Хроника
Во Кичево на магистралниот пат се случила тешка сообраќајна несреќа, излетало возило

Предмалку тешка сообраќајна несреќа се случила на магистралниот пат Кичево-Охрид, во близина на кружен тек.
Од за сега неофицијални извори дознаваме дека се работи за еден учесник со пмв. волксфаген со кичевски таблички, изгубил контрола и излетал од коловозот во населено место веднаш до патот.
Екипи на ОВР Кичево и Медицински центар се веќе на терен и интервенираат.
Повеќе информации очекуваме во текот на утрешниот ден, додека очевидци за Порта.мк сведочат дека сликата била страшна, а возилото било скоро уништено.
– Апелираме за внимателно управување на автомобилите, како и придржување, односно прилагодување на брзината на возење према поставената патна сообраќајна сигнализација како и условите на патот.
* Дополнето од денешниот билтен на СВР Охрид, учесникот во сообраќајката за жал починал:
– Патничко возило „фолксваген пасат“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.А.(22) од с.Туин, кичевско, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, по што бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде што подоцна починал. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Кичево.
Хроника
МВР со детали за трагичниот настан на Дебарско езеро

На 28.06.2025 година во ОВР Дебар е пријавено дека, во водите на Дебарското езеро во близина на пумпната станица- Дебар, на околу два метри од брегот на езерото, почината е пронајдена С.А. (27) од Дебар.
По наредба на јавен обвинител, увид на местото извршија полициски екипи, а лекар од Општата болница во Дебар, констатирал смрт без траги на насилство, по што телото е дадено за обдукција, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Хроника
СВР Охрид со детали за страшната сообраќајка синоќа на булеварот „Туристичка“ во Охрид

На 19.06.2025 година во 22.30 часот, во СВР Охрид е пријавено дека на кружен тек од булеварот „Туристичка“ со улицата „Јане Сандански“ во Охрид, патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од И.С.(22) од селото Пашино Рувци, прилепско, со престој во Охрид, удрило во метален столб, а потоа и во пешаците А.Б.(44) од Охрид и Д.П.(52) од Скопје.
Од здобиените повреди А.Б. починала во Специјалната болница „Св.Еразмо“, а лекар констатирал смрт. Со тешки телесни повреди се здобил Д.П., додека со телесни повреди се здобиле возачот И.С. и неговиот сопатник К.М.(19), констатирани во болницата „Св.Еразмо“ и во Општата болница Охрид.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Охрид, а по наредба на Јавен обвинител, И.С. е лишен од слобода, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, по член 300 став 2 од Кривичниот законик, извести портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Хроника
Лице на 76-годишна возраст пронајдено починато во дебарско, претходно бил пријавен за исчезнат

Вчера во 18.15 часот во Полициското одделение Ростуше било пријавено дека во с.Велебрдо, општина Маврово и
Ростуше, на место викано Бразда, бил пронајден починат Р.Б.(76) од с.Битуше, општина Маврово и Ростуше, за кој на 29.05.2025 беше пријавено дека се оддалечил од домот.
Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид извршија полициски екипи.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција, соопшти СВР Тетово, информираше МВР.
-
Кичево21 час
Вчера во Кичево при засилена акциска контрола на МВР изречени 86 санкции во еден ден
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за четврток (10 јули)
-
Временска прогноза1 ден
Од ноќеска брз продор на засилен ладен ветер, кој создава дополнителен проблем со пожарите
-
Хороскоп8 часа
Хороскоп за петок (11 јули)
-
Македонија17 часа
(ФОТО) МВР: Фатени тројца малолетници, со бензин, петарди и запалка
-
Скопје2 дена
Повторно целосно прекинат сообраќајот кон Граничниот премин Блаце поради пожар
-
Скопје13 часа
Лишени уште две лица во Скопје, фатени како предизвикуваат пожар
-
Македонија21 час
ЦУК: Вчера најмногу повици до сега во еден ден