Кичево
„Биби и Боби“ утре во Кичево и Cineplexx – Скопје со анимирана проекција на новата новогодишна бајка „Звуците на Новата година“

Почитувани дечиња, Ви ја најавуваме премиерата на анимираната новогодишна бајка со „Биби и Боби“ – „Звуците на Новата година”. Не пропуштајте ја можноста да ја погледнете и да уживате заедно со вашите омилени ликови, во четврток 21.12.2023 со почеток од 19:00ч во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево, додека истиот ден премиерно ќе биде прикажана и во Скопје, односно Cineplexx.
Билетите ќе бидат по симболична цена од 100 денари и истите можат да се купат во билетарата од Центарот за култура два часа пред почетокот на филмот.
Бидете дел и уживајте
Кичево
(ФОТО) ТППЕ Кичево: Нов случај со запалена дива депонија во кичевско

Нов случај со запалена дива депонија во кичевско. Имено од рано утрово овој е втор случај ТППЕ Кичево да излезе на терен.
Последната интервенција е пред половина час во месноста Бичинци, односно покрај пат на дива депонија Бичинци-Мамудовци.
На терен дејствуваше екипа на ТППЕ Кичево со четири пожарникари.
Уште еднаш преку нашиот медиум пожарникарите апелираат за сериозноста на овој период на годината, да внимаваат, бидејќи мал отпушок е доволен за да се случи пожар!
Кичево
(ФОТО) Се запали дива депонија покрај пат кај с.Пополжани, интервенираше ТППЕ Кичево

Во 18:17ч денес пријавено било дека гори дива депонија во близина на с.Пополжани кичевско од битолска страна.
Како што не известија од ТППЕ Кичево, се извршуваат дополнителни активности околу гаснењето.
Кичево
Предмалку случена сообраќајка во близина на с.Извор кичевско, правец Кичево-Охрид

Предмалку се случила сообраќајна несреќа на патот Кичево-Охрид во близина на с.Извор.
Од информации од терен дознаваме дека сообраќајот бил отежнат, но без поголеми чекања и застој.
На местото на настанот се забележани екипи на Итна Медицинска помош од Кичево и ОВР Кичево.
За здравјето на учесниците немаме информации.
Повеќе детали очекуваме во билтенот на СВР Охрид.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за четврток (3 јуни)
-
Кичево14 часа
(ФОТО) ТППЕ Кичево: Нов случај со запалена дива депонија во кичевско
-
Автомобили2 дена
Најдобрите и најлошите автомобили за 2025 според корисниците
-
Хороскоп5 часа
Хороскоп за петок (4 јули)
-
Автомобили2 дена
Дали би направиле место за резервно тркало?
-
Магазин2 дена
Експертите ја откриваат вистината за навиките што влијаат на траењето на батеријата на мобилниот телефон
-
Македонија4 часа
Времена измена на сообраќај со пренасочување на делница „Пресека-Песочан“ на автопат А2 Кичево-Охрид
-
Скопје8 часа
МВР за пофалба, експресно го пронајдоа мотоциклистот кој усмрти пешак