Спорт
Македонските надежи во фудбал до 16 години одиграа нерешено со Црна Гора во рамките на првиот контролен меч
Младата репрезентација на Македонија до 16 години одигра нерешено 3:3 против соодветната селекцијата на Црна Гора во рамките на првиот контролен натпревар помеѓу овие две селекции.
Македонија и Црна Гора одиграа извонреден меч со високо темпо и отворена игра во текот на сите 90. минута. Контролен дуел во кој нашата селекција беше подобриот противник во поголемиот дел од средбата, но на крајот и покрај добрата игра не успеавме да забележиме победа.
Противникот одлично го започна натпреварот и рано успеа да дојде до предност. Стрелец на водечкиот погодок беше Павичевиќ во 3. минута од средбата. Нашите млади фудбалери брзо ги консолидираа своите фудбалери и одлично реагираа по примениот погодок, успевајќи да го израмнат резултатот цо 8. минута. Стрелец на изедначувачкиот погодок беше Бранковски во 8. минута. Комплетен пресврт Македонија направи во 28. минута, кога Грашески одлично се снајде и успеа да погоди за водство од 2:1.
Во продолжението од средбата, Македонија продолжи со добрата игра и тоа резултираше со нов погодок. Во 67. минута Грашевски, го постигнува својот втор гол на денешната средба и ја зголемува предноста на Македонија на 3:1. Во 78. минута, Јовановиќ ја намалува предноста на 3:2. Две минути подоцна, Фабрис постигнува нов погодок за Црна Гора и ги поставува конечните 3:3.
Спорт
Утре во Кичево, „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“ во третата македонска фудбалска лига запад во претпоследното коло од есенскиот дел
Утре сабота (22.11) со почеток од 13:00ч на градскиот стадион во Кичево, домашната екипа на „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“. За домаќините овој ќе биде исклучително важен натпревар во претпоследното коло од есенскиот во третата македонска фудбалска лига запад.
– Очекувам одличен натпревар, екипата на „ФК Џепчиште“ има одличен тим, но се надевам дека ова нашите момчиња ќе прикажат една квалитетна игра со тоа што мислам дека ќе извојуваме победа, важна за нас пред крајот на есенскиот дел. Оваа прилика ја користам, да ги повикам сите љубители на фудбалот да дојдат и да уживаат на градскиот стадион, за Порта.мк истакна првиот човек на тимот Бобан Дујковиќ
Спорт
Данска првиот предизвик за „рисовите“ во март, за пласман на големиот мундијал во САД, Мексико и Канада
Спорт
Македонија во четврток го дознава новиот ривал, по катастрофалниот пораз тргнуваме по потешкиот пат за мундијалот! Глава горе момци!
Македонската фудбалска репрезентација го запиша својот прв и единствен пораз во квалификациите за Светското првенство. Националниот тим беше целосно надвор од ритам и убедливо беше совладан на „Кардиф Сити стадиум“ со 7-1 (3-1). И покрај високата загуба, Македонија и натаму остануваат во игра и во март 2026 година ќе настапат во баражот за пласман на Мундијалот.
Играч на мечот беше дефинитивно капитенот на Велс, 28-годишниот Хари Вилсон, играчот на Фулам кој запиша 3 погодоци на овој меч.
Нема очај, од овој меч треба само да се извлече поука. Одиме напред до остварување на сонот, но овој пат по потешкиот пат. Токму поради тоа, веќе во четврток го дознаваме ривалот во првиот бараж, кој ќе се игра во март и за кој се знае дека нашиот национален тим ќе гостува или не.
Стадион во Кардиф. Гледачи: 33.000. Судија: Дани Макели. Стрелци: Вилсон 18′ пен., 75′, 81′ пен., Брукс 21′, Џонсон 37′, Џејмс 57′, Бродхед 88′ (Велс), Миовски 23′ (Македонија). Ж. картони: Ашковски, Димитриевски (Македонија).
Велс: Дарлоу, Вилијамс (82′ Кпакио), Лоуер, Родон (82′ Мефам), Дасилва, Шихан, Вилсон, Џејмс (64′ Томас), Кулен (85′ Дејвис), Брукс (64′ Броудхед), Џонсон.
Македонија: Димитриевски, Илиевски, Стојчевски (55′ Ќамили), Велковски, Зајков, Ашковски, Барди, Костадинов (55′ Чурлинов), Алими (64′ Атанасов), Елмас, Миовски (64′ Растодер).
Напред „рисови“, напред Македонија!
-
Кичево2 денаЦУК со известување за изминатото деноноќие, во Кичево побарана била општинска интервенција во делот на ул. „Прилепска“
-
Хороскоп2 денаХороскоп за четврток (20 ноември)
-
Хороскоп23 часаХороскоп за петок (21 ноември)
-
Без категорија22 часаЖолта предупредувачка фаза поради најавените обилни врнежи од дожд и силниот ветер, локално процесите ќе бидат во форма на невреме
-
Македонија1 денДржавниот пазарен инспекторат изврши инспекциски надзори во пет градови, затекнати биле низа неправилности кај 16 правни субјекти кои продавале тутунски производи
-
На денешен ден2 денаСветот на денешен ден (20 ноември)
-
Култура22 часаДенес се празнува Св.Архангел Михаил, домаќини нека Ви е на помош празникот на војводата на сите ангели!
-
Спорт1 денДанска првиот предизвик за „рисовите“ во март, за пласман на големиот мундијал во САД, Мексико и Канада
