Кичево
„ПМ10“ што знаеме? Од денес на „Порта“ повторно активен графичкиот приказ за квалитет на воздух застапен во град Кичево во било кое време

Овој период од годината секогаш загаденоста преовладува, а таа промена речиси и да нема човек кој не ја чувствува. Токму од денес на нашиот медиум го ре-активиравме визуелниот „widget“ или „графички приказ“ за квалитет на воздухот кој „realtime“ дава резултати базирани, односно застапени во нашиот град Кичево во мерна единица „ПМ10“ – повторно на ваше барање за полесно и подостапно информирање околу квалитетот на воздухот – благодарение на „Aircare“ и мерните станици под Министерството за животна средина и просторно планирање, кои даваат информаци и истите се јавно достапни за сите.
Графичкиот приказ ќе го најдете во било кој натпис поставен на нашиот медиум, позициониран најдолу од сите натписи/статии, пример:
Инаку, индексот за квалитет на воздух се користи за опис на квалитетот на воздухот на едноставен начин преку лесно разбирлива колор шема. Се заснова на средни часовни вредности на концентрациите на загадувачките супстанции, и дава карактеризација на квалитетот на воздухот.
Колор шемата соодветствува со нивоата на концентрација.
Индексот ги зема во предвид концентрациите на сулфур диоксид (SO2), азот диоксид (NO2), суспендирани честички (PM10), фини честички (PM2,5), озон (O3) и јаглерод моноксид (CO). Измерените концентрации се споредуваат со постојните упатства за квалитет на воздухот.
Кога сме кај „ПМ10“ честичките, ви презентираме неколку работи кои треба да ги знаете:
Зошто се ПМ 10 честичките толку лоши?
Со самото дишење на ПМ 10 честичките, кои во неколку наши градови ги има и по пет пати над дозволените количини, сте сè поблиску до некоја од следниве последици:
- Прерана смрт
- Смрт како последица на дишење воздух со премногу честички
- Проблеми со дишењето
- Астма
- Силно кашлање
- Болки при дишењето
- Хроничен бронхитис
- Намалена функција на белите дробови
- Проблем да се земе здив
- Зголемување на ризикот од срцев удар
- Зголемување на ризикот од заболување од рак
- Зголемување на ризикот од аномалии кај новороденчињата
Кој е изложен на најголем ризик?
Фактот што смртноста е многу поголема во загадените подрачја кажува дека сите се изложени на ризик, но најчувствителни на него се децата, постарите лица и лицата кои веќе имаат срцеви или респираторни болести.
- Децата страдаат поради тоа што нивните бели дробови сè уште се развиваат и им е потребен повеќе воздух отколку на возрасен човек. Кога кревкиот детски организам е изложен на ПМ 10 честичките, кај него почесто се појавуваат детски болести и што е најстрашно, белите дробови може да не се развијат како што би можеле кога воздухот би бил чист. Ваквиот воздух им ја намалува нивната функција уште додека се мали и потоа е доцна за подобрување на ситуацијата. Со тоа расте и ризикот за заболување од астма.
- Постарите луѓе страдаат од загадениот воздух на начин што умираат порано. Пред да се соочат со смртта како последица од загадувањето, тие почесто ќе го посетуваат лекарот.
- Луѓето кои имаат проблеми со респираторни или срцеви заболувања имаат потреба од исклучително здрав остаток од животот, но загадениот воздух не им го овозможува тоа. Тој предизвикува симптомите на нивната болест да се засилат и да им ја влошат состојбата.
1. Големина на ПМ-10 честичките
ПМ-10 честичките се именувани според нивната големина – тие имаат помалку од 10 микрометри. За споредба, човечкото влакно од коса е широко околу 100 микрометри. Додека поголемите честички се спречени на патот до нашиот респираторен систем, на пример во носот, овие честички продираат дури до белите дробови.
2. Состав на честичките
ПМ-10 честичките можат да бидат со различен состав, заедничка им е само големината. Тие се мешавина од чад, саѓи, прашина и киселини со тешки метали.
3. Квалитет на воздухот
Кога концентрацијата на овие честички во воздухот е помеѓу 0 и 20 микрограми на метар кубен, ние велиме дека квалитетот на воздухот е одличен и добар е додека не надмине 40 микрограми. До 50 микрограми е прифатлив, а доколку се надмине 50 можеме да кажеме дека воздухот е загаден. Ако концентрацијата на честички е над 100 микрограми, што често се случува кај нас, велиме дека воздухот е многу загаден.
4. Здравствени проблеми
Долга е листата на здравствени проблеми што може да бидат предизвикани од вдишување ПМ-10 честички. Може да се појави навлегување на отровни материи во крвта, алергиски реакции, бактериски и габични инфекции, фиброза, респираторни проблеми…
5. Хируршката маска не помага
Хируршката маска не е корисна во борбата против ПМ-10 честичките, а корисни се нано маските. Но, нано маските кај нас не се во продажба.
6. Извори на загадување
Постојат бројни извори од кои се појавуваат овие честички – од термоцентралите до автомобилите. Секако, тука се и природните извори, како шумските пожари, па дури и пудрата за лице може да биде еден од загадувачите.
Извори на текст: air.moepp.gov.mk / kafepauza.mk
Кичево
Отворена сметка за донации за доизградба на Храмот „Св.Петар и Павле“ во кичевското село Србјани, да дадеме свој придонес

Храмот „Св. Петар и Павле“ во с.Србјани кичевско мора да го добие вистинскиот сјај. Имено, во оваа прилика преку нашиот медиум упатуваме апел и се приклучуваме во хуманитарната акција и Ве повикуваме сите оние кои сакаат и можат да придонесат еден од најстарите храмови во Македонија да се возобнови и доизгради истото можат да го направат преку донација.
Изграден пред 530 години е од голема историска и културолошка важност за Македонија и градот Кичево.
Донациите можат да се уплатат наменски на МПЦ-ОА Дебарско-Кичевска Епархија, жиро сметка: 200002846337340, Стопанска Банка АД-Скопје, цел на дознака: Донација за црква „Св.Петар и Павле“ во село Србјани – Кичево.
Контакт за информации повеќе: Бобан Илиески (претставник на ЦО на Храм „Св.Петар и Павле“) тел бр. 078/212-771
Да бидеме хумани, ова место да заживее, како што доликува и да стане вистинско духовно светилиште кое ќе биде посетено од многу гости.
Кичево
В сабота на градскиот плоштад во Кичево – „Хуманитарен Базар“ на здружението на родители на деца со посебни потреби, ќе се продаваат артикли, ракотворби и храна

Здружение на родители на деца со посебни потреби „НАДЕЖ Кичево“ организира „Хуманитарен Базар“ во сабота, 11.10.2025 год, на градскиот плоштад во Кичево, на платото кај Музејот.
Бидете дел, купете продукт или храна по избор со тоа директно хуманитарно ќе помогнете, онаму каде е најпотребно.
Фејсбук објава: ТУКА
Кичево
Ноќеска „ТППЕ Кичево“ со полни раце работа, спречен поголем пожар во населба „Девеана“

Ноќеска нешто по 4 часот до „ТППЕ Кичево“ примен бил повик за настанат пожар во приватен објект лоциран во кичевската населба „Девеана“. Се запалила гаража и помошна просторија со дрва, која за среќа причинета е само материјална штета, превозно средство и покуќнина.
За Порта.мк вработените сведочат дека пожарот бил од сериозен карактер, бидејќи истиот се ширел брзо, према станбените куќи.
-
Кичево1 ден
Отворена сметка за донации за доизградба на Храмот „Св.Петар и Павле“ во кичевското село Србјани, да дадеме свој придонес
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за петок (10 октомври)
-
Хороскоп14 часа
Хороскоп за сабота (11 октомври)
-
Временска прогноза1 ден
Викенд метео анализа, ќе дува силен ветер, утре не е исклучена можноста за локален слаб дожд – ова се најновите информации..
-
Скопје1 ден
Скопје со четиридневен регионален настан „Startup Revolution Summit.ai“, визионерите од светот на технологијата, претприемништвото и вештачката интелигенција на едно место
-
Македонија13 часа
Денес се чествува 84 години, 11 октомври – Ден на народното востание на Македонскиот народ
-
Спорт17 часа
Ова е стартниот состав на Македонија против Белгија вечерва во рамки на квалификациите за Светското првенство
-
Спорт14 часа
Македонија се враќа од Гент со бод вреден „злато“ – Остануваме први во групата „Ј“ – уште една потврда дека националниот тим станува фактор кој не смее да се потцени!