Спорт
Благоја Милевски останува на кормилото на македонскиот национален тим до 2026-та година

Предводникот на нашиот најдобар национален тим останува на селекторската функција до крајот на квалификациски циклус за пласман на Светското првенство 2026, под истите услови како и досега.
„Фудбалската федерација на Македонија, како и досега, ќе биде полна поддршка за селекторот Благоја Милевски и репрезентацијата. Се радуваме на новите предизвици и успеси. Длабоко сме убедени дека со голема страст и амбиција, селекторот и неговиот тим ќе продолжат да работат за напредок на македонскиот репрезентативен фудбал.
Изминатите неколку месеци и натпреварите кои ги одигра македонската А репрезентација ни потврдија дека заеднички сме на вистинскиот пат. Во тимот се чувствува енергија и амбиција за нови големи резултати и уверени сме дека тоа е неверојатен мотив за работата во иднина“, стои во ставот на Управниот одбор на ФФМ.
Исто така, Фудбалската федерација на Македонија заради грубо кршење на одредбите на Статутот на ФФМ изрекува суспензија во траење од 2 години на ОФС Струмица. Фудбалските клубови – членки на ОФС Струмица продолжуваат со натпреварувањето во тековното првенство во истиот ранг на натпреварување каде се натпреварувале пред носење на оваа одлука, а во сезоната 2024/25 во рангот каде оствариле пласман.
Членовите на суспендираната членка нема да трпат спортски последици од изречената суспензија односно: Фудбалските судии и контролори, членови на ОФС Струмица продолжуваат со активно вршење на функцијата на листите каде тековно се наоѓаат согласно правилата за судии и судење.
До носење на наредна одлука, Комисијата за регистрација на ОФС Штип ќе ги извршува сите активности согласно своите надлежности и за клубовите и фудбалерите членови на ОФС Струмица, стои во соопштението на Фудбалската федерација на Македонија.
Спорт
ФФМ и DoubleTree by Hilton – Skopje го официјално партнери, Јандреоски: „Навистина ни е драго што го формализираме ова партнерство со хотел кој веќе е важен дел од нашите репрезентативни активности“

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и DoubleTree by Hilton – Skopje го официјализираа своето ново партнерство кое претставува значаен чекор во унапредувањето на условите и поддршката за македонските фудбалски репрезентации.
Договорот за соработка постигнат од претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ и сопственикот на Double Tree by Hilton – Skopje, Ајдован Адемоски го потпишаа генералниот секретар на ФФМ, Леонид Јандреоски и генералниот директор на DoubleTree by Hilton Skopje, Ѓоре Велковски, потврдувајќи ја заедничката посветеност на градење долгорочна и продуктивна соработка.
Повеќе прочитајте на официјалниот натпис од ФФМ, во продолжение ТУКА
Спорт
Младата женска репрезентација на Македонија во фудбал до 16 години ја победи Бугарија во пенал рулетот, избраничките на Милеска со тоа остварија прва победа!

Женската репрезентација на Македонија до 16 години оствари победа над соодветната селекција на Бугарија по подобро изведување на пенали (4:2) во првото коло од Уефа развојниот турнир што се одржува во Албанија.
Натпреварот заврши 1:1, а во пенал серијата избраничките на селекторот Катерина Милеска беа многу посигурни и на крајот се радуваа на првата победа на развојниот турнир.
Селекцијата на Бугарија имаше предност од 1:0 во 47. минута, благодарение на голот на Емма Варбанов. Ана Марија Цветковска во 86. минута го израмни резултатот на 1:1.
Во пенал серијата, во нашата репрезентација погодија Розита Пецева, Ана Марија Цветковска, Тамара Лазеска и Елена Наумовска. Во селекцијата на Бугарија, прецизни од белата точка беа Зорнитса Коева и Јоанна Георгиева.
Вториот дуел од развојниот турнир го играме на 15. април против Грузија, во истиот термин, од 11:30 часот.
Македонија: Евгенија Велјановска, Лина Мицовска, Бесарта Фида, Розита Пецева, Елена Наумовска, Ана Марија Цветковска, Блехана Алиевска, Марија Велиновска, Елиза Ибрахими, Ема Наневска, Сара Димитровска
Селектор: Катерина Милеска
Извор: ФФМ
Спорт
Фудбалската федерација на Македонија го истакна својот најнов партнер и соработник

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) со гордост го најавува најновото партнерство со еден од најпрепознатливите домашни брендови – Витаминка Прилеп. Соработката претставува поврзување на нашиот фудбал со компанија која претставува составен дел од животите на неколку генерации.
Витаминка ќе обезбеди финансиска поддршка за ФФМ за активности насочени пред се кон младинскиот фудбал и Детска лига. Визијата е заедничка: поддршка на младинскиот развој и здравиот начин на живот.
Производите на Витаминка, особено оние наменети за деца, ќе бидат дел од промотивните активности на ФФМ, со посебен фокус на ФФМ Детската лига – најголемата платформа за младински фудбал во државата, која инспирира илјадници деца да го следат својот спортски сон.
– „Чест ни е да ја претставиме Витаминка како нов член на фудбалското семејство на ФФМ. Како компанија која има долгогодишна традиција и грижа за здравјето на децата, Витаминка е идеален партнер во нашата мисија за поттикнување на детскиот фудбал и поддршка за младинскиот спорт. Заедно ќе создаваме услови за здрав раст и спортски развој на идните генерации.“ – истакна првиот човек на ФФМ, г-дин Масар Омерагиќ
Повеќе прочитајте на официјалниот натпис на ФФМ во продолжение ТУКА
-
Кичево19 часа
Трагична сообраќајка со жртви кај кичевската месност „Сеферов бунар“
-
Кичево21 час
Сообраќајна несреќа предмалку се случила на магистрален пат Кичево-Гостивар во близина на с.Зајас
-
Кичево6 часа
СВР Охрид со детали за стравичната сообраќајка во Кичево која одзеде три животи
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за петок (18 април)
-
Хороскоп18 часа
Хороскоп за сабота (19 април)
-
Култура1 ден
„Велики Петок“, најстрог пост, на денот на христијанската жалост не се работи по дома, ниту на поле..
-
Македонија1 ден
Возел мотор без возачка и со сообраќајна од друг мотор со измината важност
-
Македонија2 дена
Во прилепско пронајдени неексплодирани гранати од Прва светска војна