Кичево
По повод месецот на светите апостоли Св.Петар и Павле во Кичево се организира ликовен и поетски конкурс, најубавите цртежи и песни ќе бидат изложени и прочитани на официјална свеченост

Во месецот кога се празнуваат светите првоврховни Апостоли Петар и Павле, а и Соборот на светите Апостоли, чествувајќи го хорот на овие толку важни свети мажи, коишто Го запознаа Бога, станаа Негови ученици и поверуваа во Него толку, така што беа повикани да го продолжат Неговото спасително дело на земјата, и поради особената радост како слава и главен празник на нашиот град, Здружението „Митрополит Козма Пречистански“ ги повикува сите млади (до 18години) да ги достават своите ликовни и поетски творби во соборниот храм на градот Кичево „Свети Петар и Павле“.
ТЕМА на Ликовен конкурс е: „Светите Дванаесет Апостоли во. Православната уметност“.
ТЕМА пак на поетскиот конкурс е: „Ликот и делото на светите Дванаесет Апостоли“.
Цртежите и поемите треба да бидат оригинални, плод на трудот и знаењето на најмладите. Секој ученик кој сака да учествува, може да испрати само еден индивидуален авторски ликовен и поетски труд (со име, презиме и возраст). Стиловите се отворени, важно е да е само во склад со темата.
Рокот за доставување на уметничките и поетски дела е најдоцна до 10.07.2024г.
Најубавите поеми ќе бидат прочитани за време на Духовната Академија, веднаш после светата Литургија во дворот на храмот „Свети Петар и Павле“ 09:30ч, а најубавите цртежи ќе бидат изложени на Ликовната Изложба на градскиот Плоштад во Кичево, пред Домот за Култура „Кочо Рацин“, на 13.07.2024г. Сабота, 10:30ч. веднаш после светата Литургија и свечената Духовна Академија, и каде мноштво народ ќе има можност да ги види, а сите творби ќе бидат објавени на официјалната страна на Хорот „Митрополит Козма Пречистански“.
Здружението „Митрополит Козма Пречистански“ ги охрабрува најмладите да учествуваат на ликовниот конкурс, да ја покажат својата креативност преку визуелизација на своите уметнички дарови од Бога и преку тоа подобро да се запознаат со ликовите и делото на светите Апостоли.
Кичево
Кичево: Филм, музика и креативност во село Ехлоец: Echoes in the Wild на 7 септември

На 7 септември (недела), во селото Ехлоец, сместено на падините на планината Стогово во близина на Кичево, ќе се одржи уникатниот настан Echoes in the Wild – фестивал кој го поврзува филмот, музиката и младинската креативност во едно заедничко искуство на отворено.
Програма на настанот
- 19:00 часот – филмска проекција
Организирана од EcoKult и Nightflix, проекцијата има за цел да ја донесе интимноста на кино-искуството надвор од градските сали, во срцето на природата. - По проекцијата – музички дел
Вечерта продолжува со диџеј сетови на:- Ива Арифај (Србија)
- Aco Sound (Македонија)
- Дарко Јованоски (Македонија)
Настапите ќе ја донесат енергијата на младата електронска сцена од регионот во живописното место познато како „На камен“.
Пораката на организаторите
Во разговор со Дарко Јованоски, член на „Montparnasse“ и еден од организаторите, дознавме дека идејата зад овој настан е да се создаде нова културна навика кај младите:
„И малите села, и планините, и историските места, и заборавените предели можат да станат простори каде младите ја обликуваат својата креативна сцена. А младите дефинитивно имаат енергија и идеи за тоа да го остварат.“
Поддршка и организација
- Настанот е во организација на Montparnasse.
- Дел е од проектот на Western Balkans Youth Cultural Fund, спроведен од Regional Youth Cooperation Office (RYCO) со поддршка од Германското Министерство за надворешни работи.
Практични информации
- Организаторите ги повикуваат посетителите да пристигнат уште од пладневните часови, за да ја доживеат убавината на Ехлоец и Стогово во целост.
- Се препорачува носење на топла облека за вечерните часови.
- Влезот е бесплатен.
Кичево
(ВИДЕО) Спречен голем пожар во кичевската населба Иванидол

Предмалку благодарение на брзата интервенција од ТППЕ Кичево, беше спречена пламната огнена стихија на сува трева да дојде до далековод и до населените куќи.
За среќа нема штети, нема повредени. На терен беше и ОВР Кичево кои го обезбедија местото.
Кичево
(ФОТО) По работната акција, светнаа трибините на градскиот стадион од ФК Напредок

Во текот на денешниот ден се одржа работна акција со цел расчистување на трибините на Градскиот стадион.
Западна трибина е очистена и спремна за новата сезона. Се очисти и влезот и дел од Источната трибина.
Во периодот што доаѓа управата на Ф.К.Напредок ќе организира уште работни акции за комплетно средување на стадионот.
Огромна благодарност на сите што дадоа допринос и несебична работа, истакна управата на клубот.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за четврток (4 септември)
-
Хороскоп7 часа
Хороскоп за петок (5 септември)
-
Кичево2 дена
Кичево: Филм, музика и креативност во село Ехлоец: Echoes in the Wild на 7 септември
-
Македонија2 дена
МВР: Целосна забрана во шуми до крај на месец септември
-
Свет21 час
(ВИДЕО) „Ден на жалост“ во Португалија по страшната трагедија каде од шините излета жичара и одзеде најмалце 15 животи, неофицијално има и странци
-
Lifestyle2 дена
Кој пијалок е поштетен за здравјето: пивото или газираните сокови?
-
Македонија2 дена
„Wizz Air“ со шести авион во својата база во Скопје и 13 нови рути
-
Македонија20 часа
МВР: Кривична пријава против петмина вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство за „злоупотреба на службена положба и овластување“