Магазин
Кинеските купувачи се свртуваат кон домашните производи и сигнализираат закрепнување на пазарот на паметни телефони

Apple продаде четири отсто помалку паметни телефони за време на „Singles Day“ отколку една година порано.
На кинескиот „шопинг фестивал“, Apple продаде помалку мобилни телефони од минатата година, за разлика од домашните конкуренти Huawei и Xiaomi, кои забележаа силен раст на продажбата, покажуваат податоците на Counterpoint Research.
Од 30 октомври до 12 ноември, Apple продаде четири отсто помалку мобилни телефони од минатата година, објави во четвртокот истражувачка консултантска компанија.
Продажбата на мобилни телефони Huawei и Xiaomi скокнала за 66, односно 28 отсто, пресметала Counterpoint Research.
Благодарение на големата побарувачка за уредите Huawei и Xiaomi, продажбата на кинески мобилни телефони се зголеми за пет отсто во тој период во споредба со истиот период минатата година.
Најниската цена на најновиот модел на Apple iPhone 15 беше 5.999 јуани (832 долари). Mate 60 на Huawei веќе може да се купи за 5.499 јуани (763 долари), а Mi 14 на Xiaomi за 3.999 јуани (555 долари).
Huawei, Apple и Xiaomi не одговорија веднаш на барањето на Reuters за коментар на податоците на Counter Research.
Од минатата година, кинеските платформи за е-трговија како Alibaba и JD.com не објавија податоци за продажбата за време на Денот на самците.
Сепак, JD.com рече дека трансакциската вредност на производите на Apple на неговата платформа надминала 10 милијарди јуани (1,39 милијарди долари) во тој период.
Аналитичарите веруваат дека кинескиот пазар на паметни телефони е на работ на закрепнување и истражувачката компанија IDC очекува раст на продажбата во четвртиот квартал во споредба со истиот период минатата година, по континуираниот пад на испораките од почетокот на 2021 година.
Магазин
YouTube укинува Premium Family сметки надвор од заедничко домаќинство

YouTube го следи примерот на Netflix и Disney+, воведувајќи построги правила за користење на Premium Family пакетите. Компанијата почна да испраќа известувања до корисници кои го користат планот од различни локации, со што практично се ограничува споделувањето на сметки надвор од исто домаќинство.
Известувања и рок од 14 дена
Корисниците кои не се на иста адреса со „менаџерот на семејството“ (лицето што го активирало планот) добиваат известување дека нивното членство ќе биде паузирано за 14 дена. Во пораката јасно е наведено дека оваа практика е во спротивност со условите за користење.
Иако ова правило отсекогаш постоело, YouTube сега за прв пат почнува сериозно да го спроведува. Целта е очигледна – да се намали споделувањето на сметки и да се зголеми бројот на индивидуални претплати.
Нема „средна опција“ како кај Netflix
За разлика од Netflix, кој понуди можност за додавање на дополнителни членови за мала доплата, YouTube засега нема вакво решение. Исклучените корисници имаат само две опции:
-
да преминат на индивидуална Premium претплата, или
-
целосно да се откажат од услугата.
Што следува?
Не е познато дали YouTube во иднина ќе воведе поблаги модели или нови пакети за корисници кои сакаат да останат дел од истото „семејство“ без да делат ист дом. Во моментов, условот е јасен – сите членови на Premium Family мора да живеат во исто домаќинство.
Извор: Streberi
Мобилни уреди
Батеријата се празни додека полните? Еве што треба да знаете

Современите Android телефони доаѓаат со моќни и ефикасни процесори, како и батерии со поголем капацитет. Вообичаено, тие можат да издржат цел ден со едно полнење. Дополнително, технологиите за брзо жично и безжично полнење го прават користењето уште попрактично.
Сепак, понекогаш се јавува проблем кој корисниците го сметаат за најфрустрирачки – телефонот е на полнач, а батеријата сепак се празни.
Зошто се случува ова?
-
Неквалитетен или неконпатибилен полнач – денес повеќето телефони се испорачуваат само со USB кабел, а изборот на адаптер е на корисникот. Ако адаптерот не ги исполнува спецификациите на телефонот, полнењето може да биде недоволно ефикасно.
-
Стара или оштетена батерија – по неколку години користење, капацитетот на батеријата значително опаѓа. Android уредите може да покажат информации преку апликации од трети страни, додека iPhone овие податоци ги има во делот Battery Health. Ако батеријата е премногу деградирана, често е потребна замена.
-
Апликации во позадина – одредени апликации и услуги можат да трошат енергија дури и кога телефонот мирува. Графички тешките игри, како Call of Duty: Mobile или Genshin Impact, можат дополнително да го загреат уредот и да ја забават ефикасноста на полнењето.
-
Прегревање – високите температури можат да ја оштетат батеријата и да предизвикаат проблеми со полнењето. Затоа е важно телефонот да се полни во постудена средина.
Како да го решите проблемот?
Ако телефонот постојано се празни додека е приклучен на полнач:
-
Проверете дали користите компатибилен адаптер и кабел.
-
Размислете за замена на батеријата ако е стара.
-
Исклучете GPS, Bluetooth и апликации во позадина што не ви се потребни.
-
Избегнувајте полнење кога телефонот е веќе загреан.
Совети за подолго траење на батеријата
-
Намалете ја светлината на екранот.
-
Активирајте режим за заштеда на енергија во итни ситуации.
-
Не оставајте го телефонот долго време на 100% полнење.
Со правилна грижа, батеријата може значително подолго да го задржи својот капацитет и да обезбеди сигурни перформанси.
Извор: V-Online
Социјални мрежи
Корисниците во повеќе европски земји, како и кај нас пријавија потешкотии при користење на „Google, Gmail“ и останатите сервиси

Корисниците во повеќе европски земји, особено во Југоисточна Европа, Турција и Кавказ, се соочуваат со сериозни потешкотии при користење на услугите на „Google“, како што се „Gmail, YouTube, пребарувачот, Google Maps“ и други.
Првичните пријави за проблеми почнаа да се појавуваат на „Downdetector“ и социјалните мрежи од земјите од Југоисточна Европа, а набрзо потоа стигнаа извештаи и од Турција и Кавказкиот регион. За среќа овој проблем се чини дека е веќе надминат и се е вратено во нормала.
Прекини беа забележани во вкупно 24 држави, меѓу кои Македонија, Србија, Турција, Грција, Бугарија и Романија. Сепак и во САД и Западна Европа се регистрирани помали потешкотии.
Причината за прекинот засега останува непозната, а од Google сè уште нема официјален коментар.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за среда (3 септември)
-
Хороскоп19 часа
Хороскоп за четврток (4 септември)
-
Кичево1 ден
Кичево: Филм, музика и креативност во село Ехлоец: Echoes in the Wild на 7 септември
-
Македонија1 ден
МВР: Целосна забрана во шуми до крај на месец септември
-
Lifestyle1 ден
Кој пијалок е поштетен за здравјето: пивото или газираните сокови?
-
Македонија1 ден
„Wizz Air“ со шести авион во својата база во Скопје и 13 нови рути
-
Свет9 часа
(ВИДЕО) „Ден на жалост“ во Португалија по страшната трагедија каде од шините излета жичара и одзеде најмалце 15 животи, неофицијално има и странци
-
Скопје1 ден
Вчера од скопски автобус на „ЈСП“ патник паднал и се здобил со тешки телесни повреди