Временска прогноза
До четврток делумно стабилно време, викендот пред нас нов бран на пороен дожд и грмежи, проследен со снег на планините до 2000 м.н.в.
Под влијание на серија на влажни и постудени воздушни маси од северозапад, во текот на новата седмица која што ни следува во Македонија ќе имаме многу променливо време. Првиот и вториот ден од новата работна седмица (понеделник и вторник) ни носат постабилно и релативно суво време. Веќе нови врнежи од дожд, локално и обилни ќе имаме во среда попладне и во вечерните часови.
Потоа во четврток повторно ќе имаме краткотрајна стабилизација на времето, а веќе во петок, како и за време на викендот ќе имаме нови врнежи од дожд, локално повторно тие ќе бидат обилни. За време на овие влажни бранови, локално не се исклучува можноста и за појава на нестабилност, проследена со пороен дожд и грмежи.
Повремено ќе дува засилен ветер од северен правец, особено во среда попладне и навечер, и повторно во петок, како и за време на викендот кога ќе бидеме под влијание на постуден воздушен бран од север.
- Мора да напоменеме дека на високите планини (околу и над 2000 м.н.в ќе има врнежи од снег). Повремено снежната граница ќе се спушта и на планините од под 2000 метри.
Во Скопје и околината ќе имаме слично време.
Наутро температурите речиси насекаде ќе се спуштаат под 10 степени, а понекаде и поид 5 степени, додека во Малешевијата, како и на високите места и на планините тие повремено ќе се спуштаат и за некој степен под нулата.
Првиот мраз за оваа сезона во Македонија и тоа на повеќе места го очекуваме за време на следниот викенд, како и во текот на следната седмица по него, вели Славчо Попоски.
Временска прогноза
Од утре доаѓа бура од дождови во западниот регион од Македонија
Под влијание на циклонска активност со центар над Џенова, денот (недела 26 октомври) ни носи променливо време со локални врнежи од дожд и со засилен, повремено силен ветер од јужен и од југозападен правец. Особено обилни врнежи ќе има во западните предели и тоа особено во текот на ноќта кон понеделник кога ветерот повремено и локално ќе достигнува брзина дури до 90 км/час. Овие процеси особено во западните предели ќе бидат застапени во форма на силно невреме.
Особено во западните предели локално ќе наврне значително количество на воден талог (над 30 литри на метар квадратен дожд). Ќе има услови и за појава на грмежи во западните предели од нашата Македонија. И во Скопје и околината за време на оваа циклонска активност ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен и од југозападен правец а ќе има и повремени врнежи од дожд.
Што се однесува до температурите тие остануваат да бидат над просекот за овој период од годината и тие ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22 степени а во Скопје температурата ќе се искачува до околу 19 степени.
Поради очекуваниот силен и бурен ветер апелирам граѓаните навремено да ги заштитат своите автомобили, односно истите да ги ставаат подалеку од старите и осамени дрвја, известува Славчо Попоски
Временска прогноза
Периодот пред нас со нови врнежи деновиве и силен ветер до 70 км/час
Длабок циклонски систем со центар над централна и над северозападна Европа и истиот од северозапад ќе се преместува кон северните и североисточните предели на Европа кај нас ќе услови да имаме многу ветровито време и да бидеме во топлиот дел од овој длабок циклонски систем кој ќе придонесе за натпросечно високи температури на воздухот. Сето ова ќе услови во следните денови кај нас да дува засилен, повремено силен ветер од јужен и од југозападен правец (повремено и локално со брзина до околу 70 км/час). И во Скопје и околината следува многу ветровито време со засилен, повремено силен ветер претежно од југозападен правец.
Времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат поројни и проследени со локална појава на грмежи. И во Скопје и околината ќе има повремен локален дожд кој повремено во делови од котлината ќе биде пороен и со услови за појава на грмежи.
Се на се како што најавив пред нас е многу ветровито време па токму поради ова ве советувам да ги заштитите своите автомобили во случај на појава на силен ветер, односно истите да не ги ставате во близина на дрвјата, особено оние дрвја кои се стари и се осамени. Температурите во деновите пред нас на многу места ќе се искачат до околу 20 степени а на повеќето места тие ќе надминат и 20 степени. Во Скопје и околината исто така во деновите пред нас температурата ќе надмине 20 степени, информира Славчо Попоски
Временска прогноза
Пред нас период на суво време и значително топло
Во почетокот од новата работна недела, односно во понеделник и во вторник (20/21 октомври) времето во Македонија ќе биде стабилно, суво и сончево а во вторник полека облачноста од запад ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец.
И во Скопје и околината времето ќе биде стабилно и суво со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Во среда (22 октомври) ќе имаме и повремени локални врнежи од дожд.
Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 18 степени, во Скопје и околината максимумот на температурата ќе се искачува до околу 16 степени. Тоа значи дека температурите и понатаму ќе бидат под просекот за овој период од годината, информира Славчо Попоски
-
Кичево1 денУтре во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево, се организира „Хуманитарен концерт“ на здружение на родители на деца со пречки во развој, да бидеме хумани!
-
Кичево4 часаВчера во кичевското с.Староец затекнат бил крушевчанец на криволов
-
Хороскоп2 денаХороскоп за петок (24 октомври)
-
Хороскоп19 часаХороскоп за сабота (25 октомври)
-
Македонија21 часВисоки претставници на МВР денес беа во работна посета на ГП Блато и ОВР Дебар
-
Македонија1 денВо недела наутро започнува зимското сметање на време, со тоа што стрелките се враќаат еден час поназад
-
Македонија1 денАМСМ: Поради излетано тешко товарно возило, патот Скопје-Куманово кај Хиподром (обиколница) е во прекин
-
Мобилни уреди1 ден„Samsung Galaxy S26 Ultra“, се очекува да биде презентиран кон почеток на јануари идната година, супер моќен и елегантен мобилен телефон
