Спорт
Фудбалската федерација на Македонија истакна известување за рок за пријавување за испит за стекнување со лиценца за ФИФА фудбалски агент

Рокот за пријавување на кандидати за испит за стекнување со лиценца за ФИФА фудбалски агент е во периодот од 1. јануари до 31 март 2024 година, а испитот ќе се одржи во Мај 2024 година (за точниот датум дополнително ќе има известуње ).
Сите заинтересирани лица доколку не се уште регистрирани, да се регистрираат како нови, тоа можат да го направат на:
а) платформата: agents.fifa.com
б) апликантите треба да ги исполнуваат критериумите наведени во Правилникот за ФИФА фудбалски агенти.
в) успешно да го положат испитот кој го спроведува ФИФА (електронски) во организација на ФФМ.
г) доколку успешно го положат испитот да го платат утврдениот годишен надоместок кон ФИФА во износ од 600 долари.
д) пред полагање на испитот да уплатат такса за организација на испитот кон ФФМ во износ од 250 евра во денарска противвредност, по среден курс на денарот на НБРМ денот на уплатата.
За сите прашања и информации во врска со стекнување со лиценца за ФИФА фудбалски агент можете да се обратите кај одговорното лице од ФФМ, Александра Ѓурчиновска, [email protected], тел: 075339716.
Спорт
Омерагиќ: Се гледаме во вторник на градски, приходите од влезниците ќе бидат за семејствата на трагично загинатите во Кочани

Сакам од срце да им честитам на нашите фудбалери за победата, карактерот и борбеноста.
Ова е победа која ја заслужија – фудбалерите, стручниот штаб и нашите навивачи, кои уште еднаш покажаа дека се најдобрите на светот.
Во овие тешки моменти, нашите мисли се со семејствата на настраданите во големата трагедија во која животот го загубија многу млади луѓе.
Како знак на поддршка и солидарност, сакам да најавам дека приходот од влезниците за нашиот следен натпревар против Велс ќе биде дониран за повредените и семејствата на загинатите.
– Ова е време кога фудбалот покажува дека е повеќе од игра – фудбалот и репрезентацијата обединуваат и помагаат.
Да продолжиме заедно, со срце и со верба за Македонија.
– Се гледаме во вторник на Националната арена, за јавноста истакна првиот човек на ФФМ, г-дин Масар Омерагиќ, после победата во гости на нашата селекција против Лихтенштајн од 0:3.
Спорт
Ова се стартните 11 на македонската фудбалска репрезентација против Лихтенштајн

Почетните 11. на Македонија против Лихтенштајн
#НапредМакедонија 🇲🇰
#ГордиПодСонцето ☀️
#ХрабриВоСрцето 🇲🇰
Спорт
Голем гест за почит, средствата од билети на мечот Пелистер – Вардар ќе одат за семејствата на загинатите во Кочани

ФК Пелистер вечерва ја извести јавноста дека приходот од билетите од натпреварот Пелистер – Вардар во рамките на 25. коло ќе бидат наменети за семејствата на трагично загинатите во дискотеката во Кочани.
Преку социјалните мрежи ги повикуваат сите навивачи, симпатизери и љубители на фудбалот да учествуваат во оваа хуманитарна акција.
Цена на билетот: 200 денари
-
Македонија11 часа
Уапсени сопственици на локали кои не почитувале денови на жалост и пуштале музика
-
Кичево2 дена
Со едногласна одлука советот на Општина Кичево изгласа финансиска помош за настраданите во Кочани
-
Македонија1 ден
(ВИДЕО) Огромен пожар во Струмица, помеѓу Софилар – Баница, ветерот дополнително го отежнува дејствувањето, за состојбата се огласи и градоначалникот
-
Временска прогноза1 ден
Доаѓа медитерантски циклон кој носи големо количество на врнежи од дожд
-
Култура14 часа
Денес е „Младенци“, честит именден и честит брак на тие што стапиле и се нови брачни парови
-
Спорт1 ден
Македонската фудбалска репрезентација утре стартува со првиот меч во квалификациите за СП 2026, Милевски се надева на победа со која ќе се продолжи серијата позитивни резултати
-
Магазин1 ден
Рецепт од нашите баби: Како да направите домашно кисело млеко?
-
Lifestyle1 ден
Оревите за појадок – тајната за здравје и брзо слабеење