Кичево
„Турнир во мал фудбал“ с.Вранештица – Кичево, традиција, спорт, дружење и одличен амбиент. Од денес официјално започнува пријавувањето на екипите, биди дел!
Почитувани љубители на фудбалот, во чест на големиот христијански празник, „Илинден“ во с. Вранештица – кичевско, традиционално и оваа година ќе се реализира илинденскиот турнир во мал ⚽️ фудбал кој ќе понуди многу дружење, забава, вредни награди, екстра фудбал, одлична скара и пијалок.
Традицијата од веќе 56 години продолжува во фер плеј, каде судиските арбитри се професионалци кои судат во првенствата на најсилните лиги.
Што се однесува до наградниот фонд, истиот ќе биде со почетна сума од 120,000 ден, додека од денес може директно да ги пријавувате вашите екипи (5+1), паровите како и секоја година ќе се извлекуваат во кичевскиот ресторан „Кај Кумот“. Рок на пријавување ќе биде до 18-ти јули.
👉Пријавување од екипа ќе чини: 3000 ден
📌Пријавување ќе се врши исклучиво на следните броеви: 071/229-326 и 070/907-590
🥇Финалниот меч ќе се одигра на самиот 2-ри август (Илинден), каде после прогласување на победникот вечерта ќе продолжи со забава во живо на отворено заедно со група „Седенка“
Нашиот медиум заедно со нашите партнери од најдоброто кичевско радио „Акорд“ ќе бидат медиумски покровители, така што кога ќе биде официјалното отворање на турнирот и за останатите дополнителни информации ќе ве известуваме на време.
* Исто така, местата за спонзорства се отворени од овој момент, така да секој што сака да биде дел од традиционалниот турнир и да даде свој придонес, а притоа добро истакнат и преку нашиот медиум, контактирајте на официјалните телефонски броеви.
Спортски поздрав!
Еве како беше финалната вечер ТУКА минатата 2023-та година:
Кичево
Фрлено шише со запалива течност во кичевски двор, ОВР Кичево презема мерки за пронаоѓање на сторителот
На 07.11.2025 во 23:01 часот во ОВР Кичево е пријавено дека едно лице фрлило шише со запалива течност во куќен двор, сопственост на Н.Р. од Кичево.
Повредени лица нема, а огнот бил изгаснат од сопственикот.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот, по што против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Кичево
Вечерва во НУЦК „Кочо Рацин“ ќе се одржи целовечерен концерт на Ансамблот „Македонија“, бидете дел и уживајте
Ансамблот „Македонија“ претставува репрезент на македонската традиционална култура при Музичката Академија на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. Единствен во државата, од ваков тип, ансамблот работи со кадар професионалци кои се едуцираат низ споменатите институции.
Со него раководат врвни професионалци и стручен кадар од областа на Традиционална игра, традиционалните инструменти и пеење.
Репертоарот на Ансамблот Македонија е категоризиран според орските и музичките стилски карактеристики обработувајќи сценски адаптации од сите играорни подрачја во Македонија: Западно; Југозападно; Јужно; Источно и Северно играорно подрачје.
За сценско презентирање, ансамблот располага и со автентични традиционални носии од различните етнички предели во Македонија, нагласени преку различни социјални атрибути и реквизити, прикажувајќи ги различните социјални статуси во културата на живеење.
Облековниот инвентар на Ансамблот „Македонија“ се презентира и преку различни модни стилови карактеристични за историското минато на македонската култура. Модни стилови карактеристични за градските центри како ала Турка од крајот на XIX и поч. На ХХ век со турско-ориенталното влијание во облековната култура, како и ала Франга – западноевропскиот градски моден стил од почетокот на ХХ век.
Нацеловечерниот концертот на Ансамблот „Македонија“, насловен како ансамбл „Македонија“ со вас, ќе имате прилика да уживате во звуците на чалгијата од градските центри: Тетово, Битола, Скопје, Велес, Струга и Охрид, претставувајќи ни ги Градските игри и песни.
Проект поддржан од Министерството за Култура на Република Македонија.
04.11.2025 г. (вторник) / 19:00ч
НУЦК „Кочо Рацин“
Влез: Слободен
Кичево
Д-р Јовановски е новиот градоначалник на град Кичево, човек кој ќе ја врати довербата во заедништвото и меѓуетничкото разбирање
Вчера на локалните избори во втор круг победи Д-р Александар Јовановски. Кандидатот кој водеше граѓанска кампања на локалните избори се покажа дека токму тоа е потребно на кичевчани, така што со 14,228 гласови за разлика од опонентот кој го водеше градот три мандати кој освои 2020 гласови помалку, г-дин Јовановски стана нов гратски татко, поддржан дефинитивно од сите политички субјекти, неопределени и определени.
Популарниот „Док“, г-дин Александар Јовановски (49 год) е доктор по општа медицина, вработен во сопствена приватна здравствена установа „Драга-Медика“ во Кичево, која го носи името на неговата покојна мајка. Сопруг е на албанката Линдита Лимани Јовановска (39), среќно оженет во 2014 година. Таа е магистер, професор по англиски јазик. Татко е на три деца Јана, Живко и Дафина.
Во својата богата кариера, владее одличен рејтинг, а сега народот му дава нова улога – градоначалник на град Кичево. Мултиетничка средина, во која Јовановски сигурно ќе постигне позитивни резултати.
Од нашата редакција упатуваме честитки, за успешна и плодна работа, работа која дефакто мора да стартува час поскоро. Сигурни сме во мнозинскиот избор на кичевчани, дека Докторот ќе биде со фокус на единство, прекугранично меѓуетничко разбирање, и ќе биде човек кој не гледа националност, ќе гледа работа и просперитет.
-
Кичево22 часаФрлено шише со запалива течност во кичевски двор, ОВР Кичево презема мерки за пронаоѓање на сторителот
-
Спорт14 часаКичевските арбитри Стојановски и Цветаноски ќе ја делат правдата на мечот в понеделник помеѓу „Силекс“ и „Шкупи“
-
Хороскоп2 денаХороскоп за сабота (8 ноември)
-
Култура2 денаУтре е „Митровден“, се вели дека од денот започнува зимата. Честита домашна слава и именден до сите домаќини!
-
Македонија2 денаСВР Охрид: Зачестија лажни телефонски јавувања за изнуда на пари за наводно случени сообраќајни незгоди, апел до граѓаните да не наседнуваат на такви телефонски повици
-
Хороскоп12 часаХороскоп за недела (9 ноември)
-
Македонија2 денаЛишени од слобода пет лица поради сторени кривични дела за поткуп
-
Македонија2 денаОд 15-ти ноември започнува законската одредба за поседување зимска опрема и зимски пневматици
