Кичево
(ФОТО) Вандализам во Кичево, непотребно оштетени сообраќајните знаци

На 16.09.2024 во 15:40 часот во ОВР Кичево е пријавено оштетување со спреј во боја на 11 сообраќајни знаци кои се поставени покрај коловозната лента од улицата „Магистрален пат“ до „Битолска крстосница“ во близина на кичевското село Другово.
– Според членот 190 од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата „на сообраќајниот знак и на столбот на кој е поставен знакот, забрането е да се става нешто што не е во врска со значењето на сообраќајниот знак и забрането е неовластено поставување, преместување, отстранување и оштетување на сообраќајните знаци и на опремата на патот или измена на значењето на сообраќајните знаци“.
ОВР Кичево презема мерки за расчистување на настанот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Кичево
Среќен крај, баба Велјанка е пронајдена жива и здрава

Заврши подрагата по баба Велјанка Штерјоска која беше пријавена за исчезната од саботата на утро во кичевското село Белица.
– Нашата екипа која даде и дронска поддршка во координација со ОВР Кичево, потесното семејство, претседателот на МЗ Белица и жителите од 7 наутро бевме вклучени во потрагата, која предмалку заврши среќно.
Баба Велјанка е пронајдена во селото, жива и здрава, но изнемоштена, веројатно има паднато од стрмнина, но службите допрва треба за таа констатација да утврдуваат.
Најбитно е што и оваа потрага заврши со среќен крај.
Од името на семејството и блиските, ја користиме оваа прилика да упатиме благодарност до сите кои беа таму и помагаа до самиот крај, како и ОВР Кичево и сите останати.
Кичево
Кичево на нозе: Да помогнеме во потрагата утре во с.Белица кичевско за исчезнатата баба Велјанка

Преку одборот на МЗ Белица се приклучуваме кон апелот за потрага, така што Ве повикуваме сите хумани луѓе кои можат и сакаат да помогнат во потрагата по исчезнатата Велјанка Штерјоска, тоа да го направат утре.
Имено, собирот ќе се одржи утре (понеделник) во 7:00 часот наутро од пред црквата „Св. Ѓорѓија“ во Белица, потоа ќе се следат насоки и распоредување за трагањето.
Ви благодариме однапред за солидарноста и човечноста! 🙏
Кичево
Апел за изгубено лице од Кичево, доколку имате било какво инфо известете

Апел за изгубено лице, Велјанка Штерјоска. Последен пат била видена пред својата куќа до црквата во Белица, вчера наутро, околу 9 часот
Висина: 155 см
Коса: кафена
Очи: кафени
Доколку имате било каква информација или сте ја виделе, веднаш јавете се на:
📞 072 304 091
🙏 Вашата помош е од огромна значење, истакнаа од МЗ Белица.
-
Кичево1 ден
Апел за изгубено лице од Кичево, доколку имате било какво инфо известете
-
Кичево1 ден
Кичево на нозе: Да помогнеме во потрагата утре во с.Белица кичевско за исчезнатата баба Велјанка
-
Музика3 часа
(ВИДЕО) Кичевчани во полн ефект до достигнувања на соништата, „Men Of Silver Soul“ на „Marbled In Stone“ ќе ви стане омилена веднаш!
-
Кичево9 часа
Среќен крај, баба Велјанка е пронајдена жива и здрава
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (7 септември)
-
Хороскоп21 час
Хороскоп за понеделник (8 септември)
-
Спорт6 часа
(ФОТО) На пауза во Кичево, полека финишира 34-то издание на мото-рели „Независност Македонија 2025“
-
Кичево1 ден
Започнува „Наше театарче“ на „Intellect Education“ место каде најмилите ќе го развијат својот талент, ќе ја откријат својата креативност и ќе блеснат на сцената!