Мобилни уреди
Гугл најавува уште по засилени мерки за прегледување на апликации кои се на „Play store“

Google применува строги правила кога станува збор за прегледување на апликации кои завршуваат на „Play store“, а наскоро тоа ќе биде уште построго. И покрај строгите правила, некои апликации успеваат да се „провлечат“ и да го најдат патот до корисниците иако тоа не би требало да се случи, па затоа Google повремено иницира акција против ризични и неквалитетни програми.
На повидок е уште една рунда на „чистка“ апликации пронајдени во „Play Store“ кои имаат „ограничена функционалност“. Најновото ажурирање на политиката за спам и минимална функционалност на Google покажува како компанијата се подготвува да ги отстрани „ограничените“ и „скршените“ апликации од Play Store.
Тие објаснуваат дека апликациите ќе се отстранат врз основа на три критериуми: статични (без карактеристики специфични за апликацијата, како оние што служат само текст или PDF), мала содржина (на пр. само со една позадина или една функција), како и скршени апликации (постојано се затвораат, не се вчитуваат или не реагираат).
Новата политика на компанијата ќе стапи на сила на 31 август оваа година и може да влијае на многу апликации на „Play Store“, вклучително и некои кои се легитимни, но спаѓаат во една од овие категории, пренесува b92.net
Мобилни уреди
Што носи новиот „iOS 26“? Естетика и функционалност во еден пакет

iOS 26 носи значителни подобрувања во персонализацијата и продуктивноста, овозможувајќи iPhone да стане уште пофлексибилен и прилагоден на потребите на корисниците.
Најголемите промени се забележуваат уште на почетниот екран, каде што е воведен ефект на „течно стакло“ со транспарентни икони и обновени виџети кои сега поддржуваат боја и различни нивоа на транспарентност. Ова дава свеж, минималистички и модерен изглед на интерфејсот.
Меѓу најинтересните новитети е функцијата Local Capture во Control Center, која овозможува снимање аудио и видео за време на повици, со автоматско зачувување на содржината во апликацијата Files. На овој начин корисниците добиваат дополнителна безбедност и практичност, без потреба од апликации од трети страни.
Апликациите исто така добија значајни надградби. Во Messages фотографиите во разговорите може да се пронајдат со еден допир, додека Weather овозможува персонализирано следење на временските услови за повеќе локации од дома и работа до омилените дестинации.
Новата апликација Preview ја олеснува обработката на слики со функции како ротирање, сечење, менување на големината и дури отстранување на позадина. Од друга страна, Photos додава светол и темен режим при уредување, побрз пристап до албуми и можност за генерирање случајни позадини.
Notes доби гестови за враќање и повторување на промени, додека Siri сега поддржува и внесување на команди преку текст особено корисно во ситуации кога гласовното користење не е практично. Дополнително, системот автоматски препознава датуми во скриншоти и нуди опција за брзо додавање на настани во календарот.
Сите овие подобрувања покажуваат дека iOS 26 е креиран со идеја да понуди подобро корисничко искуство, комбинирајќи модерен дизајн со практични алатки што го олеснуваат секојдневното користење на iPhone.
Мобилни уреди
Новиот процесор за мобилни телефони на „Qualcomm“ ќе се вика „Snapdragon 8 Elite Gen 5“

Qualcomm најави дека неговиот следен водечки мобилен процесор ќе се вика Snapdragon 8 Elite Gen 5 – име што може да делува збунувачки, бидејќи е наследник на минатогодишниот Snapdragon 8 Elite. Иако официјалното претставување ќе се одржи на самитот Snapdragon од 23 до 25 септември, компанијата веќе објасни зошто направила промени во брендирањето.
– „Можеби изгледа како да сме прескокнале неколку генерации, но вистината е многу поедноставна – и помоќна. Snapdragon 8 Elite Gen 5 ја претставува петтата генерација на нашите премиум платформи од серијата 8, откако го воведовме новиот едноцифрен систем на именување и новиот визуелен идентитет“, напиша Qualcomm во блог објава. „Затоа, иако името звучи поинаку, тоа всушност е продолжение на нашата постојна рамка.“
Со оваа промена, компанијата сака да ја направи еволуцијата на своите водечки чипсети појасна за потрошувачите. По моделите Snapdragon 8 Gen 1, Gen 2 и Gen 3, Qualcomm ја наруши доследноста со минатогодишниот Snapdragon 8 Elite, кој всушност е четвртата генерација.
Сега, враќањето на генерациските броеви ја нагласува припадноста на сите модели во едно исто семејство и временска рамка на издавање, а истовремено – можеби не случајно – го избегнува бројот четири, кој традиционално се смета за несреќен во кинеската култура.
Извор: theverge.com
Мобилни уреди
„Apple“ ја претстави новата серија на iPhone 17

Apple ја претстави новата серија iPhone 17. Почетната цена во САД за основниот модел изнесува 799 долари, додека за iPhone 17 Pro ќе треба да се издвојат 1.099 долари. Во Европа и Србија се очекуваат нешто повисоки износи. Продажбата започнува на 19 септември.
Телефоните доаѓаат со новиот A19 процесор, а екранот сега има 6,3 инчи и е заштитен со керамички слој – мал напредок во однос на 6,1-инчниот дисплеј кај iPhone 16.
Камерата претрпе големо унапредување и нуди резолуција од 48 мегапиксели, што е четири пати повеќе од претходната генерација.
Во прилог одличната рецензија и првите впечатоци за „чудовиштето“ од мобилен телефон на јутјуберот „Brian Tong“
Инаку, моделот iPhone 17 Pro се разликува со редизајн, посилна батерија, зголемена меморија и нов систем за ладење кој овозможува подобри перформанси на чипот.
Покрај главните модели, Apple го најави и iPhone Air – најтенкиот iPhone досега. Со дебелина од само 5,6 милиметри, екран од 6,5 инчи и конструкција направена од 80% рециклиран титаниум, овој уред е посебен акцент на презентацијата.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (12 октомври)
-
Хороскоп24 часа
Хороскоп за понеделник (13 октомври)
-
Временска прогноза23 часа
Нов влажен бран проследен со ладен воздух веќе од среда се очекува кон наша територија
-
Македонија8 часа
Од вечерва поевтинуваат горивата, ова е новата цена за литар
-
Спорт13 часа
Димитриевски: Очекувам силна поддршка од трибините, „Целта е јасна, излегуваме на терен по победа“
-
Македонија11 часа
МВР: Изминатиот викенд лишени од слобода 13 лица за безобзирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик, 1.502 сообраќајни прекршоци
-
Македонија10 часа
МЗ: Во тек е дистрибуција на вакцините против сезонски грип низ јавните здравствени установи, по што во текот на оваа недела граѓаните што се пријавиле за бесплатна вакцинација ќе бидат известени со СМС порака за терминот за вакцинација
-
Храна13 часа
Дали знаете дека солената храна го зголемува апетитот?