Кичево
Од утре плоштадот во Кичево ќе го краси пред празничен „Базар“, катче со забава за најмладите и возрасните, вистинска празнична магија во срцето на градот

Почнувајќи од најмладите до возрасните, речиси и да нема некој што останал рамнодушен на прекрасните украси кои после толку време го разубавија градот Кичево, кој практично влезе во традиционалниот предновогодишен период на празничните денови, кои еуфорично се чувствуваат, но тоа не е се.
Како што не информираа од граѓанскиот сектор кој беше дел од украсувањето на плоштадот токму од утре започнува и пред празничен „Базар“, каде после 18:00ч, за најмладите ќе има низа изненадувања, забава, маскоти, додека за возрасните исто така ќе има греано вино и топла ракија.
Пред празничниот „Базар“ ќе биде на штандовите од Дедо Мраз пред големата Елка, а таму сте добредојдени сите и заедно да ја уживаме празничната магија со многу забава и позитивна енергија!
* Потсетување: Утре (петок) од 19:00ч во големата сала на НЦУК „Кочи Рацин“ – Кичево е закажан големиот концерт на нашиот виртуоз на пијано, малиот Лука Лазарески кој со своите 11 години знае вистински како да ја негува музичката мелост, повеќе информации ќе најдете ТУКА
* Заедно на сцената ќе бидат дел и следните учесници: Теодора Матеска (вокал), Бојан Трајкоски (вокал), Теодора Кулевска и Јована Димоска (виолина), Лео Пејчиновски (виолончело), Марко Лазарески (гитара), Јана Матеска (гитара), Едил Хусоски (кларинет), Ѓорѓи Божиноски (ударни инструменти), Петар Личоски, Касијана Матеска, Јана Јолеска и Бисера Јолеска
Кичево
(ФОТО) ТППЕ Кичево: Нов случај со запалена дива депонија во кичевско

Нов случај со запалена дива депонија во кичевско. Имено од рано утрово овој е втор случај ТППЕ Кичево да излезе на терен.
Последната интервенција е пред половина час во месноста Бичинци, односно покрај пат на дива депонија Бичинци-Мамудовци.
На терен дејствуваше екипа на ТППЕ Кичево со четири пожарникари.
Уште еднаш преку нашиот медиум пожарникарите апелираат за сериозноста на овој период на годината, да внимаваат, бидејќи мал отпушок е доволен за да се случи пожар!
Кичево
(ФОТО) Се запали дива депонија покрај пат кај с.Пополжани, интервенираше ТППЕ Кичево

Во 18:17ч денес пријавено било дека гори дива депонија во близина на с.Пополжани кичевско од битолска страна.
Како што не известија од ТППЕ Кичево, се извршуваат дополнителни активности околу гаснењето.
Кичево
Предмалку случена сообраќајка во близина на с.Извор кичевско, правец Кичево-Охрид

Предмалку се случила сообраќајна несреќа на патот Кичево-Охрид во близина на с.Извор.
Од информации од терен дознаваме дека сообраќајот бил отежнат, но без поголеми чекања и застој.
На местото на настанот се забележани екипи на Итна Медицинска помош од Кичево и ОВР Кичево.
За здравјето на учесниците немаме информации.
Повеќе детали очекуваме во билтенот на СВР Охрид.
-
Временска прогноза2 дена
Сепак следува промена на времето во Македонија, ова се метео информациите според Попоски
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (5 јули)
-
Спорт2 дена
Во недела започнува традиционалниот турнир во мал фудбал во с.Староец кичевско
-
Скопје11 часа
Лишен од слобода „бајач“ од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра, сè претставувал истерувач на духови и магии
-
Автомобили2 дена
Генијален трик за заштеда на гориво: Сè зависи од едно копче во автомобилот
-
Lifestyle2 дена
Цезар салата: Диететска, заситувачка и вкусна – нема да бидете гладни со часови
-
Хороскоп3 часа
Хороскоп за недела (6 јули)
-
Временска прогноза19 часа
Денес многу топло, додека утре краткотрајна дестабилизација и услови за дожд