Спорт
Вејн Руни за да се справи со притисокот на славата на почеток од кариерата неконтролирано пиел алкохол
Поранешниот капитен на Англија, Вејн Руни изјави дека пиел претерано на почетокот на кариерата за да се справи со притисокот на славата. Говорејќи на подкастот на поранешната рагби ѕвезда и активист за болести на моторните неврони Роб Бароу, тренерот на Бирмингем отворено зборуваше за тешкотиите со кои се соочувал во текот на неговата кариера во изнаоѓање начини да се справи со притисоците на славата како млад.
Како 16-годишен Руни влезе во првиот тим на Евертон, една година подоцна стана и репрезентативец, а на 20-годишна возраст се пресели во Манчестер Јунајтед. Тој рече дека сиот тој успех има цена.
– „Моето ослободување во раните дваесетти беше алкохол. Ќе си одев дома, ќе поминев неколку дена дома, не ќе излезев. Би пиел додека за малку не се онесвестив. Не сакав да бидам покрај луѓе, бидејќи понекогаш се срамев. Понекогаш се чувствувате како да сте ги разочарале луѓето, не знаев како поинаку да се справам со тоа“, изјави Руни, пренесе Скај. Кога не прифаќате помош, може да бидете на навистина лошо место, а јас бев таму неколку години. За среќа, сега не се плашам да разговарам со луѓето за проблемите“, додаде Руни, пренесува Бета.
Руни е најдобар стрелец во историјата на Манчестер Јунајтед со 253 гола, кои ги постигна на 559 натпревари и до неодамна беше најдобар стрелец на репрезентацијата на Англија со 53 гола.
Тој освои пет шампионски титули со Јунајтед, Лигата на шампионите, Лигата на Европа, ФА Купот, три Лига купа, четири Комјунити Шилдс и Светското клупско првенство.
/politika.rs
Спорт
Утре во Кичево, „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“ во третата македонска фудбалска лига запад во претпоследното коло од есенскиот дел
Утре сабота (22.11) со почеток од 13:00ч на градскиот стадион во Кичево, домашната екипа на „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“. За домаќините овој ќе биде исклучително важен натпревар во претпоследното коло од есенскиот во третата македонска фудбалска лига запад.
– Очекувам одличен натпревар, екипата на „ФК Џепчиште“ има одличен тим, но се надевам дека ова нашите момчиња ќе прикажат една квалитетна игра со тоа што мислам дека ќе извојуваме победа, важна за нас пред крајот на есенскиот дел. Оваа прилика ја користам, да ги повикам сите љубители на фудбалот да дојдат и да уживаат на градскиот стадион, за Порта.мк истакна првиот човек на тимот Бобан Дујковиќ
Спорт
Данска првиот предизвик за „рисовите“ во март, за пласман на големиот мундијал во САД, Мексико и Канада
Спорт
Македонија во четврток го дознава новиот ривал, по катастрофалниот пораз тргнуваме по потешкиот пат за мундијалот! Глава горе момци!
Македонската фудбалска репрезентација го запиша својот прв и единствен пораз во квалификациите за Светското првенство. Националниот тим беше целосно надвор од ритам и убедливо беше совладан на „Кардиф Сити стадиум“ со 7-1 (3-1). И покрај високата загуба, Македонија и натаму остануваат во игра и во март 2026 година ќе настапат во баражот за пласман на Мундијалот.
Играч на мечот беше дефинитивно капитенот на Велс, 28-годишниот Хари Вилсон, играчот на Фулам кој запиша 3 погодоци на овој меч.
Нема очај, од овој меч треба само да се извлече поука. Одиме напред до остварување на сонот, но овој пат по потешкиот пат. Токму поради тоа, веќе во четврток го дознаваме ривалот во првиот бараж, кој ќе се игра во март и за кој се знае дека нашиот национален тим ќе гостува или не.
Стадион во Кардиф. Гледачи: 33.000. Судија: Дани Макели. Стрелци: Вилсон 18′ пен., 75′, 81′ пен., Брукс 21′, Џонсон 37′, Џејмс 57′, Бродхед 88′ (Велс), Миовски 23′ (Македонија). Ж. картони: Ашковски, Димитриевски (Македонија).
Велс: Дарлоу, Вилијамс (82′ Кпакио), Лоуер, Родон (82′ Мефам), Дасилва, Шихан, Вилсон, Џејмс (64′ Томас), Кулен (85′ Дејвис), Брукс (64′ Броудхед), Џонсон.
Македонија: Димитриевски, Илиевски, Стојчевски (55′ Ќамили), Велковски, Зајков, Ашковски, Барди, Костадинов (55′ Чурлинов), Алими (64′ Атанасов), Елмас, Миовски (64′ Растодер).
Напред „рисови“, напред Македонија!
