Кичево
(ВИДЕО) Кичево: Што треба да се случи повеќе, за да сè згрижат кучињата скитници?

Речиси и нема ден да не се случи да нема пријавено во ОВР Кичево напад на луѓе од незгрижени кучиња скитници.
Вчера: На 20.12.2022 во 09.30 часот во Полициската станица Кичево, А.Ј.(63) од Кичево пријавил дека на улица „Ужичка“ во Кичево бил каснат од куче скитник
Два дена поназад: На 18.12.2022 година во 15:30 часот, С.З.(62) од Кичево пријавил дека на улицата „Илиница“ во Кичево бил каснат од куче скитник.
– Иако на многу наврати се најавуваше решение на овој децениски проблем, се чини како проаѓа времето – ништо од таа работа.
Да се согледа реалната ситуација на терен, во една мини анкета ќе се согледаат само разочарани родители во страв да ги пуштат своите деца пеш на училиште, изнемоштени лица кои излегуваат на воздух – шетаат со стап како во камено време за во случај на напад, да се одбранат. Уште многу може да се пишува од терен, но што ни менува – ништо.
Ние и верувам никој од нас не сме против животинчињата, нив им треба згрижување, напротив од тој аспект самите чуваме по 2-3 кученца, ги храниме и одржуваме, сме давале поддршка и на најразлични иницијативи за ‘подарување кученца’, но што правиме со останатата глутница која сее потенцијален страв кај граѓаните?
Имено, вчера до нас стигна јавно видео снимано во центарот на град Кичево од г-дин Емир Абдул кое буквално те остава без коментар и уште еднаш си го поставуваме истото прашање (До кога?), треба ли по страшни работи да се случат за да се направи механизам или што и да е (Стационар) да се згрижат кучињата кои во зимскиот период пред нас ќе бидат сè по агресивни, без јадење и сл?
Уште еднаш пред да го гледате видеото, во име на граѓаните кои сè безпомошни, упатуваме апел надлежните да го решат овој проблем кој не бира возраст, боја и нација, за доброто на сите нас.
Кичево
Најбараните производи сега на акција во АТВА Маркети

Кичевскиот најснабден маркет АТВА повторно со акција на најбараните производи по екстра цени!
Акциската цена на производите ќе трае една седмица, односно до 2 февруари.
Кичево
Кичево: Вчера во стан на ул. „11 Септември“ настанал пожар, повредени лица нема..

На 23.01.2023 година во ОВР Кичево било пријавено дека на 22.01.2023 година во 18.30 часот во стан на улица „11 Септември“ во Кичево, сопственост на С.С. (48), настанал пожар.
Повредени лица за среќа нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Кичево.
За порта.мк известува портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски.
Кичево
ЕВН КЕЦ Кичево: Најавени прекини на електрична енергија во следните кичевски локалитети

Поради зафати на електродистрибутивната мрежа на ден 24.01 – вторник, ЕВН КЕЦ Кичево ќе работи на терен, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат домаќинствата во следните кичевски локалитети:
- ТС Техника, бул. Илинден кратки прекини на почеток и крај на планираниот прекин: Жито Караорман, Лопушник, Комуналец, Македонски шуми (Од 09:00 до 13:00 часот)
- Дел од ул. 4-ти јули (Ламели), Жито маркет, пекара Сара и др. (Од 13:00 до 15:00 часот)
Напомена: Времетраењето „од-до“ може да зависи од ефикасноста на работата.
За нашиот медиум известува ЕВН Македонија.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (28 јануари)
-
Скопје11 часа
Кичевчанка во Скопје пријавила дека таксист недолично се однесувал и ја допирал по телото
-
Хороскоп4 часа
Хороскоп за недела (29 јануари)
-
Кичево2 дена
Најбараните производи сега на акција во АТВА Маркети
-
Временска прогноза11 часа
Попоски: Рана најава за снежни врнежи, дали февруари ќе биде снежен месец?
-
Магазин2 дена
Netflix го завршува споделувањето на сметките до март 2023 година
-
Временска прогноза1 ден
Засилен северен ветер, наутро ниски температури под нулата, ова е најновата метео анализа
-
Здравје и убавина16 часа
Истражување покажало дека трчањето го продолжува животот