Спорт
Женската репрезентација убедлива против Молдавија, додека младите до 14 години ќе играат контролни мечеви против Турција
Младата женска репрезентација на Македонија до 19 години ја забележа првата победа во рамките на квалификацискиот турнир од втората рунда од Б лигата што се одржува во Молдавија.
Во воведното коло од турнирот, избраниците на селекторот Астрит Мерко славеа убедлива и сигурна победа над домаќинот, репрезентацијата на Молдавија со 4:0.
Македонија одигра одличен натпревар и сосема заслужена забележа убедлива победа, надигрувајќи го противникот во целост на денешната средба.
Билјана Панеска во 18. минута ја доведе младата репрезентација на Македонија во предност од 1:0. Катерина Петкова во 35. минута се запиша во листата на стрелци и го зголеми нашето водство.
Во продолжението, нашите млади фудбалерки постигнаа уште два погодоци во мрежата на противникот. Головите беа дело на Ева Андонова во 73 и 81. минута од натпреварот.
Во второто коло од квалификацискиот турнир во Молдавија, женската репрезентација на Македонија до 19 години ќе се соочи со селекцијата на Литванија. Овој натпревар ќе започне во 12. часот.
Во вториот натпревар од првото коло на квалификацискиот турнир, репрезентацијата на Велс оствари победа над Литванија со 2:0.
Квалификациски турнир, Молдавија;
Репрезентации до 19 години (жени);
Македонија – Молдавија 4:0 (2:0)
Стрелци: Билјана Панеска 18′ (1:0); Катерина Петкова 35′ (2:0); Ева Андонова 73′ (3:0);Ева Андонова 81′ (4:0);
МАКЕДОНИЈА: Кристина Павловска, Еда Далипи, Матеа Блажевска, Катерина Петкова, Слаѓана Ѓорѓиева, Ива Јосифова, Веса Села, Билјана Панеска, Јована Павловска, Сара Мена, Симона Меијер;
Резерви: Сара Стевановска, Ива Јованоска, Теодора Далческа, Натали Талевска, Ивана Милевска, Стефанија Веселинова, Ева Андонова, Сара Дика, Ана Боризоска;
Селектор: Астрит Мерко
Додека пак младата репрезентација на Македонија до 14 години (генерација 2010) во Скопје ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Турција.

Првиот контролен дуел, Македонија и Турција ќе го одиграат на 5. април на тренинг центарот „Петар Милошевски, со почеток во 14. часот.
Три дена подоцна на програмата е закажан вториот контролен меч помеѓу овие две селекции, на стадионот на Чаир, со почеток во исто време.
Селекторот на репрезентацијата на Македонија до 14 години, Неџат Шабани за претстојните контролни натпревари против селекцијата на Турција се одлучи да ги повика следните фудбалери:
– Андреј Јанкуловаки, Благоја Седловски, Матеј Масев, Павел Стојанов, Дардан Адеми, Марио Стојчевски, Адриан Велески, Стефан Ристиќ, Михаил Павлов, Марин Крстевски, Александар Полимац, Матеј Бочески, Митко Стојанов, Аријон Алими, Амар Акики, Љис Имери, Арди Бајрами, Коста Георгиевски, Зубер Мурсал, Матеј Фенев, Марко Ташов, Димитар Петров, Сергеј Богдановски, Кристијан Нелоски, Амер Велиу
Спорт
Во „Лига Ц“, Унгарија, Азербејџан и Андора се противниците на Македонската женска фудбалска репрезентација за квалификациите за светското првенство во Бразил
Во седиштето на УЕФА денес беа извлечени противниците за лигашката фаза од квалификациите за Светското првенство во женски фудбал, кое ќе се одржи во Бразил во 2027 година.
Македонската женска репрезентација ќе ги започне квалификациите во Лига Ц, каде што се формирани вкупно шест групи. Натпреварите од оваа етапа ќе се одиграат во март, април и јуни 2026 година.
Пласман во следната рунда ќе обезбедат победниците од сите шест групи, како и двете најдобро рангирани второпласирани селекции. Тие ќе се борат за место на Мундијалот преку бараж дуели против второ и трето пласираните тимови од Лига А. Овие натпревари ќе се одиграат во октомври и ноември 2026 година, додека последните интерконтинентални баражи се закажани за февруари 2027 година.
Македонија ќе се обиде да стигне до баражите преку групата Ц3, каде што ќе игра против селекциите на Унгарија, Азербејџан и Андора, истакнаа од Фудбалската федерација на Македонија.
Спорт
Јувентус сигурен против Торино, Влаховиќ го отвори резултатот уште во петтата минута од натпреварот
Јувентус славеше со 3-1 против Удинезе на свој терен во Торино, во рамките на деветтото коло од италијанската Серија А. Домашниот тим го отвори резултатот уште во петтата минута преку Душан Влаховиќ, кој беше прецизен од белата точка. Во второто полувреме, Федерико Гати зголеми на 2-0 во 67-та минута, а Кенан Јилдаз ја запечати победата со гол во шестата минута од судиското продолжение.
Почесниот гол за гостите го постигна Николо Заниоло во првата минута од дополнителното време. Во следното коло, Јувентус ќе гостува кај Кремонезе, додека Удинезе на домашен терен ќе ја пречека Аталанта.
Рома ја совлада Парма со 2-1
Рома исто така запиша победа на свој терен, совладувајќи ја Парма со 2-1. Марио Ермосо го отвори резултатот во 63-тата минута, а Артем Довбик во 81-та ја потврди победата. Единствениот гол за Парма го постигна Алесандро Чикарти во 86-тата минута.
Комо убедлив против Верона
Во исто време, Комо беше подобар од Верона со 3-1 на домашен терен.
Спорт
Високи признанија за работата на ФФМ, Омерагиќ и Јандреоски именувани на високи меѓународни позиции во „ФИФА“
Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, доби нова меѓународна функција, тој е назначен за член на Олимпискиот фудбалски комитет при ФИФА.
Овој комитет, кој функционира под надлежност на Советот на ФИФА, има задача да го следи и поттикнува развојот на фудбалот како олимписка дисциплина, како и да ја унапредува соработката со Меѓународниот олимписки комитет во сите прашања поврзани со турнирите во рамки на Олимписките игри.
На чело на Комитетот е Самир Шауд од Бразил, а негов заменик е Мустафа Раџи од Либерија. Меѓу членовите се наоѓаат повеќе истакнати фудбалски претставници од различни делови на светот како Кохзо Ташима од Јапонија (делегат на Советот на ФИФА), Чармејн Крукс од Канада, Хрисостомос Гкагкатсис од Грција, Шеик Ахмад Јусеф Ал Сабах од Кувајт, Бранко Радујко од Србија, Хелга Хелгадотир од Исланд и други.
Покрај Омерагиќ, и генералниот секретар на ФФМ, Леонид Јандреоски, доби важно меѓународно признание, тој е избран за член на Комисијата за медиуми и комуникации на ФИФА.
Оваа комисија има задача да ја дефинира и унапредува медиумската и комуникациската стратегија на ФИФА, со фокус на дигиталните платформи и јавната комуникација. На нејзино чело е Јасин Идрис Диало од Брег на Слоновата Коска, а заменик-претседател е Армен Меликбекјан од Ерменија.
Во составот на Комисијата се и Фатма Ал Нуими (Катар), Ајишат Фалоде (Нигерија), Ноел Муни (Велс), Хелена Пиреш (Португалија), Аманда Вандерворд (САД) и Тони Ванг (Тајван).
Именувањето на Омерагиќ и Јандреоски претставува големо признание за Фудбалската федерација на Македонија и потврда за растечкиот углед на македонскиот фудбал во меѓународната фудбалска заедница, истакна Фудбалската федерација на својот е-медиум.
-
Хороскоп2 денаХороскоп за среда (5 ноември)
-
Хроника2 денаД-р Лазаров: Страшна и трагична сообраќајка на Плетвар, внимавајте по патиштата луѓе, две лица загинаа, другите се борат за живот
-
Хороскоп16 часаХороскоп за четврток (6 ноември)
-
Социјални мрежи1 денВнимавајте, се шири „спам“ порака преку „Viber“, не одговарајте на пораката, бидејќи може да бидете измамени
-
Спорт2 денаВо „Лига Ц“, Унгарија, Азербејџан и Андора се противниците на Македонската женска фудбалска репрезентација за квалификациите за светското првенство во Бразил
-
Временска прогноза1 денДо петок стабилно и без дожд, потоа нашиот регион ќе биде зафатен со нов влажен воздушен бран кој ќе услови со нови врнежи од дожд
-
Македонија1 денЛишени од слобода возачи од Битола и Прилеп, управувале возила со скоро 100 км на час повеќе од дозволеното и под дејство на алкохол
-
Здравје и убавина1 денПрескокнување на доручекот на утро не е најдобра работа според експертите, во најмала рака тоа заменете го со чашка вода или парче овошје
