Спорт
Женската А репрезентација на Македонија ги стартуваше подготовките за дуелите со Молдавија
Женската А фудбалска репрезентација на Македонија официјално ги започна подготовките за претстојните предизвици од квалификацискиот циклус за пласман на Европско првенство.
Нашите репрезентативки ги очекува двомеч со селекцијата на Молдавија на домашен и гостински терен во рамките на групата 2 од лигата Ц.
Првиот меч од квалификациите против Молдавија се игра утре 31 мај, петок, на тренинг центарот „Петар Милошевски”, Скопје со почеток во 17. часот. Вториот дуел ќе биде одигран на стадионот Зумру во Кишињев, со почеток во 19. часот.
Селекторот на женската репрезентација на Македонија, Александар Андов даде свое видување за претстојниот двомеч со Молдавија.
– Не очекуваат два важни натпревари против Молдавија на домашен и гостински терен, се подготвуваме максимално, сакаме да го покажеме нашето најдобро светло.
-Очекувањата за овој натпревар се големи, целта да се издвојува победа на двата.
-Ќе одиме чекор по чекор, односно натпревар по натпревар, очекувам да одиграме одличен натпревар тука во Скопје и се надевам дека ќе ги израдуваме нашите фанови.
-Ослабени сме со неиграњето на Гентијана Рочи, која се здоби со повреда на последниот натпревар за својот клуб, но од друга страна ќе претставува одлична прилика за друга фудбалерка која ќе настапи на нејзино место да се покаже во добро светло и да се наметне во репрезентацијата.
-Овие два натпревари со Молдавија ќе бидат одличен тест за нас и за нашиот потенцијал. Верувам во моите фудбалерки и се надевам дека ќе оствариме две победи.
Спорт
Утре во Кичево, „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“ во третата македонска фудбалска лига запад во претпоследното коло од есенскиот дел
Утре сабота (22.11) со почеток од 13:00ч на градскиот стадион во Кичево, домашната екипа на „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“. За домаќините овој ќе биде исклучително важен натпревар во претпоследното коло од есенскиот во третата македонска фудбалска лига запад.
– Очекувам одличен натпревар, екипата на „ФК Џепчиште“ има одличен тим, но се надевам дека ова нашите момчиња ќе прикажат една квалитетна игра со тоа што мислам дека ќе извојуваме победа, важна за нас пред крајот на есенскиот дел. Оваа прилика ја користам, да ги повикам сите љубители на фудбалот да дојдат и да уживаат на градскиот стадион, за Порта.мк истакна првиот човек на тимот Бобан Дујковиќ
Спорт
Данска првиот предизвик за „рисовите“ во март, за пласман на големиот мундијал во САД, Мексико и Канада
Спорт
Македонија во четврток го дознава новиот ривал, по катастрофалниот пораз тргнуваме по потешкиот пат за мундијалот! Глава горе момци!
Македонската фудбалска репрезентација го запиша својот прв и единствен пораз во квалификациите за Светското првенство. Националниот тим беше целосно надвор од ритам и убедливо беше совладан на „Кардиф Сити стадиум“ со 7-1 (3-1). И покрај високата загуба, Македонија и натаму остануваат во игра и во март 2026 година ќе настапат во баражот за пласман на Мундијалот.
Играч на мечот беше дефинитивно капитенот на Велс, 28-годишниот Хари Вилсон, играчот на Фулам кој запиша 3 погодоци на овој меч.
Нема очај, од овој меч треба само да се извлече поука. Одиме напред до остварување на сонот, но овој пат по потешкиот пат. Токму поради тоа, веќе во четврток го дознаваме ривалот во првиот бараж, кој ќе се игра во март и за кој се знае дека нашиот национален тим ќе гостува или не.
Стадион во Кардиф. Гледачи: 33.000. Судија: Дани Макели. Стрелци: Вилсон 18′ пен., 75′, 81′ пен., Брукс 21′, Џонсон 37′, Џејмс 57′, Бродхед 88′ (Велс), Миовски 23′ (Македонија). Ж. картони: Ашковски, Димитриевски (Македонија).
Велс: Дарлоу, Вилијамс (82′ Кпакио), Лоуер, Родон (82′ Мефам), Дасилва, Шихан, Вилсон, Џејмс (64′ Томас), Кулен (85′ Дејвис), Брукс (64′ Броудхед), Џонсон.
Македонија: Димитриевски, Илиевски, Стојчевски (55′ Ќамили), Велковски, Зајков, Ашковски, Барди, Костадинов (55′ Чурлинов), Алими (64′ Атанасов), Елмас, Миовски (64′ Растодер).
Напред „рисови“, напред Македонија!
