежи. Можна е и појава на силно невреме.
Што се однесува до температурите тие повторно насекаде ќе бидат над 30 степени, на повеќе места тие ќе се искачат и до околу, па и над 35 степени, додека во Повардарието тие ќе достигнат до 40 степени. Меѓутоа, доцна попладне и навечер температурите ќе опаѓаат, со што од север ќе започне да ни се спушта посвежа воздушна маса, вели Славчо Попоски
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за среда (2 јули)
-
Хороскоп13 часа
Хороскоп за четврток (3 јуни)
-
Магазин2 дена
(ВИДЕО) Хитот од Спасен Сиљаноски „Ќе ти дојдам вечер“ популарна и помеѓу најмладите генерации
-
Македонија2 дена
(ФОТО) СВР Охрид и „РЦ Запад“ подготвени за туристичката сезона и безбедноста на граѓаните и туристите
-
Автомобили23 часа
Најдобрите и најлошите автомобили за 2025 според корисниците
-
Автомобили23 часа
Дали би направиле место за резервно тркало?
-
Магазин23 часа
Експертите ја откриваат вистината за навиките што влијаат на траењето на батеријата на мобилниот телефон