Кичево
(ФОТО) Во Кичево уште една успешно завршена хумана акција со намирници и продукти за лица кои имаат потреба, секоја чест за сите хуманитарци!

Сѐ е полесно кога хуманоста е на високо ниво, а тоа сме го покажале многу пати, па немавме сомнеж дека и овој пат ќе се докаже. Имено на нашиот текст со иницијатива на Бибе од „Роденденски пињати“, подпомогнати од за место и време од секогаш хуманите свештеници од Кичевска парохија викендов се реализираше уште една успешна предновогодишна хуманитарна акција, каде збиравме основни намирници за домаќинство, јадење, средства за хигиена итн.
Како и секоја година, така и оваа ќе ги истакнеме нај хуманитарните луѓе и претпријатија кои ги заслужуваат сите почести:
- Нашите партнери (АТВА Маркети), „Joyson Safety Systems“, политичка партија „Левица“, „Нотар Кристина Петреска“, вработените во „АС маркет“, „Shehi од N.N Celiku“, „Маријана Ѓиноска“, „Бети Димоска“, „Лиле и Ќире“, „Оле и Боби“ и сите останати хумани граѓани кои несебично ни помогнаа да обезбедиме пакети со храна за 40 семејства.
Донациите ќе бидат предадени до семејствата во текот на денешниот ден. Уште еднаш упатуваме огромна благодарност до сите хумани срца, до сите добронамерници, до кичевската православна црква Св.Петар и Павле и сите кои на свој начин допринесоа за реализирање на овој мал но сепак битен настан.
Не заборавајте, рака што дава не се суши, а ние продолжуваме колку можеме да се најдеме на оние кои – она малку за нас, на нив им значи многу!
Кичево
Најбараните производи сега на акција во АТВА Маркети

Кичевскиот најснабден маркет АТВА повторно со акција на најбараните производи по екстра цени!
Акциската цена на производите ќе трае една седмица, односно до 2 февруари.
Кичево
Кичево: Вчера во стан на ул. „11 Септември“ настанал пожар, повредени лица нема..

На 23.01.2023 година во ОВР Кичево било пријавено дека на 22.01.2023 година во 18.30 часот во стан на улица „11 Септември“ во Кичево, сопственост на С.С. (48), настанал пожар.
Повредени лица за среќа нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Кичево.
За порта.мк известува портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски.
Кичево
ЕВН КЕЦ Кичево: Најавени прекини на електрична енергија во следните кичевски локалитети

Поради зафати на електродистрибутивната мрежа на ден 24.01 – вторник, ЕВН КЕЦ Кичево ќе работи на терен, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат домаќинствата во следните кичевски локалитети:
- ТС Техника, бул. Илинден кратки прекини на почеток и крај на планираниот прекин: Жито Караорман, Лопушник, Комуналец, Македонски шуми (Од 09:00 до 13:00 часот)
- Дел од ул. 4-ти јули (Ламели), Жито маркет, пекара Сара и др. (Од 13:00 до 15:00 часот)
Напомена: Времетраењето „од-до“ може да зависи од ефикасноста на работата.
За нашиот медиум известува ЕВН Македонија.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (4 февруари)
-
Хороскоп11 часа
Хороскоп за недела (5 февруари)
-
Македонија20 часа
На ГП Деве Баир жители на Бугарија недолично се однесувале и се обиделе физички да ја нападнат полицијата
-
Македонија2 дена
Мин. за земјоделство, шумарство и водостопанство одобри лов на дива свиња до крајот на месец март, ова се деталите..
-
Временска прогноза1 ден
Од вечерва поларна воздушна маса и олуен ветер на нашата територија
-
Скопје2 дена
Осум средни училишта од Скопје денеска добиле закана за поставен експлозив
-
Македонија2 дена
Поради агресивно однесување, СВР Охрид приведе жител на Албанија
-
Спорт2 дена
Одржана меѓународна работилница поврзана со клупскиот лиценцен систем, во организација на УЕФА и ФФМ