Скопје
СВР Скопје санкционира 126 возачи кои направиле прекршоци
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (09.07.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 126 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 10 санкции, четири мерки за користење на мобилен телефон при управување, четири санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, седум мерки за некористење на сигурносен појас, 15 санкции за прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикл…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, истакнаа од МВР.
Скопје
Во СВР Скопје пријавено дека починат во својот дом бил пронајден 55-годишник од Драчево
На 16.11.2025 во 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во домот на подрачјето на Драчево пронајден е починат М.А. (55) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, за јавноста извести МВР преку својот билтен за медиуми.
Скопје
ЦУК: Двете жени се пронајдени во црн пат помеѓу Долно Количани и Батинци и се во добра здравствена состојба, истите биле државјанки на Македонија
Добиена е повратна информација од Полициската станица Драчево дека двете женски лица се пронајдени на црн пат помеѓу Долно Количани и Батинци. Лицата се во добра здравствена состојба и со возило, во придружба на полицијата, веќе се движат кон Драчево.
Појаснуваме дека, поради грешка во првичната комуникација, не станува збор за странски државјанки, туку за државјанки на Македонија, предмалку информираше ЦУК за јавноста.
Скопје
Лишен од слобода возачот кој удри малолетничка на ул. „Перо Наков“ во Скопје и избега од местото на настанот
На 30.10.2025 околу 19:30 часот, по преземени оперативни мерки, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода Б.Р. (59) од Скопје.
Тој на 28.10.2025 околу 20:30 часот на ул.„Перо Наков“ во Скопје, со патничко возило „фиат сеиченто“ удрил во 11-годишна малолетничка од Скопје, по што со возилото го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и возачот и возилото се пронајдени и Б.Р. по наредба на јавен обвинител е задржан во полициска станица, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, истакна МВР.
-
Кичево1 денОВР Кичево поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник, постапувал спротивно на законот за пожарникарство
-
Кичево13 часаОВР Кичево го пронајде возачот кој предизвика сообраќајна несреќа во Кичево и го напушти местото на настанот
-
Кичево2 дена„Венаки“ Кичево: Пристигнува гооолемиот „Black Friday“ со неверојатен попуст до -70% на цени на одредени производи од светски производители за санитарија и останата покуќнина
-
Македонија7 часа„ЛУКОИЛ Македонија“ во своите малопродажни објекти го враќа купувањето со „VISA“ дебитните и кредитни картички, од денес во целосна функционалност може да се користат услугите за плаќање
-
Хороскоп1 денХороскоп за среда (26 ноември)
-
Хроника1 денМлад затвореник од струшко починал, откако во тешка здравствена состојба бил донесен во Општата болница во Охрид
-
Временска прогноза1 денОд утре повторно нови обилни врнежи од дожд и засилен ветер, снегот ќе биде застапен на повисоките места од државата
-
Автомобили2 денаКако да заштедите гориво во зима: Експертски совети за правилен притисок во гумите
