Следете не

Спорт

Елиф Елмас потпиша за Лајпциг до 2028 година, договор вреден 25 милиони евра

Објавено пред

на

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас е нов фудбалер на Лајпциг. Наполи ќе добие 25 милиони евра, а Елмас потпишува договор до 2028 година.

Германците отворија преговори, понудија 25 милиони евра, а Наполи, на инсистирање и на Елмас, прифати да разговара. И се беше експресно, Елмас треба или утре, или најдоцна на 3.јануари, да ги мине лекарските прегледи и да му се приклучи на својот нов клуб во Германија.

Текст: makfudbal.mk

Спорт

На првиот контролен меч против Црна Гора, футсал Македонија победи, додека вториот се игра утре после пладне

Објавено пред

на

©ФФМ

Македонската А футсал репрезентација забележа победа на првиот контролен натпревар против Црна Гора. Дуелот одигран во Никшиќ мина во наша доминација, победивме со резултат 2:0. Првото полувреме заврши со предност за Македонија. Голоѕ за наша предност го постигна Драган Петровиќ. Во вториот дел постигнавме уште еден гол преку Таулант Исмаил за конечни 0:2.

Димитар Јанев имаше добри шанси за гол во првото полувреме, како и Берат Рамадан и Иван Крстевски во вториот дел.

Вториот контролен натпревар против Црна Гора го играме утре од 17:00 часот.

Прочитај повеќе...

Спорт

Претставниците на ФФМ, Филип Поповски и Сашо Даневски дел од организацијата на „ЕУРО 2024“

Објавено пред

на

©ФФМ

Претставници на Фудбалската федерација на Македонија, Филип Поповски во улога на делегат на натпревари и Сашо Даневски, кондициски тренер на фудбалски судии, добија голема чест да бидат дел од организацијата на натпреварите на Европското првенство 2024 во Германија.

Филип Поповски е одреден за делегат на сите натпревари кои ќе се одиграат на Олимпискиот стадион во Берлин: Шпанија – Хрватска, Полска – Австрија, Холандија – Австрија и натпреварите од елиминациската фаза, 1/8 финале, 1/4 финале и големото финале на 14. јули 2024.

Сашо Даневски, кондицискиот тренер на фудбалски судии, веќе три седмици во Франкфурт работи со делегираните судии за Европското првенство. Нашиот Даневски, исто така, беше одговорен за следење на тренинг процесот на судиските тимови кои ја делеа правдата и на финалните натпревари од Лига на Шампиони и Лига Европа.

Ова признание и улогата која им е доделена на Филип Поповски и Сашо Даневски ја истакнува стручноста, посветеноста и професионализмот во нашата федерација. Во улога на делегати на мечевите во организација на УЕФА, претставниците на ФФМ и досега ги одржуваа највисоките стандарди на организација и ефикасност на натпреварите. Дополнително, фитнес тренерите работат со судиите за да се осигураат дека тие се во врвна физичка кондиција, што е клучно за одржување на брзиот и напорен карактер на турнирот.

Доверувањето на овие одговорности ја нагласува довербата што организацискиот одбор на ЕУРО 2024 и УЕФА  ја имаат во способностите.

„Пред се би сакал да се заблагодарам на Фудбалската федерација на Македонија за несебичната поддршка на сите оние кои ја преставуваат нашата федерација и нашта држава на големи настани како што е Европското првенство. Благодарност и до УЕФА која го препознава нашиот труд и квалитет и ни ја дава можноста да бидеме дел од ова големо натпреварување. Функцијата делегат на натпреварите на Олимпискиот стадион во Берлин е привилегија, но и многу одговорна функција која е поврзана со сите спортски аспекти на самиот стадион. Јас верувам дека ќе се покажеме во најдобро можно издание и ќе направиме простор за идни наши преставници да бидат дел од европските натпреварувања“, за јавноста преку ФФМ изјави Филип Поповски.

Прочитај повеќе...

Спорт

Македонија со два крајно сомнителни пенали загуби од Чешка на гостински терен, последниот беше досуден во 97-та минута од натпреварот

Објавено пред

на

©ФФМ

Македонската А репрезентација со два сомнително досудени пенали загуби од домашната Чешка со 2:1 на контролниот натпревар во Храдец Кралове. Барак погоди од непостоечки пенал во 97. минута. Исник Алими во 65. минута го даде голот за Македонија за израмнување на 1:1. Спорен момент беше и првиот гол од пенал за домаќините. Чешките фудбалери се судрија во казнениот простор, Муслиу беше зад капитенот Соучек и по скоро минимален контакт, судијата Оченаш одлучи да покаже на белата точка. Прекинот траеше одредено време, имаше и тензија, но одлуката не беше променета. Предност за домашните донесе Патрик Шик во 60. минута.

Чешка беше многу поактивна во првото полувреме. Домаќинот се закани на стартот преку Шик, но топката заврши во корнер. Потоа се обиде и Хложек, а во 20. минута Муслиу спаси гол по ударот на Коуфал. Во 31. минута, Македонија првпат се закани кога по една мешаница шутираше Исник Алими, но само во рацете на Станек.

ЧЕШКА: Штанек; Холеш, Хранач, Крејчи; Куфал, Соучек, Хложек, Провод, Доудера; Шик, Кухта;

МАКЕДОНИЈА: Димитриевски; Ашковски (77’ Димоски), Зајков (72′ Серафимов), Делковски, Муслиу, Алиоски (89′ Иљазовски), Костадинов, Алими, Атанасов; Елмас (89′ Ќамили), Трајковски (77’ Ристовски);

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп4 часа

Хороскоп за сабота (15 јуни)

ОВЕН Неочекувани препреки ќе излезат неочекувано на вашиот пат. Но немојте да паничите. Тоа не е лоша среќа, само потсетување...

Временска прогноза6 часа

Метео анализа за лето 2024, пред нас пеколни горештини но и временски непогоди, ова се информациите

Со оглед на тоа дека летото сеуште календарски не е започнато, а од друга страна веќе се соочивме со првиот...

Lifestyle16 часа

Се почесто се појавуваат комарци и крлежи. Еве како да се заштитите ова лето

Комарците и крлежите можат да пренесат векторски болести кои се пренесуваат и се почесто се појавуваат. Лајмската болест е заразна...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за петок (14 јуни)

ОВЕН Денес, ќе добивате разни сигнали од луѓе со кои работите и пријатели, па затоа не е изненадувачки што ќе...

Магазин2 дена

Никогаш не би погодиле: Дали знаете што значи зборот „Google“?

Google е основан во 1998 година од компјутерските научници Лари Пејџ и Сергеј Брин – но дали знаете што всушност...

Магазин2 дена

Apple објави нова листа на застарени уреди

Apple објави нова листа на уреди за кои ја прекинува поддршката. Меѓу нив беа iPhone 5S, 21,5″ iMac и шестата...

Технологија2 дена

„nVIDIA“ го престигна „Apple“ и стана втора највредна компанија во светот

Nvidia достигна рекордни височини и ја надмина границата од 3 трилиони долари. Со тоа го престигна Apple и стана втора...

Спорт2 дена

На првиот контролен меч против Црна Гора, футсал Македонија победи, додека вториот се игра утре после пладне

Македонската А футсал репрезентација забележа победа на првиот контролен натпревар против Црна Гора. Дуелот одигран во Никшиќ мина во наша...

Култура2 дена

Денес е празник, денеска е „Спасовден“, четириесет дена по Велигден, ова се обичаите и верувања за овој голем празник

Празникот на Христовото вознесение – Спасовден спаѓа во големите христијански празници, се празнува 40 дена по Велигден и секогаш е...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за четврток (13 јуни)

ОВЕН Расположението на денот е чиста среќа, драги наши Овни! Уживате во плодовите на вашиот труд. Beе можете да се...

НАЈЧИТАНИ