Временска прогноза
Следните пет до шест дена сончево и потопло, снег по Нова година..
Во следните пет до шест денови под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) времето во Македонија ќе биде стабилно, суво, сончево и натпросечно топло, особено на повисоките места и на планините.
По котлините ќе има појава на магла, и таа понекаде ќе се задржи во најголем дел од денот, па така и температурите во овие места ќе останат пониски.
Температурите во следниот пеиод ќе бидат повисоки дури за 8 до 10 степени од нормалните за овој период од годината. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот 8 до 15 степени, а наутро тие на повеќе места ќе се спуштаат до околу нулата, освен само на некои места каде ќе се спуштаат само за неколку степени под нулата.
Во Скопје и околината во следните денови ќе се создават услови за појава на магла и на ниска облачност. Наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓи -1 и 0 а максималната дневна температура на воздухот ќе се искачува во интервалот помеѓу 8 и 10 степени.
Според последните анализи со кој располагаме, за време на новогодишната ноќ и оваа година нема да имаме снежна идила и нови снежни врнежи, што значи дека вистинската зима ја очекуваме по нова година, пишува Славчо Попоски
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
Временска прогноза
Ни претстои промена на синоптичката состојба со времето, не се исклучува можноста да имаме снег за новогодишните празници!
Според она што можам денес да го изјавам за јавноста е тоа дека од ден 25 декември Католички Божик па во деновите потоа секако и за нова година ни претстои промена на синоптичката состојба над Европа, Балканот и Македонија.
Тоа значи дека на повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир кој ќе ни донесе вистинско зимско време баш за време на споменатиот период погоре.
Во ваква ситуација секако може да се очекува и снег.
– Се на се после овој подолг период на суво и натпросечно топло време за месец декември кончено може да се надеваме за надоаѓање на вистинската зима кај нас.
Следува најново ажурирање на прогностичките материјали па така од моја страна понатаму следува нова и по потреба обновена метео анализа токму околу ова, предмалку соопшти Славчо Попоски
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
Временска прогноза
Временска прогноза до 22 декември, следува ладен период, појава на слана, мраз, подледици по речните долини и магла
Во текот на целата наредна седмица и тоа во периодот од 15 декември па се до 22 декември територијата на целиот Балкан и Македонија останува да биде под влијание на силниот Антициклон (Поле на висок воздушен притисок) кој се протега од југ и истиот условува да имаме температури значително над просекот за месец декември и стабилно и суво време без никави врнежи.
Сепак наутро останува да е ладно и на повеќе места температурите ќе се спуштаат за неколку степени под нулата па така се очекува појава на слана и на слаб мраз. Во ваква ситуација по котлините и по речните долини и понатаму особено во ноќните и во утринските часови ќе има појава на магла и на ниска облачност и таа повремено ќе биде густа и ќе условува намалена видливост.
Појава на магла и на ниска облачност особено во ноќните и во утринските часови ќе има и во делови од Скопската котлина.
Температурите пак како и до сега остануваат значително да бидат над просекот за месец декември и тие на повеќе места кај нас ќе надминуваат 10 степени а во југоисточните предели температурите ќе се искачуваат до околу 15 степени.
Во Скопје и околината наутро пак температурата ќе се спушта за некој степен под нулата а преку ден таа ќе се искачува до околу или ќе надминува 10 степени, доцна вечерва соопшти метеорологот Славчо Попоски
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
Временска прогноза
Ладно на утро со температури под нулата
Влијанието на силниот Антициклон кој се протега од југ и кај нас условува да имаме стабилно суво и претежно сончево време со појава на магла и ниска облачност во дел од котлините ќе продолжи и за време на овој викенд. Сепак, температурите ќе бидат за неколку степени пониски за разлика од изминатите денови но и покрај ова тие и понатаму ќе бидат над просекот за месец декември.
И во Скопје и околината за време на овој викенд ќе продолжи стабилното суво и претежно сончево време. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Во делови од колтината особено во утринските и во ноќните часови ќе има појава на магла и ниска облачност.
Викендов наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 3 степени а преку ден температурата ќе се искачува во интервалот од 7 до 14 степени.
Во Скопје и околината наутро температурата ќе се спушта за некој степен под нулата а преку ден таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 9 и 11 степени, соопшти Славчо Попоски
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
-
Кичево9 часаСреќна потрага во Кичево, пронајден 12-годишникот кој родителите го пријавија за исчезнат
-
Кичево1 денПразничната магија во Кичево започнува, фотографии со Дедо Мраз, Дочек за Новата 2026 година, Хуманитарен Божиќен Базар
-
Временска прогноза8 часаНи претстои промена на синоптичката состојба со времето, не се исклучува можноста да имаме снег за новогодишните празници!
-
Хороскоп2 денаХороскоп за среда (17 декември)
-
Култура1 денНа врата ни доаѓа големиот празник Св.Никола, светоцот заштитник на децата, сиромашните и работниците, за многу години најчестата слава во македонските домови!
-
Македонија1 денЖивот непредвидлив, вчера вечер до темел изгоре куќата на Јане во село Воѓани, општина Кривогаштани, да донираме и да помогнеме да се возобнови!
-
Хороскоп23 часаХороскоп за четврток (18 декември)
-
Магазин1 денГолема промена кај паметните телефони: SIM-картичката станува минато
