Кичево
Повик до кичевчани, организираме „Еко-Акција“ за уредување на „Базенот“ каде се положува светиот Крст за „Богојавление Водици“

Почитувани верници, сограѓани и познаници. Ве информираме дека на наша иницијатива со целосна поддршка и вклученост на кичевското архиерејско намесништво, за претстојниот голем празник „Богојавление Водици – Кичево 2024“ организираме и ве покануваме на „Еко-Акција“ – ќе го уредуваме „Базенот“ во поранешниот Дом на АРМ, сегашен Правен Факултет – Кичево, место каде со години се положува светиот Крст по повод нашиот најголем празник.
За таа цел потребни сме токму ние кичевчани и луѓе од околината, оние кои се во можност за пружање на помош за чистење, понесување било каков алат кои сметаат дека би бил од потреба, било тоа да е алат за кастрење трнливи површини, Трактор/Возила за смет, предмети за бојадисување, средства за затнување на рушевините во самиот базен, итн..
- „Еко-Акцијата“ е закажана да биде во петок, односно 5-ти јануари во 11:00 часот. Да ја покажеме нашата христијанска свест, онака како што и нашите предци тоа го извршувале и заедно да допринесеме за големиот ден, достојно како што доликува да го прославиме, во чиста и уредена средина.
- За повеќе информации контактирајте ☎️ 078/422-153 ; 077/688-050 ; 078/445-522
Вака беше „Водици 2023“ во Кичево, каде бевме генерални спонзори на настанот:
Кичево
Нова самопослужна автоперална „Fi-Go“ во Кичево: Брзо, практично и достапно решение за чисто возило

Љубителите на чисти и уредни автомобили во Кичево отсега имаат нова, модерна опција за миење и одржување на своето возило. Самопослужната автоперална „Fi-Go“ е отворена и нуди практична услуга за чистење на автомобилот во секое време – благодарение на работното време 24/7, и се наоѓа на локацијата ТУКА
Што нуди „Fi-Go“?
-
Пена: 30 секунди за 10 денари – за ефикасно нанесување на средство за чистење и отстранување нечистотии.
-
Вода: 60 секунди за 10 денари – за темелно испирање на возилото.
-
Правосмукалка: 45 секунди за 10 денари – за брзо и прецизно чистење на ентериерот.
Начини на плаќање
Плаќањето е лесно и достапно за сите – се прифаќаат монети, книжни пари.
Зошто да ја изберете „Fi-Go“?
-
Брзина: За само 10 минути можете целосно да го освежите автомобилот.
-
Флексибилност: Работи 24 часа, секој ден во неделата.
-
Едноставност: Лесно ракување со апаратите и брза услуга.
Ако сакате вашето возило секогаш да биде чисто без да трошите многу време и пари, „Fi-Go“ во Кичево е идеалниот избор. Посетете ја и уверете се во квалитетот на услугата!
Кичево
(ФОТО) ТППЕ Кичево: Нов случај со запалена дива депонија во кичевско

Нов случај со запалена дива депонија во кичевско. Имено од рано утрово овој е втор случај ТППЕ Кичево да излезе на терен.
Последната интервенција е пред половина час во месноста Бичинци, односно покрај пат на дива депонија Бичинци-Мамудовци.
На терен дејствуваше екипа на ТППЕ Кичево со четири пожарникари.
Уште еднаш преку нашиот медиум пожарникарите апелираат за сериозноста на овој период на годината, да внимаваат, бидејќи мал отпушок е доволен за да се случи пожар!
Кичево
(ФОТО) Се запали дива депонија покрај пат кај с.Пополжани, интервенираше ТППЕ Кичево

Во 18:17ч денес пријавено било дека гори дива депонија во близина на с.Пополжани кичевско од битолска страна.
Како што не известија од ТППЕ Кичево, се извршуваат дополнителни активности околу гаснењето.
-
Кичево19 часа
Нова самопослужна автоперална „Fi-Go“ во Кичево: Брзо, практично и достапно решение за чисто возило
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за понеделник (7 јули)
-
Македонија2 дена
ПС за граничен надзор „Охридско езеро“ не запира, фатени живи албански државјани длабоко на наша територија во незаконит лов на риба
-
Спорт11 часа
(ВИДЕО) Екипата на „Рибник-Добреноец“ го освои првото место на традиционалниот турнир во мал фудбал по повод „Иванден“ с.Староец
-
Временска прогноза2 дена
Преку ден „пекол“, од ноќеска заладување со локален дожд, ова се метео информациите
-
Спорт1 ден
За „Иванден“ дефинитивно мора да бидете во с.Староец, на одлична традиција, фудбал и уживање
-
Хороскоп9 часа
Хороскоп за вторник (8 јули)
-
Македонија13 часа
ТППЕ Кичево сеуште дејствуваат во Самоков, до моментов 8 активни пожари ширум Македонија