Следете не

Кичево

Доаѓаат празници, време е да израдуваме социјално загрозени семејства. Оваа сабота и недела во дворот на кичевската црква Св.Петар и Павле организараме „Хуманитарна акција“

Објавено пред

на

Магијата на новата година нè инспирира и да бидеме сочувствителни и поразбирливи кон другите. Тоа нè поттикнува да бидеме потрпеливи, да простуваме и да ги прифаќаме оние што се различни од нас. Додека ја прифаќаме магијата на новата година, се потсетуваме на важноста да работиме заедно, да се поддржуваме еден со друг и да создаваме свет кој е поинклузивен и љубезен. Затоа, сите да ја прифатиме магијата на новата година и да ја искористиме за да ја разбудиме хуманоста во сите нас, така што оваа сабота и недела, односно 24 и 25 декември почнувајќи од 10:00 до 16:00ч се организира хуманитарна акција за собирање на Храна и основни средства за лична хигиена, кои ќе завршат во кичевски семејства.

Истиот започна на иницијатива од г-ѓа Дејаноска од „Роденденски Пињати“ која е добропозната по своите хуманитарни дела и помагање онаму каде е најпотребно, а ние сме секогаш тука да пружиме силна поддршка.

Ланска година ТУКА се собраа солидни средства и завршија во вистински раце во семејства кои се социјално загрозени и за момент им ја разубавивме Нова Година и празниците, ајде да го направиме тоа повторно – кој колку може, намирници по дома, кои се функционални и не ги користите, храна, средства за хигиена..

Благодарение на Кичевската парохија кои секогаш застануваат зад нашите хуманитарни организации дворот на гратската црква Св.Петар и Павле во сабота и недела ќе биде отстапен за вашите донации, ајде да си подадеме рака и да израдуваме пред Нова Година некое семејство!

За повеќе информации: 076/824-325

Среќни празници!

Кичево

(ФОТО) Се запали дива депонија покрај пат кај с.Пополжани, интервенираше ТППЕ Кичево

Објавено пред

на

Во 18:17ч денес пријавено било дека гори дива депонија во близина на с.Пополжани кичевско од битолска страна.

Како што не известија од ТППЕ Кичево, се извршуваат дополнителни активности околу гаснењето.

Прочитај повеќе...

Кичево

Предмалку случена сообраќајка во близина на с.Извор кичевско, правец Кичево-Охрид

Објавено пред

на

Предмалку се случила сообраќајна несреќа на патот Кичево-Охрид во близина на с.Извор.

Од информации од терен дознаваме дека сообраќајот бил отежнат, но без поголеми чекања и застој.

На местото на настанот се забележани екипи на Итна Медицинска помош од Кичево и ОВР Кичево.

За здравјето на учесниците немаме информации.

Повеќе детали очекуваме во билтенот на СВР Охрид.

Прочитај повеќе...

Кичево

(ФОТО) Гори ниска шума и дива депонија во атарот на с.Туин кичевско, ТППЕ Кичево уште на терен

Објавено пред

на

©porta.mk

Пред неполни два часа повик за настанат пожар во атарот на с.Туин кичевско добила дежурната екипа на ТППЕ Кичево, која веднаш се упатила на терен и сеуште дејствува.

Апелираме за поголемо внимание додека се движите во шумски предели во овој период од годината.

За нашиот медиум од ТППЕ Кичево известуваат дека дејствуваат врз запалена ниска шума и дива депонија.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп2 часа

Хороскоп за вторник (1 јули)

ОВЕН Ова е уште еден работен ден каде што сѐ ќе се одвива со поспоро темпо, најмногу поради фактот дека...

Македонија5 часа

МВР истакна важна информација која стартува од утре 1 јули

Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој...

Магазин7 часа

Утре започнува првиот фитнес подкаст во Македонија за сите љубители на здравиот живот заедно со „Adastra“ и Дејан Пауновски „Pakigram“

Во време кога фитнесот станува сè поголем дел од секојдневниот живот, Adastra и Дејан Пауновски – „Pakigram“ ги здружуваат силите...

Македонија9 часа

СВР Охрид изнесе детали за запалениот глисер, бил приватна сопственост

Денеска (30.06.2025 година) во 10,30 часот, во полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, пријавено е дека, на пловен објект...

Временска прогноза12 часа

Од денес во најава многу топло време со висок УВ индекс

Територијата на Република Македонија, како и на целиот регион, од денес (понеделник 30 јуни), па се до следниот понеделник (7...

Македонија12 часа

СВР Охрид со засилени контроли во патниот сообраќај, изречени низа санкции

На 29.08.2025 година од 11 до 17 часот, на подрачјето на СВР Охрид преземени се засилени контроли во патниот сообраќај....

Македонија12 часа

Од ноќеска цената на нафтените деривати се намалува, ова е новата цена

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за понеделник (30 јули)

ОВЕН Денеска во неколку наврати ќе треба да покажете како можете да бидете храбри, бестрашни и директни. Не заземајте страна...

Спорт1 ден

Ландо Норис ја забележа својата трета победа

Ландо Норис ја забележа својата трета победа оваа сезона и вкупно седма во кариерата, триумфирајќи на патеката Ред Бул Ринг....

Кичево1 ден

(ФОТО) Се запали дива депонија покрај пат кај с.Пополжани, интервенираше ТППЕ Кичево

Во 18:17ч денес пријавено било дека гори дива депонија во близина на с.Пополжани кичевско од битолска страна. Како што не...

НАЈЧИТАНИ