Кичево
Потсетување на „Водици 2023“ во Кичево, како и најсреќните скокачи до сега, кои го извадија светиот Крст од осветените води..
Полека и оваа година господова 2024-та традиционалната и верска манифестација продолжува, така што во пресрет на големиот празник „Богојавление Водици“ со помош на нашата архива, нашите пријатели како и Кичевската парохија, се потрудивме да ја направиме листата со најсреќните скокачи по светиот Крст кои го пронајдоа и извадија од Кичевските осветени води назад во годините..
- 199* Никола Петрески
- 1996 Злате Матески
- 1997 Златко Богданоски
- 1998 Раде Мисајлески
- 2008 Кристијан Бојоски
- 2010 Јовица Тренески
- 2011 Синиша Стојаноски
- 2012 Даниел Симоноски
- 2013 Бобан Стефаноски
- 2014 Тане Србиноски
- 2015 Дени Дамчески
- 2016 Дејан Момироски
- 2017 Дарио Вренцоски
- 2018 Кристијан Врапчароски
- 2019 Христијан Митрески
- 2020 Кристијан Врапчароски
- 2021 Нема манифестација поради пандемијата од Коронавирусот
- 2022 Кристијан Врапчароски
- 2023 Алек Хлоупек
За текот во очи на празникот и настаните околу организацијата како и почетокот на истата, преку нашиот медиум благовремено ќе ве известиме, додека официјално видео од ланската манифестација каде најсреќен беше Алек Хлоупек, може да го погледнете во продолжение!
За многу години, вечна да е традицијата!
Кичево
Поради градежни активности на автопат Охрид-Кичево кај Подмоље ќе се врши пренасочување на сообраќај до среда
СВР Охрид ги известува граѓаните дека поради изведување на градежни работи во делот на автопатот Охрид-Кичево, кај клучката Подмоље, во наредните денови, односно до среда – 05.12.2025 ќе се врши пренасочување на сообраќајот и тоа возачите кои ќе се движат од Охрид кон Струга, од Струга кон Скопје и од Скопје кон Струга ќе треба да се движат исклучиво преку клучката кај Св. Еразмо, за Порта.мк известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Кичево
Јанев денес беше во посета на ОВР Кичево, заедно со раководствата на „РЦ Запад“ и регионалниот сектор за внатрешни работи Охрид
Во рамки на денешната работна посета на Одделението за внатрешни работи во Кичево, директорот на БЈБ Александар Јанев оствари средба со раководствата на регионалниот Сектор за внатрешни работи Охрид и регионалниот Граничен центар Запад. На средбата, како што беше соопштено, детално биле разгледани последните случувања поврзани со инволвираност на полициски службеници од Кичево во случајот со грабежот во гостиварска златара, како и општата безбедносна состојба во регионот со особен акцент на општините каде што ќе се одржи вториот круг од локалните избори.
Јанев изрази благодарност кон сите полициски службеници кои, како што нагласи, секојдневно ја вршат својата должност со интегритет, посветеност и професионализам.
Кичево
„Џојсон Сeјфти Системс“ – Кичево заедно со „ОВР Кичево“ во кичевските училишта реализираа едукативна кампања на тема „Безбедноста на учениците во сообраќајот“
Во насока на унапредување на своите активности за корпоративна општествена одговорност, Џојсон Сeјфти Системс Македонија ДООЕЛ Кичево во соработка со ОВР Кичево реализираа едукативна кампања на тема „Безбедноста на учениците во сообраќајот“.
Активноста беше спроведена во основните училишта „Д-р Владимир Полежиноски“ и „Кузман Јосифоски Питу“ во Кичево, со цел подигнување на свеста кај учениците за значењето на безбедното однесување во сообраќајот и превенција од сообраќајни незгоди.
Преку презентации, едукативни активности и практични совети, вработените на компанијата на учениците им овозможија да стекнат нови знаења за правилното движење по улиците, користењето на пешачки премини, препознавањето на сообраќајните знаци, значењето на внимателноста при учество во сообраќајот и значење на употребата и користењето на системите за безбедност.
Со оваа иницијатива, Џојсон Сeјфти Системс Македонија ДООЕЛ Кичево уште еднаш ја потврдува грижата за луѓето и заедницата како и својата заложба за поддршка на локалната заедница и промовирање на општествено одговорни вредности. Компанијата останува посветена на континуирано реализирање на проекти кои придонесуваат за создавање побезбедна и поодговорна средина за сите граѓани.
Во прилог, повеќе фотографии од овој настан:
/ПР
-
Хороскоп2 денаХороскоп за петок (31 октомври)
-
Хороскоп23 часаМесечен Хороскоп (ноември 2025)
-
Временска прогноза2 денаПопоски: Ни претстои потопла зима, но со повеќе снег од лани
-
Кичево2 денаПоради градежни активности на автопат Охрид-Кичево кај Подмоље ќе се врши пренасочување на сообраќај до среда
-
Здравје и убавина1 денПијалокот „Ракија“ може да лекува, еве десет значајни случувања кои може ракијата позитивно да дејствува врз нив
-
Скопје2 денаЛишен од слобода возачот кој удри малолетничка на ул. „Перо Наков“ во Скопје и избега од местото на настанот
-
Култура2 денаДенеска е „Св.Апостол Лука“, честит именден и роденден на сите кои слават
-
Македонија8 часаДодека преземал службени дејствија жител на Велешта нападнал полициски службеник






