Следете не

Временска прогноза

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне во источните делови од Македонија ќе има повремен дожд и услови за грмежи

Објавено пред

на

Времето денес во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во источните делови ќе има повремен локален дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен, а во западните делови од западен правец.

Во главниот град, исто така ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Што се однесува до новонастанатата состојба со времето, што практично тлее невообичаено време за овој период од годината ќе се задржи и во понатамошниот период од месецот.

Временска прогноза

Се чини полека летните горештини попуштаат, денес повторно нестабилно си повремен пороен дожд во попладневните часови

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Денес (понеделник 18 август) ни следува ново невреме во повеќе делови од Република Македонија. Државата ќе биде под влијание на влажна и на нестабилна воздушна маса која е поврзана со атмосферски фронт од север со поладен воздух на висина.

Времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер во поголем дел од Македонија. Локално атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и ќе има појава на невреме со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со локална појава на град.

Во Скопје и околината денес (понеделник 18 август) времето ќе биде нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме проследено со силен ветер  и со појава на град.

Што се однесува до температурите тие денес ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 34 степени.

Попоски: Се чини дека летните горештини за ова лето 2025-то завршуваат. Европа се лади, а топлината од Африка полека ќе се повлекува кон Југ. Апелирам поради многу нестабилното време, во случај на појава на невреме  и на електрични празнења граѓаните да обратат поголема внимателност. Односно, да не се претстојува на отворен простор  и под осамени дрвја додека траат електричните празнења. Исто така, во случај на појава на силен ветер граѓаните да ги заштитат своите автомобили, тоа значи да не ги ставаат во близина на дрвјата, особено оние дрвја кои се стари и осамени, заврши Славчо Попоски.

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Утре попладне најава за локален пороен дожд и дестабилизација, додека во понеделник дожд и грмежи речиси на секаде во Македонија

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса која е поврзана со фронтален систем од север, утре попладне (недела 17 август), потоа во понеделник (18 август) на многу места во Република Македонија ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме проследено со силен ветер и со појава на град.

И во Скопје и околината утре (недела 17 август) во попладневните часови, а особено во понеделник (18 август) ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на невреме со силен ветер и со појава на град.

Попоски, апелира во случај на појава на невреме и на електрични празнења граѓаните да обратат поголема внимателност, односно да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така, во случај на појава на силен ветер граѓаните своите автомобили да ги заштитат, односно истите да не ги ставаат во близина на дрвјата, особено оние дрвја кои се стари и осамени.

Утре (недела 17 август) температурата ќе се искачува во интервалот од 28 до 35 степени, а во понеделник (18 август) таа ќе биде малку пониска и ќе се искачува во интервалот од 25 до 33 степени, информираше Славчо Попоски од метеоаларм.

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Метео мапата за викендов укажува промена на времето, нестабилност, проследена со дожд и засилен ветер?

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Викендов (сабота и недела 16/17 август) во Македонија ќе има изолирана попладневна нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер. Поради атмосферски фронт со поладен воздух на висина, во понеделник (18 август) во попладневните часови на повеќе места во Македонија ќе има развој на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер.

Локално пак атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и ќе има појава на невреме проследено со обилен пороен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења и со појава на град.

И во Скопскиот регион, особено во понеделник (18 август) во попладневните часови ќе биде нестабилно, во делови од котлината со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на невреме.

Што се однесува до температурите, тие ќе бидат пониски за 3 до 4 степени во споредба од оние температури кои ги имавме изминатите денови, и максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени, а во Скопје максималната температура ќе се искачува до околу 33/34 степени, утрово информира Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Временска прогноза10 минути

Се чини полека летните горештини попуштаат, денес повторно нестабилно си повремен пороен дожд во попладневните часови

Денес (понеделник 18 август) ни следува ново невреме во повеќе делови од Република Македонија. Државата ќе биде под влијание на...

Македонија1 час

Денес во Штип, Македонската Армија одбележува 33 години од своето формирање, три децении исполнети со професионализам, посветеност и храброст

Денес, во касарната „Јане Сандански“ во Штип, ќе се одржи централната прослава по повод 33-годишнината од формирањето на Армијата на...

Хороскоп10 часа

Хороскоп за понеделник (18 август)

ОВЕН Транзитите укажуваат на можност да упаднете во конфликт со најблиските. Кризата внатре во семејството може да потрае ако не...

Македонија14 часа

Во Штипската болница вчера бил донесен работник од Бангладеш, се повредил при работа

На 16.08.2025 во 18:16 часот во СВР Штип од Клиничката болница Штип било пријавено дека кај нив бил донесен Ш.М.Д.Х(22)...

Занимливости17 часа

„Астероидот 2025 PM“ безбедно прелета покрај Земјата

Астероидот кој беше откриен годинава, безбедно прелета покрај Земјата на растојание од околу еден милион километри — што е над...

Скопје20 часа

Ноќеска скопјанец предизвикал сообраќајка, пијан 3,30 промили алкохол во крвта

На 17.08.2025 околу 00:45 часот на  ул. „Цветан Димов“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за недела (17 август)

ОВЕН Може да очекувате полека, чекор по чекор, успех на деловно поле. Може да се надевате на средба со личноста...

Македонија2 дена

„Центарот за Безбедност на Вода на Црвен Крст Охрид“, денес по силниот ветер спаси оддалечени луѓе од брегот на охридско езеро!

Денес доцна попладне околу 17:30ч во водите на охридско езеро се случила вистинска драма. Имено како што известуваат за нашиот...

Временска прогноза2 дена

Утре попладне најава за локален пороен дожд и дестабилизација, додека во понеделник дожд и грмежи речиси на секаде во Македонија

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса која е поврзана со фронтален систем од север, утре попладне (недела 17...

Скопје2 дена

Примил 10 000 евра за наводно да влијае врз судски постапки, кривична пријава против лице од Скопје

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и...

НАЈЧИТАНИ