Следете не

Спорт

„Атлетико Мадрид“ го совлада „Селтик“ со високи 6:0, прв пат од 1992 година да постигне шест гола во Европа, „Манчестер“ рутински против „Јанг Бојс“

Објавено пред

на

ФОТО: Atletico de Madrid

За пласман во осминафиналето од Лигата на шампионите веќе се изборија европскиот шампион Манчестер Сити, кој на домашен терен рутински го совлада Јанг Бојс (3:0) и Лајпциг. Најгласната победа на вечерашните натпревари ја оствари Атлетико Мадрид кој на својот стадион го совлада Селтик со 6:0. Тоа е прв пат од 1992 година да постигне шест гола во Европа.

Ова се резултатите:

Е ГРУПА
Атлетико – Селтик 6:0 (2:0)

Лацио – Феенорд 1:0 (1:0)

Табела: Атлетико 8. Лацио 7, Феенорд 6, Селтик 1.

Ф ГРУПА
Борусија (Д) – Њукасл 2:0 (1:0)

Милан – Пари Сен Жермен 2:1 (1:1)

Табела: Борусија (Д) 7, Пари Сен Жермен 6, Милан 5, Њукасл 4.

ГРУПА ГРУПА
Ц. звезда – Лајпциг 1:2 (0:1)

Манчестер Сити – Јанг Бојс 3:0 (2:0)

Табела: Манчестер Сити 12, Лајпциг 9, Ц. звезда 1, Јанг Бојс 1.

ГРУПА Д
Шахтјор – Барселона 1:0 (1:0)

Порто – Антверпен 2:0 (1:0)

Табела: Барселона 9, Порто 9, Шахтјор 6, Антверпен без бодови.

Спорт

Флик останува во Барса до 2027 година

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com / Ken Russo

Официјално Барселона потврди, Флик останува до 2027-ма година! Имено, продолжувањето на договорот на Ханси Флик е јасен показател дека клубот верува во неговата визија и работа. Освојувањето на три титули во првата сезона — Суперкупот, Копа дел Реј и Ла Лига — е извонредно постигнување и ретко се гледа тренер толку брзо да ја добие довербата на играчите, управата и навивачите.

Фактот што договорот бил постигнат без големи пречки, но сепак објавен по крајот на сезоната, покажува професионалност и фокус од страна на Флик. Тоа е стил на лидер кој не сака личните работи да го засенат тимскиот успех.

Ќе биде интересно да се види како ќе продолжи неговата приказна со Барселона во наредните сезони — особено со оглед на тоа што клубот се обидува да направи долгорочен проект со јасна фудбалска визија.

Прочитај повеќе...

Спорт

ФФМ и МВР потпишаа Меморандум за унапредување на безбедноста на фудбалски настани и заштита на интегритетот

Објавено пред

на

ФОТО: ФФМ / ffm.mk

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и Министерството за внатрешни работи (МВР) потпишаа Меморандум за соработка со кој се зајакнува партнерството меѓу двете институции во насока на зајакнување на сигурноста, безбедноста и интегритетот на фудбалските натпревари.

Целта на овој Меморандум е ефективна координација и размена на информации,унапредување на безбедносните протоколи, спречување на насилство и недолично однесување и поттикнување на позитивна спортска култура меѓу навивачите.

Во рамките на соработката ќе се реализираат заеднички безбедносни планови и протоколи за натпревари, редовни координации меѓу службите на МВР и ФФМ, обуки за службени лица и редарски служби, едукативни кампањи за промоција на спортски дух и воведување технолошки решенија за следење и навремена реакција при инциденти.

Со оваа иницијатива, Министерството и Федерацијата испраќаат силна порака дека фудбалот треба да биде простор на почит и фер натпреварување, ослободен од негативни појави, истакна ФФМ. Во продолжение повеќе ќе прочитате на нивниот официјален натпис ТУКА

Прочитај повеќе...

Спорт

Македонската репрезентација во фудбал до 18 години, ќе одигра два контролни натпревари со Словенија во гости

Објавено пред

на

©porta.mk

Репрезентацијата на Македонија до 18 години кон крајот на мај ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Словенија. Контролните средби ќе бидат одиграни во градот Птуј, во Словенија. Првата контролна пресметка на програмата е на 27. мај со почеток во 17. часот, истакна Фудбалската федерација на Македонија.

Два дена подоцна се игра вториот контролен натпревар во 11. часот.

Селекторот на репрезентацијата на Македонија до 18 години, Ерхан Селими за претстојните контролни натпревари со Словенија се одлучи да ги повика следните фудбалери:

ГОЛМАНИ:

Давид Илоски   А.П. Брера

Онур Бешир   Шкендија

ОДБРАНА:

Златко Радески   Вардар

Абдулах Аслани   Лунгби   Данска

Горазд Ристовски   Црвена Звезда Србија

Давид Стојаноски   Браво, Словенија

Лука Атанасовски   Беласица

Андреј Мурџески   Вардар

Назиф Цека   Шкендија

Емир Шаботиќ   Вардар

СРЕДЕН РЕД:

Каменчо Андоновски   А.П. Брера

Кренар Хоти   Работнички

Марко Киш   Њу Старс

Ариф Локи   ХБ Коге Данска

Мерт Адеми   Аален Германија

Семир Исљами   Сион, Швајцарија

Бојан Затуроски   Охрид Лихнидос

Адмир Љатифи   Беса

Аритон Мехмед   Шкупи

НАПАД:

Игор Ристов   А.П. Брера

Хисар Али   Беса

Димитар Шаркоски   Победа

Поради повреда на списокот не се најдоа Стефан Младеновски и Луан Реџепи.

Извор: ФФМ

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Без категорија1 час

5 уреди што трошат струја дури и кога не ги користите

Иако може да изгледа безопасно да оставите полначот од мобилниот телефон во приклучокот, постои уште една причина зошто треба да...

Lifestyle1 час

Како да откриете дали јаболката се прскани и како безбедно да ги исчистите

Јаболката се едно од најчесто консумираните овошја, но кога се купуваат од продавници, често доаѓаат со сјаен слој кој може...

На денешен ден6 часа

Времеплов: На денешен ден (22 мај)

На денешен ден 22 мај, хронолошки подредени значајни настани што се случиле низ различни години и делови на светот. Еве...

Хороскоп13 часа

Хороскоп за четврток (22 мај)

Овен На работа, и покрај лошите аспекти успевате работите да ги завршите на време. Не очајувајте, доаѓаат подобри времиња. Денес,...

Спорт15 часа

Флик останува во Барса до 2027 година

Официјално Барселона потврди, Флик останува до 2027-ма година! Имено, продолжувањето на договорот на Ханси Флик е јасен показател дека клубот...

Временска прогноза16 часа

Попоски истакна дека најмалку до првата седмица од јуни месец ќе имаме слично време, можеби и со пониски температури

Најновиот излез на прогностичките материјали истакнува најмалку до 6 јуни на повидок нема да има никакви температурни покачувања на воздухот....

Технологија17 часа

AMD го претставува „Radeon RX 9060 XT“

AMD, како што вети пред неколку недели, објави неколку важни гејмерски производи за време на својата воведна презентација на Computex...

Македонија20 часа

Приведен измамник: Преку фејсбук страница продавал наводно благословени предмети

На 20.05.2025 во СВР Струмица, претставник на МПЦ – OA – Струмичка Eпископија пријави дека од почетокот на 2025 до...

Спорт22 часа

ФФМ и МВР потпишаа Меморандум за унапредување на безбедноста на фудбалски настани и заштита на интегритетот

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и Министерството за внатрешни работи (МВР) потпишаа Меморандум за соработка со кој се зајакнува партнерството...

Кичево23 часа

(ФОТО) Денес во кичевската касарна „Чеде Филипоски – Даме“ – со свеченост беше реализиран 21-ви Мај – „Денот на единицата“

Денес во касарната „Чеде Филипоски – Даме“ – Кичево со воена свеченост припадниците од 1. пешадиски баталјон (1.пб), од 1...

НАЈЧИТАНИ