Скопје
Приведен крадец од Скопје, одземеното е вратено на сопственичката

На 16.01.2024 во 16.30 часот на подрачје на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар го лишиле од слобода А.Б.(55) од Скопје. При качување во автобус, тој бил затекнат при вршење кражба на мобилен телефон од малолетничка од Скопје.
Одземеното било пронајдено и вратено на сопственичката, а лицето било приведено во полициска станица.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, истакна МВР.
Скопје
СВР Скопје лиши од слобода уште еден предизвикувач на пожар

Денеска (11.07.2025) полициски службеници од СВР Скопје во 18.30 часот, кај старата депонија во с.Огњанци го затекнале А. Ф. (61) од с.Огњанци, како предизвикува пожар на сува трева и ѓубриште.
Пожарот е изгаснат, а А.Ф. е лишен од слобода во полициска станица и ќе биде известен надлежен јавен обвинител, предмалку информира МВР.
Скопје
Лишени уште две лица во Скопје, фатени како предизвикуваат пожар

На 10.07.2025 во 15:30 часот, при вршење на патрола на патот помеѓу Кадино и Миладиновци од страна на полициски службеници од Единица за интервентна полиција при СВР Скопје е забележан црн дим (чад), при што затекнати се две лица кои имаа запалено кабли во близина на сува трева и ѓубре (дива депонија). Со брза реакција пожарот е спречен да се прошири и истиот е изгаснат.
Утврдено е дека станува збор за лицето И.Б.(39) од Куманово и А.Б.(31).
Лицата се лишени од слобода во Полициска станица Гази Баба и ќе биде известен Јавен обвинител за поднесување на соодветна пријава, соопшти МВР предмалку.
Скопје
Повторно целосно прекинат сообраќајот кон Граничниот премин Блаце поради пожар

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека поради повторно разгорување на пожарот во близина на Блаце, целосно е прекинат сообраќајот на патниот правец Скопје-ГП Блаце, во двата правци, а затворен е и граничниот премин Блаце.
Министерството за внатрешни работи во координација со другите надлежни институции презема мерки за гасење на пожарот.
МВР апелира до граѓаните да не тргнуваат кон ГП Блаце до гасењето на пожарот и нормализирање на сообраќајот, за што соодветно ќе ја информираме јавноста.
-
Кичево7 часа
Албански државјанин на кичевската полиција им понудил пари, бил експресно лишен од слобода!
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за петок (11 јули)
-
Кичево1 ден
ТППЕ Кичево и денес интервенираа на опожарена куќа и плевна
-
Хороскоп22 часа
Хороскоп за сабота (12 јули)
-
Култура1 ден
Кичевската парохија истакна известување за Хиротонијата на идниот високопреосвештен Митрополит дебарско-кичевски г. Георгиј
-
Култура10 часа
Денес е голем празник „Петровден“, утре „Павловден“ – ова се народните верувања за празниците, за многу години!
-
Македонија1 ден
Лишен од слобода старец од тетовско, на нива запалил сува трева и отпадоци
-
Lifestyle1 ден
Топлотниот бран може да биде смртоносен за кучињата оставени во автомобил – еве како да ги заштитите