Временска прогноза
До четврток делумно стабилно време, викендот пред нас нов бран на пороен дожд и грмежи, проследен со снег на планините до 2000 м.н.в.

Под влијание на серија на влажни и постудени воздушни маси од северозапад, во текот на новата седмица која што ни следува во Македонија ќе имаме многу променливо време. Првиот и вториот ден од новата работна седмица (понеделник и вторник) ни носат постабилно и релативно суво време. Веќе нови врнежи од дожд, локално и обилни ќе имаме во среда попладне и во вечерните часови.
Потоа во четврток повторно ќе имаме краткотрајна стабилизација на времето, а веќе во петок, како и за време на викендот ќе имаме нови врнежи од дожд, локално повторно тие ќе бидат обилни. За време на овие влажни бранови, локално не се исклучува можноста и за појава на нестабилност, проследена со пороен дожд и грмежи.
Повремено ќе дува засилен ветер од северен правец, особено во среда попладне и навечер, и повторно во петок, како и за време на викендот кога ќе бидеме под влијание на постуден воздушен бран од север.
- Мора да напоменеме дека на високите планини (околу и над 2000 м.н.в ќе има врнежи од снег). Повремено снежната граница ќе се спушта и на планините од под 2000 метри.
Во Скопје и околината ќе имаме слично време.
Наутро температурите речиси насекаде ќе се спуштаат под 10 степени, а понекаде и поид 5 степени, додека во Малешевијата, како и на високите места и на планините тие повремено ќе се спуштаат и за некој степен под нулата.
Првиот мраз за оваа сезона во Македонија и тоа на повеќе места го очекуваме за време на следниот викенд, како и во текот на следната седмица по него, вели Славчо Попоски.
Временска прогноза
Времето за најголемиот христијански празник „Велигден“ ќе биде стабилно и сончево

За време на најголемиот Христијански празник (Воскресение Христово, Велигден) ќе имаме стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
И во Скопје за Велигден времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Што се однесува до температурите, тие ќе бидат рано летни, и тоа поради влијанието на топлата воздушна маса од југ. Максималните дневни температури за време на овој најголем Христијански празник ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 29 степени.
Во Скопје и околината максималната дневна температура на воздухот ќе се искачи до околу 27 степени.
Убавото време за Велигден искористете го максимално, и уживајте во празничниот сончев и топол викенд кој ни доаѓа, истакна Славчо Попоски
Временска прогноза
Според најновото метео ажурирање следува доста нестабилно време, ова се информациите

Во текот на оваа работна седмица во Македонија следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд, повремено и локално поројни и проследени со грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.
И во Скопје и околината следува период на променливо бреме со услови за појава на повремен локален дожд, повремено пороен и со услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.
Сето ова е поради влијанието на циклонската активност (поле со низок возушен притисок) со потекло од западна Европа, а потоа и над Џеновскиот Залив.
Сепак, и покрај ова останува топло времето, односно со пролетни температури на воздухот кои преку ден на многу места ќе се искачуваат до близу, или околу 20 степени.
На повеќе места тие ќе надминуваат и 20 степени, а во Повардарието и во југоисточните предели тие повремено ќе се искачуваат и до околу 25 степени, а повремено истите би можеле да надминуваат и 25 степени.
Во Скопје и околината во текот на оваа работна седмица останува пролетно топло со температура која ќе надминува 20 степени.
Да напоменам дека поради изразеното јужно воздушено струење, оваа работна седмица од Сахара кон нашата Република Македонија ќе се врши транспорт на прашина и песок, па така и Атмосферата ќе биде позаматена, а времето ќе биде помачно и поспарно, вели Славчо Попоски
Временска прогноза
Од следната седмица конечно пораст на температурите, но во некои региони нестабилното време проследено со дожд и ретки грмежи ќе продолжи

Во текот на следната седмица, нашата територија ќе се наоѓа под влијание на топла воздушна маса од југ и истата ќе услови релативно високи пролетни температури на воздухот, и тие речиси насекаде ќе надминуваат 15 степени, понекаде тие ќе се искачат и до околу 20 степени, додека во Повардарието и во југоисточните предели тие очекувам да се искачат до околу 25 степени.
И во Скопскиот регион во текот на следната седмица ќе имаме значително потопло време со температура која ќе надминува 20 степени. Повремено ќе засилува и ветерот од јужен и од југоисточен правец, како во Скопје и околината, така и во останатите предели од нашата Македонија.
Сепак времето ќе биде променливо облачно и не во целост стабилно, па така повремено и локално ќе има врнежи од дожд кои локално би можеле да бидат поројни и проследени со ретки грмежи. Во текот на следната седмица услови за повремен локален дожд ќе има и во Скопскиот регион, пишува Славчо Попоски
-
Хороскоп19 часа
Хороскоп за четврток (17 април)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за среда (16 април)
-
Магазин1 ден
Спасен, Мето и Престиж Бенд концертот во Сиднеј ќе го донираат за настраданите во Кочани
-
Скопје2 дена
Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради мечот на Националната арена „Тодор Проески“
-
Временска прогноза2 дена
Времето за најголемиот христијански празник „Велигден“ ќе биде стабилно и сончево
-
Македонија1 ден
Штипјанец се здоби со тешки телесни повреди, во него удрило пмв „форд фиеста“ управувано од виничанец
-
Кичево4 часа
Св.Петар и Павле – Кичево, распоред на богослужби за Страсната и Светлата седмица (Велигден)
-
Македонија1 ден
МВР: Лишен од слобода косовски државјанин поради давање поткуп