Кичево
Хероите од ТППЕ Кичево кои ја гаснеа депонијата во близина на ЈП „Комуналец“ вдишале чад од пожарот, по што им се влошила здравствената состојба
Вчера на 06.08.2024 во 10.45 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на М.В.(26), Т.С.(40) и Х.Д.(37), сите од Кичево, поради вдишување на чад од пожар на депонија во близина на Јавното претпријатие „Комуналец“ – Кичево, им се влошила здравствената состојба, по што побарале помош во приватна здравствена установа во Кичево.
Се работи на целосно расчистување на настанот, за медиумите известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Кичево
Утре во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево, се организира „Хуманитарен концерт“ на здружение на родители на деца со пречки во развој, да бидеме хумани!
Утре во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево, се организира „Хуманитарен концерт“ на здружение на родители на деца со пречки во развојот „Надеж“. Предводник на оваа манифестација, заедно со здружението е Алексо Тришоски.
Музичкиот настан е закажан со почеток од 18:00ч (сабота) 25.10.2025 г, додека влезница за овој настан ќе чини симболични 100 денари.
Бидете дел, да бидеме хумани, да помогнеме!

Кичево
(ВИДЕО) Погледнете како „везат“ нашите момчиња од „ФК Кичево“, на престижниот меѓународен турнир „Eurosport Cup“, против своите врснити од „CSKA“
Нашите млади таленти со ново искуство, неодамна на меѓународниот турнир „Eurosport Cup“ во Куманово забележаа успешно учество со генерацијата 2014/15, каде покажаа карактер, тимски дух и огромен напредок! Одигравме одлични натпревари исполнети со борбеност, желба и квалитетна игра.
Голема чест и задоволство е да се претставува нашата академија на ваков силен турнир. Продолжуваме со уште повеќе работа, ентузијазам и посветеност!
Во продолжение ТУКА ви ги претставуваме најдобрите моменти, благодарение на „Talnets“, „M-Net“, „CSKA“
Кичево
Отворена сметка за донации за доизградба на Храмот „Св.Петар и Павле“ во кичевското село Србјани, да дадеме свој придонес
Храмот „Св. Петар и Павле“ во с.Србјани кичевско мора да го добие вистинскиот сјај. Имено, во оваа прилика преку нашиот медиум упатуваме апел и се приклучуваме во хуманитарната акција и Ве повикуваме сите оние кои сакаат и можат да придонесат еден од најстарите храмови во Македонија да се возобнови и доизгради истото можат да го направат преку донација.
Изграден пред 530 години е од голема историска и културолошка важност за Македонија и градот Кичево.
Донациите можат да се уплатат наменски на МПЦ-ОА Дебарско-Кичевска Епархија, жиро сметка: 200002846337340, Стопанска Банка АД-Скопје, цел на дознака: Донација за црква „Св.Петар и Павле“ во село Србјани – Кичево.
Контакт за информации повеќе: Бобан Илиески (претставник на ЦО на Храм „Св.Петар и Павле“) тел бр. 078/212-771
Да бидеме хумани, ова место да заживее, како што доликува и да стане вистинско духовно светилиште кое ќе биде посетено од многу гости.
-
Хороскоп1 денХороскоп за четврток (23 октомври)
-
Хороскоп13 часаХороскоп за петок (24 октомври)
-
Временска прогноза22 часаПериодот пред нас со нови врнежи деновиве и силен ветер до 70 км/час
-
Lifestyle2 денаНајефикасниот начин за отстранување на мувла од ѕидовите, според експертите
-
Магазин2 денаКрем супа од печурки – вкусен и лесен рецепт за топол оброк
-
Кичево40 минутиУтре во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево, се организира „Хуманитарен концерт“ на здружение на родители на деца со пречки во развој, да бидеме хумани!
-
Магазин2 денаWhatsApp воведува нова мерка против спам: ограничување на бројот на пораки
-
Македонија1 денДенеска е 23-ти октомври, ден на Македонската Револуционерна Организација
