Кичево
ЦУК: Активен пожарот од с.Зајас према с.Горно Строгомиште кичевско, дејствуваат припадници на армијата, локални пожарникари и вработени во национални шуми

Предмалку директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов истакна втор дел од изјава за состојбата со пожарите. Имено, шестиот пожар е токму нашиот кичевски дел, втор на територијата на град Кичево. Истиот се одвива во атарот на с.Зајас кон с.Горно Строгомиште. На овој пожар дејствуваат 20 припадници на армијата, локални пожарникари како и вработени на национални шуми.
На овој пожар гори мешана шума, но карактеристично за овој пожар е тоа што истиот беше ставен под контрола, потоа изгаснат, но повторно се реактивираше поради недоволна грижа по гаснењето на пожар.
Вчера нашата екипа направи обиколка на теренот, пожарот речиси и да беше пробиен до самиот пат.
Кичево
(ФОТО) ТППЕ Кичево: Нов случај со запалена дива депонија во кичевско

Нов случај со запалена дива депонија во кичевско. Имено од рано утрово овој е втор случај ТППЕ Кичево да излезе на терен.
Последната интервенција е пред половина час во месноста Бичинци, односно покрај пат на дива депонија Бичинци-Мамудовци.
На терен дејствуваше екипа на ТППЕ Кичево со четири пожарникари.
Уште еднаш преку нашиот медиум пожарникарите апелираат за сериозноста на овој период на годината, да внимаваат, бидејќи мал отпушок е доволен за да се случи пожар!
Кичево
(ФОТО) Се запали дива депонија покрај пат кај с.Пополжани, интервенираше ТППЕ Кичево

Во 18:17ч денес пријавено било дека гори дива депонија во близина на с.Пополжани кичевско од битолска страна.
Како што не известија од ТППЕ Кичево, се извршуваат дополнителни активности околу гаснењето.
Кичево
Предмалку случена сообраќајка во близина на с.Извор кичевско, правец Кичево-Охрид

Предмалку се случила сообраќајна несреќа на патот Кичево-Охрид во близина на с.Извор.
Од информации од терен дознаваме дека сообраќајот бил отежнат, но без поголеми чекања и застој.
На местото на настанот се забележани екипи на Итна Медицинска помош од Кичево и ОВР Кичево.
За здравјето на учесниците немаме информации.
Повеќе детали очекуваме во билтенот на СВР Охрид.
-
Временска прогноза9 часа
Сепак следува промена на времето во Македонија, ова се метео информациите според Попоски
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (3 јуни)
-
Хороскоп17 часа
Хороскоп за петок (4 јули)
-
Кичево1 ден
(ФОТО) ТППЕ Кичево: Нов случај со запалена дива депонија во кичевско
-
Македонија16 часа
Времена измена на сообраќај со пренасочување на делница „Пресека-Песочан“ на автопат А2 Кичево-Охрид
-
Спорт6 часа
Во недела започнува традиционалниот турнир во мал фудбал во с.Староец кичевско
-
Скопје20 часа
МВР за пофалба, експресно го пронајдоа мотоциклистот кој усмрти пешак
-
Lifestyle4 часа
Цезар салата: Диететска, заситувачка и вкусна – нема да бидете гладни со часови