Кичево
Уште малку до целта! Телефони во рака, да го одложиме нашето кафе и да донираме за Владо Симјановски од Кичево за негово лекување од тешката болест!

Почитувани добри и хумани луѓе, наши сограѓани, познаници, пријатели и добронамерници. Пред нас е тежок период. Веќе извесно време кичевчани и останатите големи луѓе самоиницијативно собираат финансиски средства за лекување за нашиот кичевчанец Владо Симјановски (47) кој боледува од тешка болест на десното белодробно крило на кое му е дијагностициран рак, додека моментално престојува на болничко лекување во болницата „Меморијал“ односно „Memorial Antalya Hastanesi“ во Република Турција.
Операцијата е во вредност е 32,000 евра, трошкови кои семејството Симјановски не може да ги покрие. До сега за рекордно време покажавме дека можеме и дека сме луѓе со големо срце, ајде да ги дособереме останатиот дел од финансиите, да го одложиме нашето кафе и да допринесеме за што побрзо да се соберат финансиските средства за Владо повторно да му се насмевме на животот!
Донации од „100 денари“ повик преку мрежата на „Телеком“ и „А1 Македонија“
Телеком : 143 – 414
А1 : 143 – 666
Донации преку трансакциска сметка за Македонија
Име на банка: Комерцијална Банка АД Скопје
Број: 300017025428784
Име/Презиме: Владо Симјановски
Донации преку девизна сметка за странство
Fist Name/Last name: Slavica Avramoska
Address: s.Tuin – Kichevo
Acc no: 0230706863422
IBAN Code: MK07300307068634267
BIC/SWIFT Code: KOBSMK2XOHB
Bank name: Komercijalna Banka AD Skopje
– Да бидеме хумани, рака што дава не се суши, уште малку сме до целта! –
СПОДЕЛИ СРЕЌА!
Кичево
Неконтролирано се движел, по пријава во Кичево бил сопрен, констатирано е дека бил пијан!

Денеска (18.07.2025) околу 14 часот на патот Охрид-Кичево полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Б.К.(48) од Скопје, затоа што управувал патничко моторно возило “тојота” со скопски регистарски ознаки, под дејство на алкохол.
Имено, по претходно добиена пријава на телефонскиот број 112 дека едно возило се движи неконтролирано по патот, преземени се соодветни мерки од страна на полициските службеници и возилото е запрено, а со тоа спречена е евентуална сообраќајна незгода која би можела да има тешки последици.
Притоа, било утврдено дека возачот е во полусвесна состојба и веднаш со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Медицинскиот центар во Кичево.
Откако му била пружена лекарска помош и неговата здравствена состојба значително била подобрена, извршено е алкотестирање, при што било утврдено дека имал 3,15 промили алкохол во крвта, при што лицето било лишено од слобода.
По целосно документирање на случајот, против Б.К. ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик “безобѕирно управување со моторно возило”, информира МВР.
Кичево
АТВА Маркети со нова викенд и неделна акција на производи, пазари и штеди уште веднаш!

Од денес во нова неделна и викенд на акција на производи во АТВА Маркети – Кичево
Заштеди веднаш, само во АТВА Маркети!
Кичево
Во с.Цер кичевско биле забележани непознати лица кои нуделе Цептер продукти и запишувале присуство

-
Кичево1 ден
Во с.Цер кичевско биле забележани непознати лица кои нуделе Цептер продукти и запишувале присуство
-
Кичево8 часа
Неконтролирано се движел, по пријава во Кичево бил сопрен, констатирано е дека бил пијан!
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (18 јули)
-
Хроника2 дена
МВР со детали за стравичната несреќа во Охрид каде со мопед загина тинејџер на 16 години
-
Македонија14 часа
Се „лета“ на патиштата, на радар фатен 75 годишник од Охрид, возел 126 км/ч на место каде дозволено е 50?
-
Македонија1 ден
Поради пожар затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, возилата се насочуваат кон Петровец
-
Хороскоп3 часа
Хороскоп за сабота (19 јули)
-
Хроника14 часа
Од охридска плажа до болницата Св.Стефан донесен 65 годишник од БиХ без знаци на живот