Спорт
(ФОТО) Фудбалски викенд за „ФК Кичево“, многу надигрувања и возбудливи моменти

Во рамките на детската лига се одиграа два натпревари против екипата на „Ускана“ од Кичево. Во генерацијата 2012 „ФК Кичево“ беше поразен со резултат 4:2, додека генерација 2014 одиграа без победник, резултат 2:2.
Во генерацијата 2012 стрелци на головите за нашата екипа беа Китаноски Љубиша и Јовановски Кирил, исто така двата погодоци за генерација 2014 ги постигнаа Павел Петрески и Давид Мицески
Исто така овој ден беше искористен и за еден пријателски натпревар кај најмладите помеѓу „ФК Кичево“ и „ФК Ускана“ кој заврши со резултат 2:2. Таму стрелци на головите беа Јаков Данилоски и Мартин Билбиловски
Предмалку заврши и последниот првенствен натпревар во регионалната лига во генерација 2009 каде се сретнаа екипите на „ФК Кичево“ и „ФК Ускана“, истиот заврши со резултат од 1:1. Стрелец за нашата екипа беше Стефан Војчески од белата точка.
– Игор Николаевски – тренер на „ФК Кичево“: Одличен фудбалски ден за нашите момчиња, одигравме неколку натпревари со нашите пријатели од „ФК Ускана“, честитки за сите фудбалерчиња кои покажаа фер плеј и престиж, несомнено во иднина ќе бидат големи фудбалски имиња.
Спорт
Англиската репрезентација со четири победи вечерва со фаворитски статус во Белград пред Србија

Српската фудбалска репрезентација вечерва ќе биде домаќин на Англија во рамките на квалификациите за Светското првенство. Атмосферата на преполниот стадион „Рајко Митиќ“ ветува спектакл, а натпреварот ќе започне во 20:45 часот.
По триумфот во Рига, „Орлите“ со висока мотивација ќе се обидат да приредат изненадување против селекцијата која важи за главен фаворит во групата. Ова е еден од најсериозните предизвици за избраниците на Драган Стојковиќ од почетокот на циклусот, а дополнителен мотив е и желбата за реванш по тесниот пораз на Европското првенство минатата година.
Србија по првите три кола собра седум бода, и победа против Англија би можела да ја донесе во борба за врвот на табелата или барем да ја зацврсти во позиција за плејоф, имајќи ја предвид конкуренцијата на Албанија, која заостанува со два бода и има натпревар помалку.
Англичаните, пак, по четири одиграни меча имаат максимален ефект и, како и Србија, сè уште немаат примено гол. Иако нивниот напад не блескаше, тоа беше доволно за четири убедливи победи, што им носи статус на апсолутни фаворити во Белград.
Сепак, српската селекција не влегува без шанси. Поддршката од преполната „Маракана“ и тимот на Стојковиќ што игра во добра форма даваат основа за оптимизам и надеж за трета последователна победа.
– „Очекувам тежок натпревар, но верувам во моите играчи. Не давам предвидувања – мечот трае 90 минути и сè е можно. Не се плашиме од Англија, тие имаат квалитет, но и ние имаме свои адути. Ќе играме напаѓачки пред нашите навивачи и ќе ја бараме победата. Драго ми е што стадионот е распродаден, тоа е најдобар доказ за поддршката кон репрезентацијата“, за јавноста изјави селекторот Стојковиќ.
Состав на Србија за дуелот со Англија:
Голмани: Ѓорѓе Петровиќ (Борнмут), Вељко Илиќ (ТСЦ), Драган Росиќ (Војводина).
Одбрана: Никола Миленковиќ (Нотингем Форест), Страхиња Павловиќ (Милан), Срѓан Бабиќ (Спартак Москва), Страхиња Ераковиќ (Зенит), Милош Вељковиќ (Црвена звезда), Немања Стојиќ (Макаби Тел Авив), Алекса Терзиќ (Костал).
Среден ред: Саша Лукиќ (Фулам), Немања Максимовиќ (Шабаб Ал Ахли), Андрија Живковиќ (ПАОК), Лазар Самарџиќ (Аталанта), Филип Костиќ (Јувентус), Вељко Бирманчевиќ (Спарта Прага), Иван Илиќ (Торино), Урош Рачиќ (Арис), Огњен Угрешиќ (Партизан).
Напад: Александар Митровиќ (Ал Хилал), Душан Влаховиќ (Јувентус), Лука Јовиќ (АЕК Атина), Никола Штулиќ (Лече).
Спорт
(ФОТО) На пауза во Кичево, полека финишира 34-то издание на мото-рели „Независност Македонија 2025“

Со учество на повеќе од 300 мотоциклисти од Македонија и странство, во изминативе три дена се одржа 34-то издание на мото-рели „Независност Македонија 2025“.
Учесници дојдоа од повеќе европски земји, а маршрутата во три дена опфати старт од скопска „Порта Македонија“, финиш исто така Скопје, со ноќевања во Дојран и Охрид.
Колоната минуваше низ градови низ целата земја, промовирајќи дружење и љубов кон моторите, додека денес беа официјални гости и во нашиот град Кичево на ланч пакет и одмор.
Оваа година беше значајно една од најдобро поминатите. Од аспект на безбедност, редари за покажување насоки на движење и се разбира помина се во најдобар ред без посериозни несакани случувања.
Исто така вреди да се напомене дека и оваа година возеше еден од најстарите возачи г-дин Орце од Скопје кој перфектно извози на свои околу 75 години, за тоа оддаваме посебен респект.
За нашиот медиум, во иднина управата очекува поддршка и се надева дека овој настан конечно ќе биде помогнат од надлежните институции, кој се организира токму 34 години.
Вечна традиција бајкери!
Мини галерија преку нашиот објектив:
Спорт
Елмас пред вечерашниот настап против Саудиска Арабија: „Ние секогаш излегуваме на терен по победа, со верба во квалитетот што го имаме.“

Пред вечерашниот пријателски дуел во Прага против Саудиска Арабија, македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го сподели своето мислење за значењето на натпреварот и очекувањата пред квалификацискиот пресмет со Лихтенштајн.
Елмас беше дециден дека ваквите натпревари се далеку од формалност:
– „За мене и за целата репрезентација пријателски средби не постојат. Секој натпревар е важен тест за тоа колку сме подготвени и што треба да подобриме. Саудиска Арабија е сериозен противник, добро ги анализиравме нивните настапи и знаеме дека мора да бидеме максимално концентрирани. Овој дуел доаѓа во вистински момент. Ќе ни помогне да влеземе во вистински ритам пред натпреварот со Лихтенштајн. Се чувствувам подготвен и мотивиран, бидејќи по подолго време повторно ќе бидам дел од меч со голема тежина.“
Елмас посочи и на клучните карактеристики на денешниот ривал: „Саудиска Арабија игра со многу посед и знае добро да ја контролира топката. За нас тоа значи дека ќе мора да реагираме брзо и дисциплинирано. Сепак, ние секогаш излегуваме на терен по победа, со верба во квалитетот што го имаме.
Секој настап за Македонија ми е дополнителен мотив. Верувам дека оваа средба ќе ни донесе многу искуство и позитивна енергија за она што следува.“
Извор: ФФМ
-
Музика23 часа
(ВИДЕО) Кичевчани во полн ефект до достигнувања на соништата, „Men Of Silver Soul“ на „Marbled In Stone“ ќе ви стане омилена веднаш!
-
Кичево2 дена
Кичево на нозе: Да помогнеме во потрагата утре во с.Белица кичевско за исчезнатата баба Велјанка
-
Кичево1 ден
Среќен крај, баба Велјанка е пронајдена жива и здрава
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за понеделник (8 септември)
-
Спорт1 ден
(ФОТО) На пауза во Кичево, полека финишира 34-то издание на мото-рели „Независност Македонија 2025“
-
Хороскоп18 часа
Хороскоп за вторник (9 септември)
-
Македонија4 часа
МВР со детали за тешката сообраќајка со мотоцикли на магистралниот пат Гостивар-Кичево вчера
-
Македонија1 ден
Среќен роденден Татковино! „Нека ни е честит 8-ми септември, 34 години самостојна и независна Република Македонија!“