Следете не

Временска прогноза

Славчо Попоски повторно апелира за нови временски непогоди во Македонија, за следните часови и вечерва – ова се деталите

Објавено пред

на

©porta.mk

Територијата на Македонија продолжува да биде под влијание на циклонската активност која е со центар над Средоземјето. Во вакви околности денес попладне и во вечерните часови во поголем дел од Македонија ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер.

Локално и на повеќе места повторно процесите ќе бидат застапени во форма на силно невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко време кој би можел да предизвика локални поројни поплавувања, силен ветер, силни грмежи и електрични празнења како и со појава на крупен град. Вакво силно невреме особено се очекува во западната половина од државава, како и во северните предели. Услови за ново посилно невреме ќе има и во делови од Скопската котлина.

Апелираме во случај на појава на силно невреме и на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја, исто така во случај на појава на крупен град автомобилите да се заштитат.
Инаку продолжуваат високите температури во Македонија, па така максимумот на истите ќе се искачува во интервалот од 30 до 38 степени, во Скопје до околу 35 степени, за Порта.мк пишува Славчо Попоски

Временска прогноза

Засилен ветер ќе донесе дожд и промена на времето

Објавено пред

на

Под влијание на влажен воздушен бран од запад и југозапад во Македонија денес ќе има врнежи од дожд, кои особено во јужните и во југозападните предели повремено ќе бидат пообилни. Во текот на денов ќе започне да дува умерен до засилен, повремено и локално силен ветер од јужен и од југоисточен правец (над 60 км/час).

И во Скопје и околината денес ќе има повремен дожд, а ќе започне да дува и повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.

Што се однесува до температурите, тие денес ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 20 степени, а во Скопскиот регион максималната дневна температура на воздухот ќе се искачи до околу 16 степени, информира Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Доаѓа медитерантски циклон кој носи големо количество на врнежи од дожд

Објавено пред

на

Под влијание на циклонска активност, од недела (23 март), а особено во текот на следната седмица (во периодот од 24 март па се до 30 март) ќе бидеме под влијание на длабок циклонски систем кој ќе се развие југозападно од нас, односно над Медитеранот. Во ваква ситуација, ќе имаме многу променливо, но релативно топло време со чести повремени врнежи од дожд.

Повремено и локално ќе има пообилни и поројни врнежи, проследени со грмежи и со засилен јужен ветер (над 60 км/час), а  процесите повремено ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме. На повеќе места за време на овој период ќе наврне позначително количество на воден талог (над 20/30 литри дожд).

И во Скопје и околината поради оваа циклонска активност, во погоре споменатиот период ќе има повремени врнежи од дожд, кои во делови од котлината повремено тие ќе бидат поројни и проследени со грмежи, како и со повремено засилен јужен ветер.

Што се однесува до температурите, тие наутро насекаде ќе бидат над нулата, а максималните дневни исто така ќе бидат релативно високи и ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 21 степен, предмалку информира Славчо Попоски.

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Попоски утрово истакна важни метео вести за денес, вакво време ќе имаме

Објавено пред

на

Денес (вторник 18 март), особено во претпладневните часови и во западните  и во југозападните предели ќе има врнежи од снег кои повремено ќе бидат пообилни и ќе се формира снежна покривка. Во дел од градовите со висина до околу 10 cм снег, додека на планините и на Скијачките центри таа ќе биде поголема.

Во Скопје некои позначителни врнежи не се очекуваат.

Сето ова ќе биде проследено со повремено засилен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час).

Што се однесува до температурите, тие ќе бидат за околу, па  и за повеќе од 20 степени пониски во споредба од оние кои ги имавме изминатиот период. Сето ова лошо се одразува на метеопатите, кај кои се можни поголеми здравствени проблеми, рано утрово не информираше  Славчо Попоски.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија2 часа

Вкупно 17 лица приведени кои не почитувале денови на жалост во државата

На 22/23.03.2025 на подрачјето на Скопје, Прилеп, Охрид и Куманово од страна на полициски службеници од слобода биле лишени вкупно...

Временска прогноза2 часа

Засилен ветер ќе донесе дожд и промена на времето

Под влијание на влажен воздушен бран од запад и југозапад во Македонија денес ќе има врнежи од дожд, кои особено...

Скопје17 часа

СВР Скопје: Управувал возило без возачка со 104 км/ч каде било ограничено 50 км/ч

Денеска (22.03.2025) во 12.48 часот полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје на бул.”Александар Македонски”...

Спорт21 час

Омерагиќ: Се гледаме во вторник на градски, приходите од влезниците ќе бидат за семејствата на трагично загинатите во Кочани

Сакам од срце да им честитам на нашите фудбалери за победата, карактерот и борбеноста. Ова е победа која ја заслужија...

Спорт1 ден

Ова се стартните 11 на македонската фудбалска репрезентација против Лихтенштајн

Почетните 11. на Македонија против Лихтенштајн #НапредМакедонија 🇲🇰 #ГордиПодСонцето ☀️ #ХрабриВоСрцето 🇲🇰

Македонија1 ден

Уапсени сопственици на локали кои не почитувале денови на жалост и пуштале музика

На 21/22.03.2025 во Скопје, во угостителски објекти на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода...

Култура1 ден

Денес е „Младенци“, честит именден и честит брак на тие што стапиле и се нови брачни парови

Празникот на пролетта – 22 март, поради големата трагедија во Кочани, тој во нашата држава е во денови на жалост,...

Временска прогноза2 дена

Доаѓа медитерантски циклон кој носи големо количество на врнежи од дожд

Под влијание на циклонска активност, од недела (23 март), а особено во текот на следната седмица (во периодот од 24...

Спорт2 дена

Голем гест за почит, средствата од билети на мечот Пелистер – Вардар ќе одат за семејствата на загинатите во Кочани

ФК Пелистер вечерва ја извести јавноста дека приходот од билетите од натпреварот Пелистер – Вардар во рамките на 25. коло...

Македонија2 дена

(ВИДЕО) Огромен пожар во Струмица, помеѓу Софилар – Баница, ветерот дополнително го отежнува дејствувањето, за состојбата се огласи и градоначалникот

Огромна огнена стихија настана во Струмица, потточно во реонот помеѓу месноста Софилар, Градски гробишта и Баница. На три страни се...

НАЈЧИТАНИ