Кичево
(ФОТО) Сè повеќе дечиња, сè повеќе љубов, вака беше денешната проба за Бадниковите поворки

Нема поголема радост од овие фотографии кои душа милуваат. Сите заедно ги учат Бадниковите каланди, за силно да го најават нашиот најголем празник.
Денес после нашата објава се собраа вкупно 80 дечиња, а интересот за нивно учество во Поворките сè поголем.
Преку нашиот медиум под раководство на г-дин Бошко Сарафилоски, Ве известуваме дека веќе наредната сабота 31-ви нова година ја започнуваме со песна, односно со проба во 12:00ч во трпезаријата на црквата Св.Петар и Павле.
Со почит до сите родители и нивните дечиња.
п.с. Повелете, има место за сите распеани грлца!
Вечна традиција!
Бонус видео: КУД Нико Пусоски концерт јубилеј 75 години:
Кичево
(ФОТО) ТППЕ Кичево: Нов случај со запалена дива депонија во кичевско

Нов случај со запалена дива депонија во кичевско. Имено од рано утрово овој е втор случај ТППЕ Кичево да излезе на терен.
Последната интервенција е пред половина час во месноста Бичинци, односно покрај пат на дива депонија Бичинци-Мамудовци.
На терен дејствуваше екипа на ТППЕ Кичево со четири пожарникари.
Уште еднаш преку нашиот медиум пожарникарите апелираат за сериозноста на овој период на годината, да внимаваат, бидејќи мал отпушок е доволен за да се случи пожар!
Кичево
(ФОТО) Се запали дива депонија покрај пат кај с.Пополжани, интервенираше ТППЕ Кичево

Во 18:17ч денес пријавено било дека гори дива депонија во близина на с.Пополжани кичевско од битолска страна.
Како што не известија од ТППЕ Кичево, се извршуваат дополнителни активности околу гаснењето.
Кичево
Предмалку случена сообраќајка во близина на с.Извор кичевско, правец Кичево-Охрид

Предмалку се случила сообраќајна несреќа на патот Кичево-Охрид во близина на с.Извор.
Од информации од терен дознаваме дека сообраќајот бил отежнат, но без поголеми чекања и застој.
На местото на настанот се забележани екипи на Итна Медицинска помош од Кичево и ОВР Кичево.
За здравјето на учесниците немаме информации.
Повеќе детали очекуваме во билтенот на СВР Охрид.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за четврток (3 јуни)
-
Кичево16 часа
(ФОТО) ТППЕ Кичево: Нов случај со запалена дива депонија во кичевско
-
Хороскоп7 часа
Хороскоп за петок (4 јули)
-
Автомобили2 дена
Најдобрите и најлошите автомобили за 2025 според корисниците
-
Автомобили2 дена
Дали би направиле место за резервно тркало?
-
Магазин2 дена
Експертите ја откриваат вистината за навиките што влијаат на траењето на батеријата на мобилниот телефон
-
Македонија6 часа
Времена измена на сообраќај со пренасочување на делница „Пресека-Песочан“ на автопат А2 Кичево-Охрид
-
Скопје10 часа
МВР за пофалба, експресно го пронајдоа мотоциклистот кој усмрти пешак