Кичево
„Биби и Боби“ утре во Кичево и Cineplexx – Скопје со анимирана проекција на новата новогодишна бајка „Звуците на Новата година“

Почитувани дечиња, Ви ја најавуваме премиерата на анимираната новогодишна бајка со „Биби и Боби“ – „Звуците на Новата година”. Не пропуштајте ја можноста да ја погледнете и да уживате заедно со вашите омилени ликови, во четврток 21.12.2023 со почеток од 19:00ч во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево, додека истиот ден премиерно ќе биде прикажана и во Скопје, односно Cineplexx.
Билетите ќе бидат по симболична цена од 100 денари и истите можат да се купат во билетарата од Центарот за култура два часа пред почетокот на филмот.
Бидете дел и уживајте
Кичево
Играорците на КУД „Бисер“ од Кичево во Полска, се натпреваруваат за најубава македонска носија на меѓународен фестивал

На меѓународниот фолк фестивал 2025 кој се одржува во Полска под културен центар Закопане, се избира најубава носија. На овој престижен фестивал свое учество зедоа КУД „Бисер“ од Кичево, додека учесници на натпреварот се Матеа Ѓорѓиоска и Александар Донески од Кичево.
Со „Like“ под фотографијата да им дадеме значајна поддршка за најубавата македонска носија, натпреварот трае од денес 18 август до 21 август четврток.
За Матеа кликни – ТУКА
За Александар кликни – ТУКА
Кичево
Вчера на магистралниот пат Кичево-Гостивар кај с.Длапкин Дол се случила сообраќајка помеѓу две возила и автобус, има повредени

На 17.08.2025 во 10:00 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај с.Длапкин дол, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од К.К.(44) од с.Стрелци, кичевско, патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.П.(47) од Скопје и автобус „сетра“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Ј.(39) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил деветгодишен патник во автобусот од Република Турција, додека со телесни повреди се здобиле Ф.А.Д.(44) од Република Турција, исто така патник во автобусот, 13-годишник од Скопје и И.П.(46) од Скопје, сопатници од возилото „форд“ и 11-годишник од с.Стрелци, кичевско, сопатник од возилото „ауди“, констатирани во Медицински центар Кичево.
Известен бил јавен обвинител, увид извршила увидна екипа од ОВР Кичево, известуваат од Министерството за внатрешни работи
Кичево
ОВР Кичево лиши од слобода кичевчанка која вчера на „Магистрален пат“ возела со брзина 107 км/ч

На 17.08.2025 во 15:25 часот, полициски службеници од ОВР Кичево ја лишиле од слобода Џ.З.(46) од кичевското село Стрелци. При контрола во патниот сообраќај на улицата „Магистрален пат“ во Кичево, полициските службеници сопреле патничко возило „мерцедес“ со австриски национални ознаки, при што констатирале дека таа го управува возилото со брзина од 107 километри на час на место каде со сообраќаен знак има ограничување на брзината од 50 километри на час.
Против неа ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, известува за јавноста Министерството за внатрешни работи
-
Кичево4 часа
ОВР Кичево лиши од слобода кичевчанка која вчера на „Магистрален пат“ возела со брзина 107 км/ч
-
Хороскоп17 часа
Хороскоп за понеделник (18 август)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (17 август)
-
Временска прогноза2 дена
Утре попладне најава за локален пороен дожд и дестабилизација, додека во понеделник дожд и грмежи речиси на секаде во Македонија
-
Македонија2 дена
„Центарот за Безбедност на Вода на Црвен Крст Охрид“, денес по силниот ветер спаси оддалечени луѓе од брегот на охридско езеро!
-
Кичево2 часа
Играорците на КУД „Бисер“ од Кичево во Полска, се натпреваруваат за најубава македонска носија на меѓународен фестивал
-
Скопје1 ден
Ноќеска скопјанец предизвикал сообраќајка, пијан 3,30 промили алкохол во крвта
-
Македонија20 часа
Во Штипската болница вчера бил донесен работник од Бангладеш, се повредил при работа