Спорт
Македонската репрезентација летово ќе одигра пријателски натпревар против Хрватска во Ријека

Фудбалската федерација на Македонија го потврди пријателскиот натпревар против бронзените од последното Светско првенство. На 3. јуни 2024. ќе одигра контролен натпревар против Хрватска во Ријека.
Последниот меч против Хрватска го одигравме на 12. октомври 2012 година од квалификациите за СП 2014. На Националната арена во Скопје, противникот славеше со 2:1. На досегашните осум дуели против Хрватска, Македонија има една победа (17.11.2007, 2:0, квалификации за ЕП 2008)) и два нерешенни резултати.
– Ни претставува задоволство што против Хрватска, една од најсилните европски селекции, ќе одиграме контролен натпревар. Тое е потврда за нашиот статус, силните репрезентации со голема почит гледаат на нашата селекција. Натпреварот ќе биде одлична можност да напредуваме како тим и се разбира да се обидеме да ја зголемиме конкуренцијата во тимот пред почетокот на квалификациските натпревари, изјави селекторот Благоја Милевски.
Спорт
ФФМ со најостра осуда за немилиот настан кој се случи на мечот помеѓу ФК Шкупи и ФК Брегалница

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) со најостра осуда реагира на инцидентот што се случи за време на натпревар од младинските категории (генерации 2009/10) меѓу екипите на Брегалница и Шкупи, кога група родители на гостинските фудбалери насилно влегоа на теренот и физички нападнаа дел од домашните играчи.
ФФМ најавува дека ќе биде поведена дисциплинска постапка против ФК Шкупи и одговорните лица, а надлежните органи ќе преземат соодветни мерки за сторителите на овој срамен чин. Целта е вакво недолично и опасно однесување никогаш повеќе да не се повтори. Таквото однесување е крајно недозволиво и претставува сериозно нарушување на спортскиот дух, фер-плеј принципите и безбедноста на младите спортисти. Загрижувачки е што едно дете претрпе тешки повреди, меѓу кои и скршеници, како директна последица од нападот.
Федерацијата уште еднаш потсетува дека секоја форма на насилство на спортските терени е апсолутно недозволива и ќе биде најстрого санкционирана. За насилство – без разлика од кого и на кое ниво – компромис не постои.
Нашата заедничка обврска е да обезбедиме безбедна, здравствено сигурна и позитивна средина за развој на најмладите генерации фудбалери, соопшти во своето интегрално известување ФФМ.
Спорт
Маркез доминираше денес за големата награда на Унгарија на уникатната патека „Балатон Парк“

Шпанецот Марк Маркез, возач на Дукати, извојува убедлива победа на денешната трка за Големата награда на Унгарија, возена на патеката Балатон Парк. Маркез ја помина целната линија со време од 42:37,68, обезбедувајќи ја својата 98-ма победа во кариерата во сите класи на Мото ГП шампионатот. Овој триумф во Унгарија воедно е и негов десетти во тековната сезона во „кралската класа“.
На второто место заврши Педро Акоста, исто така од Шпанија, кој вози за тимот на Ред Бул, со заостанување од 4,314 секунди зад Маркез. Италијанецот Марко Бечеки, возач на Априлија, се пласираше трет, со заостаток од 7,488 секунди.
Во генералниот пласман, Марк Маркез води убедливо со 455 поени, пред неговиот брат Алекс Маркез од тимот Гресини Рејсинг, кој има освоено 280 поени.
Следната трка од календарот на Мото ГП ќе се одржи на 7 септември, кога ќе се вози Големата награда на Каталонија.
Спорт
Роналдо стана единствен фудбалер во историјата кој постигнал најмалку 100 голови во четири различни клубови

Кристијано Роналдо (40) зад себе има импресивна голгетерска кариера – 450 голови за Реал Мадрид, 145 за Манчестер Јунајтед и 101 за Јувентус, пред неодамна да го постигне и својот 100-ти погодок во дресот на Ал Наср, клуб на кој му се приклучи во декември 2022 година.
Со тоа, Роналдо стана единствениот фудбалер во историјата што постигнал најмалку 100 голови за четири различни клуба. Досега, само Исидро Лангара, Ромарио и Нејмар имаат по 100 голови за три клуба.
Јубилејниот 100-ти гол за Ал Наср Роналдо го постигна во финалето на Саудискиот Суперкуп против Ал Ахли, реализирајќи пенал во 40-тата минута. Натпреварот заврши 2-2 во регуларното време, а иако Португалецот беше прецизен и во пенал-серијата, Ал Ахли славеше со 5-3 и го освои трофејот.
-
Кичево6 часа
(ФОТО) Денес официјално промовиран првиот „Млекомат“ во Кичево, каде присуствуваше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски и Лазар Неданоски од МРФП
-
Кичево11 часа
Утрово на бул. „Ослободување“ во Кичево од автомобил бил удрен повозрасен пешак, веднаш интервенирала екипа на Брза Помош
-
Хороскоп21 час
Дневен Хороскоп за понеделник (25 август)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (24 август)
-
Македонија1 ден
Во Куманово по пожар на сува трева, се зафатил плац со паркирани возила, камиони и автобуси
-
Македонија1 ден
Добра вест: До моментов само 3 активни пожари, состојбата со пожарите се смирува
-
Македонија8 часа
Се вози брзо: Во изминатото деноноќие лишени од слобода пет возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“
-
Спорт22 часа
Маркез доминираше денес за големата награда на Унгарија на уникатната патека „Балатон Парк“