Следете не

Кичево

(ВИДЕО) Порта.мк од превој „Стража“, снег врне на -5 степени, ова е моменталната состојба

Објавено пред

на

@porta.mk

Нашата екипа предмалку го посети превој „Стража“ кој е еден од најфрекфентните места преку цела година, а во зима речиси најмногу проблематичен поради обилните врнежи од снег.

Екипите на ЈП Македонија пат со сите расположливи средства се излезени на терен и го расчистуваат снегот, кој непрекинато паѓа и на моментални -5°C, а додека искачувавме има делници каде температурата се спушта и до -8°C.

На кратко, вака изгледа моментално превој „Стража“, каде моментално активна е забрана за ТТВ, односно Гостивар кон Стража (Кичево) и Маврово (кон Дебар).

Апелираме до возачите кои транзитираат, да внимаваат и да се придржуваат према условите на коловозот и да не тргнуваат без зимски гуми.

Кичево

Вечерва во НУЦК „Кочо Рацин“ прва изложба на кичевчанецот Зоран Здравески насловена како „Железна поезија“, вечер на креација, инспирација и разговори

Објавено пред

на

©porta.mk

Вечерва со почеток од 19:30ч во фоајето од Центарот за култура „Кочо Рацин“ – Кичево ќе се одржи изложбата „Железна поезија“ на Зоран Здравески. Роден во Кичево на 17 јануари 1975 година. Завршил средно образование како машински техничар, а професионално е ангажиран во приватна фирма специјализирана за метал и обработка на метал.

Паралелно со работата, неговата страст е изработката на железни скулптури. Контраст меѓу студеното и топлото металот е „ладен”, а уметноста му дава „топлина”.

Тој контраст создава поезија што се чувствува без зборови. Со еден збор, „Железна поезија” кажува дека уметноста може да направи и најцврстиот материјал да пее.

Екипата на Порта.мк му честита за првата негова изложба, со надеж за уште поголеми проекти во иднина. Повелете и дадете поддршка со вашето ценето присуство на една поинаква уметничка вечер исполнета со креација, инспирација и разговори.

Прочитај повеќе...

Кичево

ЕВН: Времен прекин на електрична енергија утре во следните кичевски места

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Како што информираат од ЕВН, поради зафати на електродистрибутивната мрежа утре 12.09 – петок, „ЕВН КЕЦ Кичево“ ќе работи на терен, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат домаќинствата и објектите на следните места од град Кичево:

КИЧЕВО  Ресторан и Маркет Атва (пожарна), Сетек, Стокомак, Скопска Пивара, Магацин за пелети, Синдикат ССМ и околните објекти 12.09.2025 08:30 12.09.2025 15:30
  • Напомена: Времетраењето „од-до“ може да зависи од ефикасноста на работата.
Прочитај повеќе...

Кичево

Денес е 11-ти септември – Ден на ослободувањето на град Кичево, далечната 1943, пред 82 години станува првоослободениот град во Македонија

Објавено пред

на

©porta.mk

На денешен ден, 11 септември 1943, пред точно 82 години по капитулацијата на Италија во Втората светска Војна, партизанските единици по жестоки борби го ослободуваат градот Кичево. Со тоа Кичево стана првоослободениот град во Македонија. Ова е првото ослободување на Кичево кое во наредните месеци уште неколку пати ќе биде окупирано и ослободувано. Во градот била формирана народна власт во која учество зеле претставници од сите националности кои живееле во градот.

За прв пат на дело се почувствувала заедничката слобода. На 26 септември е одржан голем народен митинг. Куриозитет е тоа што на балистичките водачи им била простена соработката со италијанските и германските фашисти и дури им било доверено чување на границата кон тогашна фашистичка Бугарија во околината на Бигор Доленци. Лојалноста на овие единици била многу кратка…

За помалку од еден месец од правец на Гостивар започнува масовен германски напад кон слободната територија која е бранета на планината Буковиќ од малубројната силномотивирана чета на чело со Мирко Милески која во таа прилика е збришана. Предадени и изневерени од страна на балистите и со поддршка на бугарската авијација, партизаните се повлекуваат кон Копачка, а Кичево е повторно окупиран.

Тука, во Кичево, беше родена слободна Македонија, земја на рамноправните и слободољубиви луѓе. Вечна слава на хероите кои беспоштедно влегоа во борба и го направија големиот подвиг со кој се навести конечното ослободување на Македонија.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Фото: William Hook @ unsplash Фото: William Hook @ unsplash
Магазин4 часа

iOS 26, iPadOS 26, watchOS 26 и macOS 26 пристигнуваат на 15 септември – компатибилни уреди и нов дизајн

Apple официјално објави дека iOS 26, iPadOS 26, watchOS 26, macOS 26 и visionOS 26 ќе излезат од бета и...

Фото: Clint Patterson @ unsplash Фото: Clint Patterson @ unsplash
Магазин4 часа

Microsoft потсетува: Остануваат само 30 дена…

Microsoft официјално ги потсети корисниците за крајот на поддршката за Windows 10. Компанијата објави дека на 14 октомври 2025 година...

Спорт6 часа

„ФК Напредок“ денес на домашен терен го игра првиот натпревар од новата сезона, ве повикуваме сите на градски како во старите добри времиња

Стартот во новата сезона во рамките на Трета лига Запад „Фудбалскиот Клуб НАПРЕДОК“ ќе ја започне на домашен терен,а за...

Хороскоп17 часа

Хороскоп за недела (14 септември)

ОВЕН Вие сте упорни во сѐ што ќе наумите, па ако деловниот успех е ваш приоритет нема сомнежи дека ќе...

Спорт1 ден

Анчелоти до Нејмар: „Во денешно време е морате да бидете во добра форма“

Во интервју за ESPN, трофејниот тренер откри дека би сакал еден од најдобрите фудбалери од последната деценија да го види...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за сабота (13 септември)

ОВЕН Не се вознемирувајте премногу ако некој ве разочара утрово. Сочувството, разбирањето и општата помош што сте подготвени да им...

Свет2 дена

Денес во Киргистан беше регистриран силен земјотрес

Во Киргистан денеска е регистриран земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала, информира Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Потресот бил...

Автомобили2 дена

BMW и Qualcomm развиваат систем за помош при управување „Snapdragon Ride Pilot“

BMW и Qualcomm го претставија новиот систем за помош на возачот „Snapdragon Ride Pilot“, кој за прв пат ќе биде...

Скопје2 дена

СВР Скопје: Кривична пријава против двајца скопјани, одгледувале канабис во нивните дворови

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за криминалистички истраги – Единица за недозволена трговија со дрога,...

Фото: Heidi Fin @ unsplash Фото: Heidi Fin @ unsplash
Магазин2 дена

Промената што ја чекавме со години пристигна на Spotify

По повеќе од седум години најави и одложувања, Spotify конечно воведува lossless квалитет на звук – функција што корисниците одамна...

НАЈЧИТАНИ