Спорт
(ФОТО) „ФК Кичево“ победнички во Струга, на терен голем ентузијазам и важни бодови!
Во рамките на денешниот ден екипта на „ФК Кичево“ генерација 2009 одигра првенствен натпревар против екипата на „Јанг Тим“ од Струга на теренот во с.Мороишта, каде кичевчани успеаа да ги надиграат своите врсници и победија со резултат од 2:3.
Додека „ФК Кичево“ генерација 2011 неколку часа претходно исто така силите ги одмери и против екипата на „ФК Кораб“ од Дебар, тој меч заврши со резултат од 1:6 во наша полза. Таму стрелци на головите беа Борис Матески 2 голови, Марио Костески 1 гол, Марко Сталески 1 гол, Матеј Тренковски 1 гол и Сарџино Сарџоски 1 гол.
Инаку Стефан Војчески со „хет-трик“, ја донесе една од најважните победи најпрво од слободен удар со гол од 25 метри во 31-вата минута, потоа во 34-та минута со глава го изненади одличниот чувар на мрежата кај гостите и одлучувачкиот гол беше постигнат во 50-тата минута по одличниот пас на Андреј Петрески, Војчески со мал дриблинг уште еднаш ја докажа големата форма.
Голот на Војчески од слободен удар:
Игор Николаевски – тренер на „ФК Кичево“: Се играше доста возбудлив меч, вистинско надигрувње, како што доликува на два ривали за првото место, да напоменеме „Јанг Тим“ имаат одличен тим, точни и прецизни додавања и 100%-тна реализација на мал простор.
– Што се однесува до мечот на 2011 генерација која стигна до висока победа од 1:6 може да се издвои само позитивни зборови, меч за паметење, одлична игра, многу атрактивни шутеви и пофалба за сите момчиња!
Им честитам на борбеноста на нашите момчиња и првото место во групата, носиме одлични и важни три бодови во Кичево, продолжуваме понатаму!
Ние бевме присутни на мечот против „Јанг Тим“, така што во прилог ви ја пренесуваме официјалната галерија преку нашиот објектив, исто така погледнете го официјалниот „reel“ ТУКА од денешниот ден во 1 минута:
Спорт
ФК Напредок со победа и едноминутно молчење оддаде почит кон легендата Зоран Ѓорѓиоски-Мрско
Пред денешниот првенствен натпревар помеѓу ФК. Напредок – ФК. Дрита со едно минутно молчење клубовите и управата му оддадоа почит на легендата на ФК.Напредок, Зоран Ѓорѓиоски-Мрско. Доајен на кичевскиот фудбал кој остави небришлива трага за која сите ние кои сме биле некогаш дел од ФК Напредок сме ги почувствувале.
Што се однесува до играта, повторно нашите фудбалери на домашен терен манифестираа важна победа со високи 4:0.
Стрелци на головите беа: М.Зафироски, Осман Исмаили реализираше 2 пати, Ж.Симјаноски сите постигнати во второ полувреме.
И денеска преку нашиот медиум, управата на ФК Напредок упатува голема благодарност до публиката која во секоја утакмица е се побројна и дава голема поддршка на нашите кичевски фудбалери.
Напред НАПРЕДОК!
Спорт
За прв пат, во ист ден тројца кичевски судии ќе судат меѓународни натпревари во Австрија и Фарски Острови
Историски ден за кичевскиот спорт, во водите на професионалните фудбалски судии. Тројцата арбитри под нашето фудбалско поднебје кои буквално животот го посветија во фудбалскиот свет во ист ден ќе судат меѓународни натпревари во Австрија и Фарски Острови.
Имено, во среда на мечевите во рамки на „UEFA“ младинската лига до 19 години помеѓу „Австрија Виена“ со „Макаби Хаифа“ – судии ќе бидат Јован Качевски, Даниел Василевски и кичевчанецот Давор Цветаноски, додека на мечот во „Nordragota“ – „Викингур“ со „Генк“ правдата ќе ја делат Влатко Илиовски и кичевчаните Куштрим Лика и Зоран Јанкулоски.
Благодарение на Фудбалската федерација на Македонија на чело со претседателот Масар Омерагиќ и комесарот Јосип Бартон се дава можност на национални докажани судии да судат интернационални натпревари кои достојно ќе ја претсават Македонија во Европа, подвиг кој е за сите почести.
Мечот во Виена ќе започне од 15:30 часот, додека истиот ден мечот во Фарски Острови ќе започне од 20:00 часот.
Спорт
Македонија одигра „реми“ со Казахстан на „Тодор Проески“, Барди нè спаси од сигурен пораз
Избраниците на Благоја Милевски сега ќе имаат клучен дуел со следната селекција, кој ќе реши кој тим ќе го заземе второто место. Со ова реми, фудбалската репрезентација на Македонија го предаде врвот на табелата на Белгија, која успеа да го совлада Велс по драматичен пресврт.
Велс во наредното коло ќе се сретне со Лихтенштајн, а евентуална победа би им донела можност да ја поминат Македонија на табелата. Судирот меѓу овие две репрезентации ќе се одигра токму во последната рунда, што дополнително ја зголемува неизвесноста.
Со победа во овој натпревар, Македонија ќе можеше да остане во трката за првата позиција, иако Белгија би била во пол-поволна ситуација. Сепак, по актуелниот расплет, македонските фудбалери ги очекува исклучително тежок ноемвриски предизвик.
Дуелот беше крајно израмнет и двата состави создадоа неколку добри прилики во првото полувреме, но мрежите мируваа до паузата. Казахстан прв стигна до водство во 54-тата минута преку Динмухамед Караман, но Енис Барди успеа да врати баланс во 74-тата минута со прецизен удар.
Иако нашите имаа уште неколку обиди да направат целосен пресврт, сепак не успеаја повторно да ја затресат мрежата и да си обезбедат полесен финиш на квалификациите.
Голот на Барди од слободен удар ексклузивно погледнете го ТУКА, преку нашите колеги од редакцијата на „Курир“
-
Кичево1 денВчера во кичевското с.Староец затекнат бил крушевчанец на криволов
-
Хороскоп2 денаХороскоп за сабота (25 октомври)
-
Хороскоп18 часаХороскоп за недела (26 октомври)
-
Спорт20 часаФК Напредок со победа и едноминутно молчење оддаде почит кон легендата Зоран Ѓорѓиоски-Мрско
-
Македонија2 денаВисоки претставници на МВР денес беа во работна посета на ГП Блато и ОВР Дебар
-
Временска прогноза1 денОд утре доаѓа бура од дождови во западниот регион од Македонија
-
Култура7 часаУтре е голем празник, се слави Св.Петка, за многу години „Петковден“ – честита домашна слава на сите кои чекаат гости вечерва и утре
-
Магазин1 денВидео и аудио платформата „Јутјуб“ постави нов рекорд во исплати за нивните креатори













































