Следете не

Временска прогноза

Иако е време, сега во целост може да кажеме толку со сончевите денови, следува дожд, додека следниот викенд и снег

Објавено пред

на

Под влијание на нов влажен бран од запад, во следните часови од запад ќе започнат нови врнежи од дожд и истите ќе се прошират речиси насекаде. Локално врнежите ќе бидат обилни (над 25 л/м2). Повремено врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег само на планините со надморска височина од над 2000 метри.

И во Скопје  и околината се очекуваат нови врнежи од дожд.

Потоа од понеделник попладне и во вторник ќе има краткотрајна стабилизација на времето, а нов влажен бран од северозапад Македонија ќе ја зафати во среда попладне и тој ќе донесе нови врнежи од дожд и засилен ветер од северен правец. Повторно на високите планини се очекуваат врнежи од снег, а температурата ќе бележи тенденција на опаѓање, и тоа поради продор на постуден воздушен бран од север.

Нумеричките модели и понатаму цртаа големо заладување на времето ширум регионот и кај нас за време на следниот викенд, кога освен на планините и на повисоките места, снег ќе има понекаде  и во градовите во регионот. На планините тогаш ќе се формира првата позначителна снежна покривка, што е најава за значително поснежна зима со повремени продори на поларни воздушни маси од Арктикот. Како што наведовме во сезонската прогноза за претстојната зима 2023/2024, очекуваме и се посилни и побројни временски непогоди.

Температурите во следните неколку денови остануваат без поголеми промени, и максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 18 степени. Наутро пак ќе биде релативно студено со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 10 степени, за нашиот медиум пишува Славчо Попоски

Временска прогноза

Студеното време зема интензитет, од четврток најава за нови снежни врнежи и на пониските места

Објавено пред

на

Во Македонија во следните денови ќе имаме многу променливо и значително постудено време. Ќе бидеме и под влијание на влажен воздушен бран од запад и од југозапад и истиот ќе условува повремени локални врнежи од дожд на пониските места (градовите), додека на планините над 1500 метри надморска височина врнежите ќе бидат од снег.

Поради понатамошно спуштање на студена воздушна маса од север, во четврток попладне и во вечерните часови врнежи од снег ќе има и на местата со надморска височина од под 1000 метри, особено во западните и во северните предели од државава. Тогаш ќе дојде до формирање на нова снежна покривка на планините и на повисоките места, а мала снежна покривка можно е да се формира понекаде и на местата со надморска височина од под 1000 метри.

Во четврток попладне и навечер ќе дува засилен ветер од северен и од северозападен правец, особено Долж Повардарието.

Во Скопје и околината ќе имаме слично време, односно значително постудено со локален дожд, а на околните планини особено во четврток попладне и навечер ќе има врнежи од снег. Тогаш можно е провејување на снег и во повисоките предели од котлината, кога ќе дува и засилен ветер од северен правец.

Што се однесува до температурите, тие наутро ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 6 степени, а од петок тие на повеќе места ќе се спуштаат под нулата. Максималните дневни температури на воздухот пак ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 10 степени, вели Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Попоски: Променливо, постудено со дожд и снег, детали за времето во следната седмица

Објавено пред

на

Во новата седмица која што ни претстои во Македонија ќе имаме многу промелниво и постудено време за разлика од сега, и тоа поради продорот на постудена воздушна маса од север. Ќе има и повремени локални врнежи од дожд, особено од вторник па во деновите потоа.

На планините над 1600 –  1700 метри надморска височина врнежите ќе бидат од снег, а ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец, и истиот повремено ќе засилува на интензитет.

Особено од средината на седмицата снежната граница ќе се спушта, со што провејување на снег би можело да има и на повисоките населени места низ државава. 

Врнежите кои се очекуваат ќе бидат со слаб до умерен, понекаде и со умерен интензитет.

Температурите позначително ќе се намалат, и наутро тие на повеќе места ќе се спуштаат до околу нулата, а локално и под нулата. Максималните дневни температури на воздухот исто така ќе бидат значително пониски за разлика од сегашните и ќе се искачуваат во интервалот само од 3 до 10 степени.

Во Скопје исто така очекуваме локален дожд во новата седмица и значително постудено време.

На околните планини повремено ќе има услови за провејување на снег, наутро температурата ќе се спушта во интервалот од -2 до 3 степени, а максималната дневна ќе се искачува во интервалот помеѓу 8 и 9 степени, за Порта пишува нашиот метеоролог и еден од најдобрите во Македонија, Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Краткотрајно топло време, но голема разлика во температури, проследете ја најновата метео анализа

Објавено пред

на

Во следниот период, односно до самиот крај на оваа седмица Балканот го очекува голем температурен шок (огромна разлика на температурите за многу кратко време). Најпрво следува големо затоплување на времето, како и продор на топла воздушна маса од југ, а многу набрзо и голем продор на поларниот вртлог од север.

На први декември, кога почнува климатолошката зима ќе имаме вистински пролетен ден, со пролетни температури на воздухот, иако ветерот од јужен правец нема да ни фали. Односно ќе дува засилен ветер од јужен правец.

Најтопло ќе биде во Босна и Херцеговина, Хрватска, како и во соседна Србија и таму понекаде температурите ќе се искачат дури до 22 степени.

Кај нас во Македонија во петок и во сабота во најтоплите централни и југоисточни предели температурата локално ќе се искачи и до 18 степени. Натпросечно високи и позитивни ќе бидат и минималните утрински температури на воздухот.

Како што претходно најавивме, ова затоплување нема да трае многу долго.

Веќе од недела на Балканот пристигнува нов голем продор на поларниоит вртлог од север, во регионот барем според моменталните анализи се очекуваат нови врнежи од снег, како и нова снежна покривка. Кај нас врнежи ќе има во недела и тие ќе бидат од дожд на пониските места, како и од снег на планинските места и на Скијачките центри.

Од недела теммпературите значително ќе се намалат и ветерот од јужен, ќе се промени во северен правец.

Температурната разлика ќе биде огромна, се очекува температурна разлика дури и за повеќе од 20 степени за многу кратко време. Во земјите од регионот, температурите од недела наутро понекаде ќе се спуштат дури и под -10 степени, а минусни температури понекаде ќе има и преку ден.

Кај нас овој продор на поларниот вртлог барем одсега гледано, нема премногу да се почувствува и температурите на воздухот ќе останат позитивни, освен на високите планини каде тие ќе бидат под нулата.

  • Поради наглите големи температурни промени кои се очекуваат во следниот период, кај метеопатите се можни поголеми здравствени проблеми.

За Порта пишува Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија2 часа

(ФОТО+ВИДЕО) МВР на прес соопшти дека лицето за кое беше поднесена „црвена потерница“ е уапсено во Турција, наскоро ќе биде екстрадирано во Македонија

На вечерашнава прес конференција министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски соопшти дека на територија на пријателска Турција е пронајден и...

Хороскоп3 часа

Хороскоп за среда (6 декември)

ОВЕН Размислувате да воведете некои инавации во работата. Подготвени сте да се посветите на новите проекти. Можно е да не...

Македонија6 часа

МВР ги подбра возилата кои движат без атест на фолии

Во периодот од 01.11.2023 до 30.11.2023  Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање...

Автомобили13 часа

Кои десет работи не треба да ги чувате во автомобилот во зима

Зимата пристигна речиси во сите делови на земјава и многу граѓани наутро се будат во минусни температури. Познато е дека...

Магазин13 часа

Amazon има свој генератор на слики со вештачка интелигенција

Amazon скокна на истиот бенд на кој скокнаа многу големи технолошки компании оваа година, дебитирајќи свој сопствен генератор на слики....

Магазин14 часа

Apple го прекина партнерството со Goldman Sachs

Apple и Goldman Sachs потенцијално го завршуваат своето партнерство четири години откако ги здружија силите за кредитната картичка на Apple,...

Гејминг14 часа

Трејлерот за GTA VI е тука и официјално не враќа во Vice City, но не пред 2025 година.

Rockstar Games конечно го објави официјалниот трејлер за GTA VI кој не враќа во поставката Vice City, овој пат со...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за вторник (5 декември)

ОВЕН Околу Овенот ќе владее мир и ќе донесе хармонија во вашиот дом. Можеби се расправате со член на семејството...

Спорт1 ден

UEFA ја одби жалбата на Партизан, сепак ќе игра без публика поради однесувањето на публиката на мечот против Нордсјеланд

Дисциплинската комисија на УЕФА соопшти дека е одбиена жалбата на фудбалскиот клуб Партизан за казната што му беше изречена на...

Временска прогноза1 ден

Студеното време зема интензитет, од четврток најава за нови снежни врнежи и на пониските места

Во Македонија во следните денови ќе имаме многу променливо и значително постудено време. Ќе бидеме и под влијание на влажен воздушен...

НАЈЧИТАНИ