Мобилни уреди
За месецов закажана презентацијата на најновиот Samsung S24, најмоќниот процесор се очекува да биде во „S24 Ultra“ серијата

Оваа година во Сан Хозе, Калифорнија, на 17 јануари на новиот настан Samsung Galaxy Unpacked ќе биде објавена новата серија на телефони Samsung Galaxy S24. Компанијата официјално закажа датум, а покрај новите телефони треба да видиме и претставување на технологијата Galaxy AI, односно вештачката интелигенција на Samsung.
Samsung Galaxy Unpacked започнува во 10:00 часот по Пацифичко време, што значи дека кај нас настанот всушност ќе се емитува во 19:00 часот, според средноевропското време. Иако тогаш официјално ќе ги видиме новите телефони од претстојната серија Samsung Galaxy S24, преку инсајдери дознавме речиси сè за овие телефони, но сепак можеби ќе видиме изненадувања, со оглед на тоа дека тоа беше неофицијална информација.
Сите три телефони од серијата го задржуваат целокупниот дизајн на нивните претходници, со таа разлика што сега ќе имаат главно рамни наместо заоблени екрани. Телефоните ќе бидат придружени со новиот кориснички интерфејс One UI 6.1, проткаен со вештачка интелигенција и базиран на оперативниот систем Android 14.
Технологијата за вештачка интелигенција треба да го подобри ноќниот режим на фотографирање, преводот во живо за време на повиците и да донесе еден куп софтверски оптимизации. Што се однесува до другите карактеристики, знаеме дека европските членови на новата серија најверојатно ќе имаат чип Exynos 2400, а само моделот Ultra наводно ќе го има најновиот чипсет Qualcomm Snapdragon 8 Gen 4 на секој пазар во светот.
Мобилни уреди
Што носи новиот „iOS 26“? Естетика и функционалност во еден пакет

iOS 26 носи значителни подобрувања во персонализацијата и продуктивноста, овозможувајќи iPhone да стане уште пофлексибилен и прилагоден на потребите на корисниците.
Најголемите промени се забележуваат уште на почетниот екран, каде што е воведен ефект на „течно стакло“ со транспарентни икони и обновени виџети кои сега поддржуваат боја и различни нивоа на транспарентност. Ова дава свеж, минималистички и модерен изглед на интерфејсот.
Меѓу најинтересните новитети е функцијата Local Capture во Control Center, која овозможува снимање аудио и видео за време на повици, со автоматско зачувување на содржината во апликацијата Files. На овој начин корисниците добиваат дополнителна безбедност и практичност, без потреба од апликации од трети страни.
Апликациите исто така добија значајни надградби. Во Messages фотографиите во разговорите може да се пронајдат со еден допир, додека Weather овозможува персонализирано следење на временските услови за повеќе локации од дома и работа до омилените дестинации.
Новата апликација Preview ја олеснува обработката на слики со функции како ротирање, сечење, менување на големината и дури отстранување на позадина. Од друга страна, Photos додава светол и темен режим при уредување, побрз пристап до албуми и можност за генерирање случајни позадини.
Notes доби гестови за враќање и повторување на промени, додека Siri сега поддржува и внесување на команди преку текст особено корисно во ситуации кога гласовното користење не е практично. Дополнително, системот автоматски препознава датуми во скриншоти и нуди опција за брзо додавање на настани во календарот.
Сите овие подобрувања покажуваат дека iOS 26 е креиран со идеја да понуди подобро корисничко искуство, комбинирајќи модерен дизајн со практични алатки што го олеснуваат секојдневното користење на iPhone.
Мобилни уреди
Новиот процесор за мобилни телефони на „Qualcomm“ ќе се вика „Snapdragon 8 Elite Gen 5“

Qualcomm најави дека неговиот следен водечки мобилен процесор ќе се вика Snapdragon 8 Elite Gen 5 – име што може да делува збунувачки, бидејќи е наследник на минатогодишниот Snapdragon 8 Elite. Иако официјалното претставување ќе се одржи на самитот Snapdragon од 23 до 25 септември, компанијата веќе објасни зошто направила промени во брендирањето.
– „Можеби изгледа како да сме прескокнале неколку генерации, но вистината е многу поедноставна – и помоќна. Snapdragon 8 Elite Gen 5 ја претставува петтата генерација на нашите премиум платформи од серијата 8, откако го воведовме новиот едноцифрен систем на именување и новиот визуелен идентитет“, напиша Qualcomm во блог објава. „Затоа, иако името звучи поинаку, тоа всушност е продолжение на нашата постојна рамка.“
Со оваа промена, компанијата сака да ја направи еволуцијата на своите водечки чипсети појасна за потрошувачите. По моделите Snapdragon 8 Gen 1, Gen 2 и Gen 3, Qualcomm ја наруши доследноста со минатогодишниот Snapdragon 8 Elite, кој всушност е четвртата генерација.
Сега, враќањето на генерациските броеви ја нагласува припадноста на сите модели во едно исто семејство и временска рамка на издавање, а истовремено – можеби не случајно – го избегнува бројот четири, кој традиционално се смета за несреќен во кинеската култура.
Извор: theverge.com
Мобилни уреди
„Apple“ ја претстави новата серија на iPhone 17

Apple ја претстави новата серија iPhone 17. Почетната цена во САД за основниот модел изнесува 799 долари, додека за iPhone 17 Pro ќе треба да се издвојат 1.099 долари. Во Европа и Србија се очекуваат нешто повисоки износи. Продажбата започнува на 19 септември.
Телефоните доаѓаат со новиот A19 процесор, а екранот сега има 6,3 инчи и е заштитен со керамички слој – мал напредок во однос на 6,1-инчниот дисплеј кај iPhone 16.
Камерата претрпе големо унапредување и нуди резолуција од 48 мегапиксели, што е четири пати повеќе од претходната генерација.
Во прилог одличната рецензија и првите впечатоци за „чудовиштето“ од мобилен телефон на јутјуберот „Brian Tong“
Инаку, моделот iPhone 17 Pro се разликува со редизајн, посилна батерија, зголемена меморија и нов систем за ладење кој овозможува подобри перформанси на чипот.
Покрај главните модели, Apple го најави и iPhone Air – најтенкиот iPhone досега. Со дебелина од само 5,6 милиметри, екран од 6,5 инчи и конструкција направена од 80% рециклиран титаниум, овој уред е посебен акцент на презентацијата.
-
Кичево18 часа
Кичевските бербери на состанок одлучија да ги поскапат нивните услуги
-
Кичево6 часа
Ноќеска „ТППЕ Кичево“ со полни раце работа, спречен поголем пожар во населба „Девеана“
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за вторник (7 октомври)
-
Хороскоп18 часа
Хороскоп за среда (8 октомври)
-
Македонија3 часа
Прилеп: Традицијата продолжува, на 11-ти октомври на „Авто слалом“, кичевчанецот Кристијан Бојоски во нов поход кон пиедесталот на награди!
-
Македонија2 дена
Од вечерва горивата со намалена цена за литар
-
Македонија1 ден
Целосно затворен патен правец Велес-Тетово помеѓу Волково и Кондово, истиот ќе се одвива двонасочно поради градежни работи
-
Хроника1 ден
По долга и тешка болест почина познатиот пејач – Халид Бешлиќ