Балкан
(ВИДЕО) Силно невреме ноќеска ја погоди Хрватска, ветерот достигна брзина 80 км/ч
Невреме пропратено со грмежи околу полноќ го зафати поширокото Сплитско подрачје, а ветерот достигна брзина од 80 километри на час. Силниот ветер уривал дрвја во Далмација, а линијата на гром беше долга 100 километри.
Како што пренесува „Далмација Данас“, ветерот соборил дрво во Каштел Лукшиќ, но гранките се заглавиле на блиската зграда, па автомобилите долу не биле оштетени.
До 3 часот наутро најмногу дожд наврнал на Ривне на задарскиот архипелаг – 108 литри на метар квадратен, што е повеќе од месечниот просек. Обилните дождови предизвикаа поројни поплави, а во некои области имаше и лизгање на земјиштето.
Во областа Шибеник невремето донесе град, а температурите значително се намалија.
Слично невреме имаше и во Белград.
Извор: n1info.rs
Балкан
Црвена Ѕвезда во Белград убедливо го совлада грчки Панатинаикос во рамки на 9-то коло во Евролига
Црвена Ѕвезда синоќа во Белград извојува убедлива победа над Панатинаикос со резултат 86:68, во рамките на 9. коло од кошаркарската Евролига. Најистакнати поединци кај домаќините беа Милер-Мекинтајр и Монеке, кои постигнаа по 14 поени, додека кај гостинскиот состав најдобар беше Слукас со 16 поени.
Со овој триумф, „црвено-белите“ ја продолжија својата победничка серија на седум натпревари и се искачија на првото место на табелата со учинок 7 победи и 2 порази.
Тимот на Панатинаикос моментално се наоѓа на осмата позиција со биланс 5-4.
Карактеристично е што после мечот, во прес салата тренерот одговараше на прашања од новинарите, каде извесен Гоце од Кичево, кој барем така се претстави, праша според „присутните“ нелогично прашање, со што ги збуни присутните и тренерот, па побараа следно прашање.
Проследете го моментот ТУКА. Евидентно е дека се работи за монтирано видео/пародија, останува да видиме. Некои во коментарите пишуваат дека според гласот тоа бил извесен новинар Горан, а со помош на модерни алатки гласот да е модериран дека станува збор за Гоце од Кичево.
Извор: off.net.mk
Балкан
Уште три пациенти повредени во пожарот од Кочани пренесени на „Клиничкиот центар“ во Ниш на пластична и реконструктивна хирургија
Уште тројца пациенти повредени во пожарот што се случи на 16 март во Кочани биле донесени вчера однесени во Универзитетскиот клинички центар Ниш. Двајца мажи и една жена се префрлени од УКЦС во УКЦ Ниш и лекувањето ќе го продолжат на Одделот на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија.
– „Вкупно шест повредени во овој трагичен настан во моментов се хоспитализирани во Клиничкиот центар Ниш. Четворица мажи и една жена се на одделението на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, додека еден пациент се уште е на одделението за интензивна нега на Клиниката за анестезија и интензивна терапија“, соопштија од Клиничкиот центар во Ниш.
Сите оперативни мерки и напори на медицинскиот персонал се насочени кон опоравување на повредените, се вели во изворот.
Им посакуваме побрзо закрепнување!
Балкан
(ВИДЕО) Претседателот Александар Вучиќ ги посети повредените македонски државјани во српските клиники
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска ги посети повредените Македонци кои се на лекување во Универзитетскиот клинички центар на Србија. Разговараше со нив, и им даваше мотив и сила дека се ќе биде во ред.
– „Само држете се, ви посакувам се најдобро, не плачете, ќе бидете добро“, рече претседателот додавајќи дека состојбата на девојчето е донекаде сериозна, но нејзиниот живот не е во опасност.
-
Кичево11 часаНа градскиот плоштад во Кичево и оваа година ќе блесне хуманитарниот „Божиќен Базар“ покрај најубавиот украс „Витлеемската Пештера“
-
Кичево16 часа(ФОТО) Д-р Александар Јовановски денеска со свеченост ја презеде функцијата градоначалник на општина Кичево, „За мене како што знаете поделбите не постојат, ќе продолжиме напред заедно“
-
Кичево2 денаВо сабота спремете се за третото концертно издание на „Enigma Rock Night Vol.3“ во НУЦК „Кочо Рацин“, на сцената ќе настапат сите локални бендови
-
Хороскоп1 денХороскоп за понеделник (10 ноември)
-
Хороскоп9 часаХороскоп за вторник (11 ноември)
-
Здравје и убавина2 денаОвие шест работи предизвикуваат висок крвен притисок
-
Здравје и убавина14 часаДомашен напиток од свежи билки против болки во Бубрезите од бубрежните камења
-
Спорт14 часаАталанта го разреши од должноста досегашниот тренер Иван Јуриќ
