Временска прогноза
Прво провејување снег и на пониските места во вторник и среда, додека значително зимска идила ќе имаме во месец декември

Како што стоеше во нашата сезонска анализа за претстојната зима 2023/2024, кон крајот на овој месец го очекуваме првиот снег и во градовите на Балканот, тоа, и тоа како ќе се оствари. Веќе во вторник и во среда Балканот и Македонија ќе бидат зафатени од нов бран на врнежи од запад и од северозапад.
Со продорот на студен воздух од север, особено во централните предели на Босна и Херцеговина, планинските предели на Црна Гора и во југозападните предели од соседна Србија ќе има нови врнежи од снег, но овој пат понекаде и на пониските места (градовите). Не се исклучува можноста првите снегулки за оваа сезона да го посетат и главниот град на Босна, Сараево.
На планинските места ќе дојде до формирање на позначителна снежна покривка (над 20 сантиметри).
Во Македонија очекуваме претежно врнежи од дожд, а снег ќе има само на високите планини (околу и над 2000 метри надморска височина), но повремено снежната граница ќе се спушта и под 2000 метри. Станува збор за вторник и за среда.
Ново големо заладување и многу повеќе врнежи ќе има околу 25 ноември, па натаму во деновите потоа, како и во декември. Тогаш очекуваме многу снег на Балканот и во Македонија, како и вистинска снежна бајка.
Во деновите кои се пред нас температурите ќе бидат малку повисоки за разлика од сега, но тоа нема долго да се задржи.
Ако мината година поминавме без снег, оваа година уште од ноември започнува снежната бајка и ќе ја има цела зима што ни претстои, не само во регионот, туку и во Македонија, вели Славчо Попоски
Временска прогноза
Топлиот бран во Македонија ќе се задржи до следниот викенд

Територијата во Македонија се наоѓа под влијание на нов топол бран од Африка. Времето се до 15 август (петок) во нашата Македонија ќе биде претежно сончево и многу топло со појава на мала локална облачнност. Повремено ќе засилува ветер од северен и од североисточен правец.
И во Скопскиот регион се до 15 август (петок) времето ќе биде сончево и многу топло, а повремено ќе засилува ветер од северен и од североисточен правец.
Што се однесува до температурите, тие наутро ќе се спуштаат во интервалот од 15 до 22 степени, тоа значи дека повторно, особено во Повардарието како и во југоисточните предели од нашата Македонијаќе имаме тропски ноќи, односно, температурите и во текот на ноќните и утринските часови нема да се спуштаат под 20 степени.
Максималните дневни температури на воздухот пак ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 40 степени. Во Скопскиот регион максималната температура за време на овој топол бран од Африка ќе се искачува во интервалот помеѓу 38 и 40 степени.
Поради новиот топол бран, и многу високите температури на воздухот, апелирам без потреба да не се излегува во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот), исто така, граѓаните ги советувам за време на овие летни горештини да пијат и повеќе течности, информира Славчо Попоски.
Временска прогноза
Пред нас многу сонце и значително потопло време, сѐ враќаат летните температури

Под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ, односно од Африка, од четврток (7 август) па се до следниот петок (15 август) времето во нашата Република Македонија ќе биде стабилно, суво и сончево, повремено со мала локална облачност. Ќе биде и значително потопло со максимални дневни температури кои ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 38 степени.
Во Скопје максималната дневна температура во погоре споменатиот период ќе се искачува до околу 36/37 степени.
Сепак и покрај ова, ќе дува ветер од источен и од североисточен правец, и повремено тој ќе засилува на интензитет.
Пред нас е многу стабилно, суво и повторно значително потопло време, што значи дека убави летни денови ќе имаме и понатаму, се до средината на овој месец, секако, гледано според моменталните излези на прогностичките модели, информира Славчо Попоски
Временска прогноза
Најава за пороен дожд од утре, температурите би се спуштиле за половина од достигнатиот максимум од минатата седмица

Под влијание на фронтална долина со поладен воздух на висина, во Македонија следува променливо и нестабилно време со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
– Денес (вторник 29 јули) повремено ќе дува засилен ветер, во западните предели од западен, а долж Повардарието од северен правец.
Нестабилно на повеќе места со врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со силен ветер и со услови за појава на град ќе биде во текот на утрешната ноќ (среда кон четврток 30/31 јули) како и во четврток (31 јули) во текот на денот.
Локално ќе има пообилни врнежи па така локално ќе наврнат над 15 литри дожд на метар квадратен.
И во Скопскиот регион за време на погоре споменатиот период ќе биде нестабилно со повремен локален дожд, услови за појава на грмежи како и со повремено засилен ветер од северен правец. Поголеми услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на краткотрајно невреме ќе има во четврток (31 јули).
Што се однесува до температурите, тие наутро ќе се спуштаат во интервалот од 13 до 23 степени, додека максималните дневни температури на воздухот кај нас ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени.
Во Скопје наутро температурата ќе се спушта до околу 20 степени, а максималната дневна температура на воздухот ќе се искачува во интервалот помеѓу 30 и 32 степени.
– Апелирам во случај на појава на невреме и на електрични празнења во следниот период, да се избегнува претстој на отворен простор и под осамени дрвја.
Исто така, во случај на појава на силен ветер граѓаните да ги заштитат слоите автомобили, односно, истите да не ги ставаат во близина на дрвјата, особено оние дрвја кои се осамени, истакна Славчо Попоски
-
Кичево1 ден
(ВИДЕО) Во кичевското село Мидинци денеска беше осветен новиот Крст, симбол на надеж и љубовта Божја кон луѓето
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (9 август)
-
Македонија11 часа
(ФОТО) Полиција од РЦ Запад, Франгово и Лабуништа запленија огревно дрво, безправно исечени, сторителите во бегство
-
Култура1 ден
Денеска се слави Преподобната маченичка Параскева, позната меѓународот како Св.Петка
-
Хроника6 часа
Трагедија на охридско езеро, жител на Бугарија при нуркање повеќе не излегол од водите на езерото
-
Хороскоп1 час
Хороскоп за недела (10 август)
-
Временска прогноза23 часа
Топлиот бран во Македонија ќе се задржи до следниот викенд