Следете не

Спорт

Судиската комисија ги разгледа спорните моменти од 14-то односно 9-то коло од првата и втората македонска фудбалска лига и ги донесе следните заклучоци

Објавено пред

на

©porta.mk

Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 14 коло на ПРВА МФЛ, и ги донесе следните заклучоци:

На натпреварот Фк.Гостивар -Фк.Брегалница одигран на 11.11.2023 година, анализирани се ситуациите од 25 и 79 минута.

“Главен судија: Александар Ставрев. Помошни судии: Дејан Костадинов и Марјан Дејаноски.

25 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За досуден слободен удар за домашната екипа, при резултат 1:0)

Играч на гостинската екипа сакајаки да ја додаде топката до соиграч во 16-сетникот на домашната екипа направи лизгачки старт, ја удри топката и потоа со истата нога направи недозволен старт на ногата (зглобот) на противнички играч, потоа топката дојде до друг играч од екипата на гостите кој постигна гол.

Исправна одлука на главниот судија, поништен голот на гостинската екипа, досуден е слободен удар за домашната екипа поради невнимателен и недозволен старт (лизгачки старт на нога-зглоб) на играч на гостинската екипа над противнички играч. Главниот судија беше одлично поставен и имаше јасна прегледност на ситуацијата.

79 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За доделен втор жолт картон-ЦРВЕН картон за играч на домашната екипа, при резултат 1:0). Играч на екипата на домакините ја изби топката кон средината на теренот, двајца противнички играчи скокнаа во дуел и при скокот играчот на домакините со рака (подлактицата) го удри протитничкиот играч во глава, меѓутоа ударот не беше со голем интензитет.

Исправна одлука на главниот судија, досуден слободен удар за екипата на гостите и доделен жолт картон за играчот на домакините поради недозволен старт, односно недозволено користење на раката (удар со подлактица во предел на главата на противнички играч).Бидејки тоа му беше втор жолт картон на играчот, автоматски му беше доделен ЦРВЕН картон.

На натпреварот  Фк.Вардар-Фк.Воска одигран на 11.11.2023 година, анализирана е ситуацијата од 19 минута.

“Главен судија: Игор Стојчевски. Помошни судии: Драган Трпчевски и Душко Панов.

19 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За недосуден пенал за гостинската екипа, при резултат 1:1) Играч на гостинската екипа беше во посед на топка во 16-сетникот на домакините, играч на домашната екипа направи минимален контакт со раката (завлекување за тело) над противничкиот играч, кој по овој контакт падна сакајки да изнуди пенал. Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејки контактот (повлекувањето) беше минимално и недоволно за пенал. Главниот судија беше одлично поставен , близу ситуацијата и имаше јасна прегледност, исправно покажа играта да продолжи.

На натпреварот  Фк.Силекс-Фк.Шкупи одигран на 12.11.2023 година, анализирана е ситуацијата од 84 минута.

“Главен судија: Димитар Пилешков. Помошни судии: Гоце Петрески и Мартин Петковски.

84 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ( За доделен ЦРВЕН картон за играч на гостинската екипа, при резултат 2:1).Играч на гостинската екипа во својата половина сакаше да ја загради топката, при градењето намерно замавна со рака (лакт) и со голем интензитет го удри противничкиот играч во глава (лице-јаболчницата) и направи прекршок.Исправна одлука на главниот судија, досуден слободен удар за домашната екипа и доделен ЦРВЕН картон за играч на гостинската екипа поради намерен удар со лакт во главата (лицето) на противнички играч. Главниот судија беше добро поставен, со јасна прегледност на ситуацијата и донесе одличнаодлука.

На натпреварот Фк.Шкендија– Фк.Тиквеш одигран на 11.11.2023 година, анализирани се ситуациите од 5 и 41 минута.

“Главен судија: Стојанче Стојанов. Помошни судии: Даниел Василевски и Слаѓан Марковски.

5 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (За сигнализирано офсајд позиција и спречување очигледна шанса за гол на гостинската екипа, при резултат 0:0) Играч на гостинската екипа додаде топка до свој соиграч малку странично од голот и на околу 35 метри од голот, во моментот на додавање на топката соиграчот беше пред претпоследниот играч од одбраната на домашната екипа (во дозволена позиција) и излегуваше сам пред голот на домакините (во очигледна шанса за гол), првиот помошен судија сигнализираше офсајд позиција. Погрешна одлука на првиот помошен судија што сигнализираше офсајд позиција, бидејки играчот на гостинската екипа во момент на додавање на топката од својот соиграч се наоѓаше во дозволена позиција (пред претпоследниот играч од одбраната на домакините).

41 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ( За недосуден пенал за домашната екипа, при резултат 1:0) Играч на домашната екипа беше во налет и посед на топка во 16-сетникот на гостинската екипа, играчот го помина голманот на гостинската екипа и во моментот кога сакаше да упати удар кон празниот гол, голманот направи недозволен старт на ногата на противникот, по што играчот на домашните изгуби контрола и падна. Погрешна одлука на главниот судија што досуди симулација за пенал и жолт картон за домашниот играч, во оваа ситуација главниот судија требаше да досуди пенал за домашната екипа и жолт картон за голманот (поради спречување очигледна шанса за гол и недозволен старт на нога на противнички играч)

На останатите натпревари од 1 МФЛ немаше спорни ситуации за судиска анализа.

Судиска анализа за 12 коло од ВТОРА МФЛ за сезона 23/24

Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 9 коло на ВТОРА МФЛ, и ги донесе

следните заклучоци:

На натпреварот Фк. Победа – Фк.Скопје одигран на 12.11.2023 година, анализирана е ситуацијата од 9 минута.

“Главен судија: Доне Ристовски. Помошни судии: Стојан Костадинов и Кирил Манчев.

9 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ( За доделен ЦРВЕН картон за гостинскииграч, при резултат 0:0) Топката беше на средина на теренот за игра и не беше во ничив посед, на неа тргнаа два противнички играчи, играчот на домашната екипа прв стигна до топката и со глава ја удри, за во истиот момент противничкиот играч со нога висококо подигната и со јак интензитет невнимателно стартуваше и го удри играчот на домакините во пределот на стомакот. Исправна одлука на главниот судија, досудел слободен удар за домашната екипа и доделен ЦРВЕН картон за играчот на гостинската екипа поради недозволен старт (удар со нога со јакинтензитет во пределот на стомакот)

На натпреварот Фк.Беласица-Фк.Караорман одигран на 12.11.2023 година, анализирана е ситуацијата од 31 минута.

“Главен судија: Владимир Ѓорѓиевски. Помошни судии: Владимир Митревски и Дарко Василевски.

31 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА ( За несигнализирана офсајд позиција, постигнат регуларен гол пенал за домашната екипа ,при резултат 0:0) Играч на домашната екипа центрираше топка во 16-сетникот на гостинската екипа, топката дојде до негов соиграч кој постигна гол. Во моментот на додавање на топката од соиграчот, играчот што постигна гол се наоѓаше во линија (дозволена позиција) со претпоследниот играч од одбраната на гостинската екипа. Исправна одлука на вториот помошен судија што не сигнализираше офсајд позиција на играчот од домашната екипа, голот е регуларен, односно играчот се наоѓаше во дозволена позиција (во линија со претпоследниот играч од одбраната на гостинската екипа).

На натпреварот Фк. Новаци – Фк.Кожуф одигран на 12.11.2023 година, анализирана е ситуацијата од 69 минута.

“Главен судија: Дејан Младеновски. Помошни судии: Филип Николов и Горан Милошевски.

69 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За доделен втор жолт картон- ЦРВЕН картон за играч на гостинската екипа, при резултат 1:0) Играч на гостинската екипа странично од својот гол ја изгуби топката од посед и падна, пред противничкиот играч да ја земе и да тргне во ветувачка акција, играчот на гостите на недозволен и неспортски начин ја фати топката со рака спречувајки ја акцијата. Исправна одлука на главниот судија, досуден слободен удар за домашната екипа доделен жолт картон на играчот на гостинската екипа, поради неддозволено и неспортко играње со рака и спречување ветувачка акција.Бидејки тоа беше втор жолт картон за играчот на гостинската екипа, автоматски му беше доделен ЦРВЕН картон. досудувањето на пеналот е со заддршка и закаснето, со несигурност во движењето на телото на судијата, иако пеналот е очигледен.

На натпреварот Фк. Осогово – Фк. Вардар Неготино одигран на 12.11.2023 година, анализирана е ситуацијата од 27 минута.

“Главен судија: Влатко Илиоски. Помошни судии: Иле Мишески и Марјан Смилкоски.

74 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ( За досуден пенал за гостинска екипа, при резултат 0:0)

Од слободен удар центрирана топка во 16-сетникот на домашната екипа, двајца играчи од обете екипи скокнаа и во скокот играчот на домашната екипа ја удри топката со рака која му беше во неприродна положба и високо подигната од телото.

Исправна одлука на главниот судија, досуден пенал за гостинската екипа поради игра со рака на домашен играч,каде раката е во неприродна положба и високо подигната од телото. Главниот судија одлично поставен и со јасна прегледност на ситуацијата.

На останатите натпревари од 2 МФЛ немаше спорни ситуации за судиска анализа.

Спорт

Благоја Милевски се заблагодари на сите досегашни претседатели на ФФМ, сите наши фудбалери, стручен штаб, медицински лица и логистика

Објавено пред

на

©porta.mk

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски на кој му заврши договорот како предводник на македонската селекција, преку ФФМ истакна интегрално соопштение и се заблагодари за досегашната соработка. Неговото обраќање пред јавноста гласеше вака:

– Искрено сакам да упатам благодарност до Фудбалската федерација на Македонија и до сите нејзини претседатели Илчо Ѓорѓиоски, Муамед Сејдини и Масар Омерагиќ кои од 2014 година наваму обезбедуваа стабилни услови и поддршка, што овозможија да се испишат значајни страници во историјата на македонскиот фудбал.

Посебно признание должам на актуелниот претседател Масар Омерагиќ за неговата континуирана, јасна и несебична поддршка во изминатиот период. Таквите темели се клучни за секој професионален процес да функционира сигурно и доследно во спортот, но и пошироко.

Горд сум на нашите фудбалери. Нивната трудољубивост, борбеност и силна волја ни донесоа резултати што долго ќе се паметат. Тие вистински го претставија духот на Македонија, а тоа ме исполнува со искрена гордост.

Голема благодарност упатувам и до мојот стручен штаб, како и до медицинскиот и логистичкиот тим, за нивната професионалност и беспрекорна соработка. Секој од нив си ја извршуваше задачата тивко, прецизно и посветено, како дел од тим што мора да функционира усогласено за да успее.

Навистина беше чест да ја предводам репрезентацијата и да бидам дел од овој колективен напор. И понатаму ќе останам со тимот со внимание, поддршка и почит, заврши Милевски.

Извор: ФФМ

Прочитај повеќе...

Спорт

ФФМ: Благодарност до селекторот Милевски, време е за нов импулс и свежа енергија во националниот тим, до 25 декември Македонија ќе има нов селектор

Објавено пред

на

На денешната седница, Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе одлука да не го продолжи договорот со селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски, чиј мандат заврши на 30 ноември 2025 година. Милевски беше дел од работата со најважните македонски репрезентации уште од 2014 година.

Како тренер на А репрезентацијата, од 1 август 2021 година, Милевски ја водеше Македонија на 48 натпревари, остварувајќи 18 победи, 14 нерешени и 16 порази. Под негово водство, репрезентацијата обезбеди два бараж дуели за пласман на Светско првенство, заврши како првопласирана во Ц сегментот од Лигата на нации и се избори за настап во Б дивизијата во следното издание на натпреварувањето.

ФФМ преку интегралното соопштение на своето гласило, му изрази искрена благодарност на Благоја Милевски и неговиот стручен тим за нивната посветеност, професионалност и постигнатите резултати. Му посакуваме многу успех во понатамошната тренерска кариера.

Управниот одбор на ФФМ смета дека македонската А репрезентација сега има потреба од нова енергија и различен мотив за предизвиците што ја очекуваат. Со нов стручeн тим се очекува „нов ветер“ во работењето на селекцијата, што ќе придонесе за поголема конкурентност и амбиција во идните натпревари.

– ФФМ останува целосно посветена на обезбедување оптимални услови за работа и максимална поддршка за репрезентацијата. Досегашната соработка со Милевски и неговиот тим беше на високо професионално ниво, и ја цениме нивната посветеност и односот кон националниот тим. Истата посветеност ќе ја продолжиме и при поддршката на идните предизвици на македонската А репрезентација.

Управниот одбор на ФФМ ќе донесе одлука за нов предводник на А репрезентацијата најдоцна до 25 декември 2025 година.

Прочитај повеќе...

Спорт

Македонската женска фудбалска репрезентација до 19 години со втора победа на турнирот за ЕП

Објавено пред

на

Македонската женска фудбалска репрезентација до 19 години ја забележа втората победа на квалификацискиот турнир (Рунда 1, Група Б5) за Европското првенство на УЕФА, по победата над Азербејџан со резултат 3:1.

Нашите фудбалерки играа одлично и ја контролираа играта на целокупниот натпревар. Првиот гол беше постигнат од Калина Попоски во 19. минута по мајсторски изведена акција. Во 27. минута, Теона Галабовска ја зголеми предноста од пенал. Таа повторно се запиша во листата на стрелците во 49. минута, со што стави крај на одличниот настап.

Азербејџан успеа да постигне еден гол преку Јуругова во 35. минута, но не беше доволно за сериозна закана по нашата победа.

Со оваа победа, Македонија прави важен чекор во својата квалификациска трка и ги насочува погледите кон последниот дуел со Словенија, кој ќе има решавачки карактер.

Македонија до 19 години: 1. Ведрана Комненова, 4. Кристина Крстева, 5. Михаела Додевска, 6. Андреа Коловска, 7. Меланија Грозданова, 8. Ева Величкова, 9. Емили Митковска, 10. Теона Галабовска, 11. Калина Попоски, 15. Канита Емини, 16. Мила Панева;

Селектор: Кирил Изов.

Извор: ФФМ

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Спорт5 часа

Благоја Милевски се заблагодари на сите досегашни претседатели на ФФМ, сите наши фудбалери, стручен штаб, медицински лица и логистика

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски на кој му заврши договорот како предводник на македонската селекција, преку ФФМ истакна...

Кичево8 часа

Јовановски: „Ние во Кичево не можеме да исчистиме толку брзо колку што некои несовесни граѓани можат да расфрлаат ѓубре“

Предмалку градоначалникот на Општина Кичево, Д-р Александар Јовановски соопшти фрапантен податок кој несомнено тоа го гледаме и со сопствени очи....

Култура9 часа

Утре е голем празник, помолете се за здравје, на врата ни е „Пресвета Богородица Пречиста“, на помош слава, за многу години!

Народот овој празник го нарекува Пречиста, што одлично ја доловува неговата смисла. Тоа е празник на воведувањето на пресветата девојка...

Временска прогноза9 часа

Дождот продолжува, на планините кои се над одредена надморска височина ќе се формира снежна покривка

Под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот и на серија на влажни воздушни бранови до недела (7 декември)...

Технологија10 часа

„Sony“ го лансира најновиот супер моќен продукт „Sony A7 V“, опремен со нов сензор и „partial stacked“ архитектура

На пазарот излегува супер моќниот „Sony a7 V“, кој претставува напреден хибриден фотоапарат насочен кон ентузијасти и полупрофесионалци, опремен со...

Хороскоп21 час

Хороскоп за среда (3 декември)

ОВЕН Ќе се почувствувате благодарни што ќе успеете да му помогнете некому во некој голем проблем. Оваа личност можа да...

Македонија22 часа

Тргнати блокадите на граничен премин „Евзони“ за влез и излез кон Грција

АМСМ предмалку соопшти дека од 21:00 ч. блокадите на ГП Евзони, за влез и излез кон Р.Грција се отстранети. Сообраќајот...

Македонија1 ден

РЦ „Запад“ и СВР Охрид на охридскиот аеродром учествуваа на симулирана показна вежба „Воздухоплов со запален мотор на полетување“

Денеска, полициски службеници од СВР Охрид и граничната полиција Регионален центар „Запад“, учествуваа на симулирана показна вежба „ Воздухоплов со...

Магазин1 ден

(ВИДЕО) „Not Gonna Run Away“ е третиот дел од „Marbled In Stone“, наше кичевско, а светско!

„Marbled In Stone“ вчера официјално го претстави третото и завршно продолжение од „Men Of Silver Soul“ истакнато како „Not Gonna...

Македонија1 ден

МВР: До 2030 преполовување на жртвите во сообраќајот, до 2050 – нула жртви

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска се обрати на првата Национална конференција „Безбедност на сообраќајот во локалната самоуправа“, што...

НАЈЧИТАНИ