Следете не

Спорт

(ВИДЕО) Македонската репрезентација одигра нерешено со Молдавија, гостинскиот играч со „еврогол“ пред крајот на утакмицата ја спаси Молдавија од пораз

Објавено пред

на

©ФФМ

Македонската А репрезентација одигра 1:1 против против Молдавија на стадионот „Мардан“ во Анталија, Турција. Бојан Миовски во 45. минута го постигна голот за водство на нашата репрезентација. На погодокот на Миовски му претходеше удар на капитенот Барди, удар кој голманот на Молдавија го одби до Миовски.

Со еврогол на Дамашкан во 83. минута, Молдавија израмни на 1:1 за конечен резултат на контролниот натпревар меѓу двете селекции.

Во 17. минута, македонската репрезентација ја имаше првата шанса на мечот. Барди нафрли во шеснаесетникот, а ударот со глава на Серафимов заврши малку покрај голот на Молдавија. Во 24. минута, молдавците го блокираа ударот на Елмас, а веднаш потоа, непрецизен беше и шутот на Атанасов. Алиоски во 30. минута упати прецизен центаршут кон Ристовски, но нашиот напаѓач со глава шутираше покрај голот.

Молдавија во 41. минута ја имаше својата најдобра прилика во првото полувреме, но ударот на Моцпан го одбрани Димитриевски.

Во второто полувреме, Македонија отвори многу подобро од противникот. Одлична шанса во 56. минута имаше Милан Ристовски, но откако убаво се ослободи од одбранбениот фудбалер, шутираше за малку покрај голот на Молдавија. Две минути подоцна по наш корнер се обиде и Илјазовски, но внимателен беше гостинскиот голман.

Елиф Елмас во 76. минута по одлично проигрување со Митровски шутираше од добра позиција, но повторно одбрани гостинскиот голман.

Во 83. минута, еврогол на Витали Дамашкан. По нафрлување од десната страна, напаѓачот на Молдавија со прецизен волеј удар го совлада Димитриевски за 1:1.

1. Столе Димитриевски, 2. Ахмет Илјазовски, 4. Никола Серафимов, 6. Висар Муслиу, 7. Елиф Елмас, 8. Езѓан Алиоски (46 Бојан Димоски), 10. Енис Барди (46 Димитар Митровски), 11. Дарко Чурлинов (63 Тихомир Костадинов), 19. Милан Ристовски (63 Агон Елези), 20. Бојан Миовски (76 Лирим Ќамили), 21. Јани Атанасов;

23. Доријан Раилиан, 2. Олег Реапчук, 4. Владислав Бабогло, 5. Вачеслав Посмак, 7. Артур Ионица, 8. Никита Моцпан, 13. Максим Кожокару, 14. Артур Кречук, 17. Вирчиау Постолаки, 22. Вадим Раца, 26. Виктор Мудрак;

Израмнувачкиот гол на Молдавецот Дамашкан, во продолжение ТУКА

Спорт

Јувентус сигурен против Торино, Влаховиќ го отвори резултатот уште во петтата минута од натпреварот

Објавено пред

на

©porta.mk

Јувентус славеше со 3-1 против Удинезе на свој терен во Торино, во рамките на деветтото коло од италијанската Серија А. Домашниот тим го отвори резултатот уште во петтата минута преку Душан Влаховиќ, кој беше прецизен од белата точка. Во второто полувреме, Федерико Гати зголеми на 2-0 во 67-та минута, а Кенан Јилдаз ја запечати победата со гол во шестата минута од судиското продолжение.

Почесниот гол за гостите го постигна Николо Заниоло во првата минута од дополнителното време. Во следното коло, Јувентус ќе гостува кај Кремонезе, додека Удинезе на домашен терен ќе ја пречека Аталанта.

Рома ја совлада Парма со 2-1

Рома исто така запиша победа на свој терен, совладувајќи ја Парма со 2-1. Марио Ермосо го отвори резултатот во 63-тата минута, а Артем Довбик во 81-та ја потврди победата. Единствениот гол за Парма го постигна Алесандро Чикарти во 86-тата минута.

Комо убедлив против Верона

Во исто време, Комо беше подобар од Верона со 3-1 на домашен терен.

Прочитај повеќе...

Спорт

Високи признанија за работата на ФФМ, Омерагиќ и Јандреоски именувани на високи меѓународни позиции во „ФИФА“

Објавено пред

на

©porta.mk

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, доби нова меѓународна функција, тој е назначен за член на Олимпискиот фудбалски комитет при ФИФА.

Овој комитет, кој функционира под надлежност на Советот на ФИФА, има задача да го следи и поттикнува развојот на фудбалот како олимписка дисциплина, како и да ја унапредува соработката со Меѓународниот олимписки комитет во сите прашања поврзани со турнирите во рамки на Олимписките игри.

На чело на Комитетот е Самир Шауд од Бразил, а негов заменик е Мустафа Раџи од Либерија. Меѓу членовите се наоѓаат повеќе истакнати фудбалски претставници од различни делови на светот како Кохзо Ташима од Јапонија (делегат на Советот на ФИФА), Чармејн Крукс од Канада, Хрисостомос Гкагкатсис од Грција, Шеик Ахмад Јусеф Ал Сабах од Кувајт, Бранко Радујко од Србија, Хелга Хелгадотир од Исланд и други.

Покрај Омерагиќ, и генералниот секретар на ФФМ, Леонид Јандреоски, доби важно меѓународно признание, тој е избран за член на Комисијата за медиуми и комуникации на ФИФА.

Оваа комисија има задача да ја дефинира и унапредува медиумската и комуникациската стратегија на ФИФА, со фокус на дигиталните платформи и јавната комуникација. На нејзино чело е Јасин Идрис Диало од Брег на Слоновата Коска, а заменик-претседател е Армен Меликбекјан од Ерменија.

Во составот на Комисијата се и Фатма Ал Нуими (Катар), Ајишат Фалоде (Нигерија), Ноел Муни (Велс), Хелена Пиреш (Португалија), Аманда Вандерворд (САД) и Тони Ванг (Тајван).

Именувањето на Омерагиќ и Јандреоски претставува големо признание за Фудбалската федерација на Македонија и потврда за растечкиот углед на македонскиот фудбал во меѓународната фудбалска заедница, истакна Фудбалската федерација на својот е-медиум.

Прочитај повеќе...

Спорт

ФК Напредок со победа и едноминутно молчење оддаде почит кон легендата Зоран Ѓорѓиоски-Мрско

Објавено пред

на

©porta.mk

Пред денешниот првенствен натпревар помеѓу ФК. Напредок – ФК. Дрита со едно минутно молчење клубовите и управата му оддадоа почит на легендата на ФК.Напредок, Зоран Ѓорѓиоски-Мрско. Доајен на кичевскиот фудбал кој остави небришлива трага за која сите ние кои сме биле некогаш дел од ФК Напредок сме ги почувствувале.

Што се однесува до играта, повторно нашите фудбалери на домашен терен манифестираа важна победа со високи 4:0.

Стрелци на головите беа: М.Зафироски, Осман Исмаили реализираше 2 пати, Ж.Симјаноски сите постигнати во второ полувреме.

И денеска преку нашиот медиум, управата на ФК Напредок упатува голема благодарност до публиката која во секоја утакмица е се побројна и дава голема поддршка на нашите кичевски фудбалери.

Напред НАПРЕДОК!

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп5 часа

Хороскоп за четврток (30 октомври)

ОВЕН Повеќето денови ќе бидете многу емотивни и склони кон промени во расположението. Исклучително е важно да се држите до...

Спорт6 часа

Јувентус сигурен против Торино, Влаховиќ го отвори резултатот уште во петтата минута од натпреварот

Јувентус славеше со 3-1 против Удинезе на свој терен во Торино, во рамките на деветтото коло од италијанската Серија А....

Спорт14 часа

Високи признанија за работата на ФФМ, Омерагиќ и Јандреоски именувани на високи меѓународни позиции во „ФИФА“

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, доби нова меѓународна функција, тој е назначен за член на Олимпискиот фудбалски...

Македонија14 часа

Дополнете гориво, ноќеска дизелот солидно поскапува, додека бензините остануваат со непроменета цена за литар

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за...

Временска прогноза14 часа

На утро ладно, но врнежи од дожд во почетокот на месец ноември нема да имаме, вели Попоски

Под влијание на Антициклон (Поле со висок воздушен притисок) кое ќе биде распространето над поголем дел од Европскиот Континент и...

Скопје17 часа

Скопје: Поради протест на вработени во „ЈП Паркови и Зеленило“ затворен сообраќај во два правци

На 29.10.2025 година во 10:05 часот започна најавениот протест на вработените на ЈП Паркови и Зеленило Скопје присуство на околу...

Македонија18 часа

МВР: Кривична пријава против поранешен директор, заменик директор и вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство за „проневера во службата“

СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против З.А., поранешен директор на Агенцијата за храна и ветеринарство поради сомнение...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за среда (29 октомври)

ОВЕН Бидете јасни и гласни, но не фокусирајте се само на приказни за планови. Денот е идеален за први чекори...

Фото: Salvador Rios @ unsplash Фото: Salvador Rios @ unsplash
Магазин2 дена

Илон Маск ја претстави својата верзија на Wikipedia — Grokpedia

Илон Маск и неговата компанија xAI ја лансираа новата онлајн енциклопедија Grokipedia, најавувајќи ја на почетокот на октомври како конкурент...

ФОТО: Unsplash.com @ appshunter.io ФОТО: Unsplash.com @ appshunter.io
Магазин2 дена

WhatsApp и Messenger воведуваат заштита од измами насочени кон постари лица

Сè повеќе постари лица стануваат мета на онлајн измами, а „Мета“ конечно презема чекори за да го намали овој растечки...

НАЈЧИТАНИ