Следете не

Спорт

Истакнат официјалниот календар за новата сезона во прва футсал лига, додека викендов започнува и новата сезона за „Детската лига“ во фудбал

Објавено пред

на

©porta.mk

Во „Ќука на фудбалот” вчера со извлекување беа одредедени двојките за новата натпреварувачка сезона во Прва футсал лига. Комплетниот распоред на натпреварите во Прва футсал лига за натпреварувачката 2024/2025 и тоа:

Започнува и новата сезона во ФФМ Детска лига

Грасрут одделот во рамки на Фудбалската федерација на Македонија праќа информација за почетокот на новата сезона во Детска лига.  Повеќе од 10.000 илјади деца во рамки на 6 региони во државата викендов ќе ги започнат натпреварите во најмасовното натпреварување во Македонија. Апелираме до родителите и сите гледачи во иднина да размислуваат за влијанието што нивните постапки го имаат врз децата и секогаш да се однесуваат на начин кој поддржува и поттикнува позитивен развој.

Детската лига на ФФМ претставува основа за сите учесници – деца од 7 до 12 години да ги развијат своите фудбалски вештини, тимската работа и љубов кон играта. Целта за сите нас е да  обезбедиме забавна и хармонична средина, фокусирана на учење на основите на фудбалот и спортски дух.

Како организација посветена на промовирање на позитивна и фер-плеј средина за нашите најмлади фудбалери, Фудблската федерација на Македонија најостро го осуди однесувањето на дел од родителите кои ланската сезона предизвикаа и учестуваа во инцидент на финалниот турнир од Детска лига.

Таквото однесување е спротивно на вредностите што ги поддржуваме и примерот што се стремиме да им го дадеме на нашите деца.  Од таа причина, ФФМ донесе одлука (до отповикување) за забрана за присуство на публика на натпреварите од северниот регион во Детска лига.

Гледаме позитивно и се надеваме дека како и во останатите пет региони, публиката, родителите и гледачите ќе имаат можност да ги следат натпреварите во многу блиска иднина.  Тренерите и организаторите, исто така, треба посветено да му помогнат на секое дете да расте на теренот и надвор од него, градејќи доверба и другарство.

Без разлика дали вашето дете започнува да игра фудбал, или веќе со голема страст гледа на играта, Детската лига нуди одлична можност да ужива во и да создаде трајни спомени, се вели во официјалното соопштение за јавноста, Фудбалската федерација на Македонија.

Спорт

Македонија се враќа од Гент со бод вреден „злато“ – Остануваме први во групата „Ј“ – уште една потврда дека националниот тим станува фактор кој не смее да се потцени!

Објавено пред

на

©porta.mk (архива)

Фудбалската репрезентација на Македонија приреди вистинска сензација во Брисел! Во рамките на квалификациите за Светското првенство, нашите момци успеаја да го запишат едно од највредните ремија во поновата историја, 0:0 против силната селекција на Белгија.

Иако домаќинот важеше за апсолутен фаворит, со имиња како Кевин Де Брујн, Леандро Тросар, Лоис Опенда и Жереми Дуко, фудбалерите на селекторот Милевски покажаа неверојатна дисциплина, борбеност и тимски дух. Белгија доминираше во поседот и статистиката со дури 25 обиди кон голот, но на македонската гол-линија блескаше Столе Димитриевски, кој со пет клучни интервенции ја сочуваше нашата мрежа недопрена.

На спротивната страна, Тибо Куртоа имаше мирна вечер, бидејќи „црвено-жолтите“ не упатија ниту еден удар кон неговиот гол. Сепак, тактичката зрелост и борбениот пристап донесоа резултат — бод кој вреди како победа.

Со ова реми, Македонија останува на врвот на групата Ј со 12 освоени бода, еден повеќе од Белгија и два повеќе од Велс. Првопласираната репрезентација обезбедува директен пласман на Светското првенство, додека второто место води во плејофот, што значи дека секој нареден натпревар ќе има огромна тежина.

Ова е уште една потврда дека македонскиот фудбал расте, а националниот тим станува фактор кој никој повеќе не смее да го потцени.

Прочитај повеќе...

Спорт

Ова е стартниот состав на Македонија против Белгија вечерва во рамки на квалификациите за Светското првенство

Објавено пред

на

©porta.mk

Селекторот Милевски се одлучи за овие стартни 11-мина против Белгија на гостински терен, да им посакаме среќа!

Извор: ФФМ

Прочитај повеќе...

Спорт

Кичевски ФК Напредок како во старите добри времиња, 4 погодоци против ФК Скендербегу на градски!

Објавено пред

на

©porta.mk

ФК Напредок во досегашниот дел од првенството одигра 3 и оствари 3 одлични победи.

Уште една одлична фудбалска претстава на нашите фудбалери предводени од шефот на стручниот штаб Бобан Дујковиќ.

Овој пат надиграна беше екипата на ФК Скендебегу со резултат 4:1 (2:0).

Стрелци на головите беа: О.Исмаили 1:0 во 14′,Н.Калевски 2:0 во 33′,М.Котевски 3:0 во 55′,А.Османи 3:1 во 66′ и за конечни 4:1 А.Божиноски во 83′.

Благодарност до публиката која е присутна во сè поголем број.

Одиме напред

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Фото: Yivan @ unsplash Фото: Yivan @ unsplash
Автомобили3 часа

Заборавете на замаглувањето на прозорците: Како да се ослободите од влагата во автомобилот

Во текот на есента и зимата, влагата во автомобилот станува чест и непријатен проблем. Замаглените прозорци ја намалуваат видливоста, го...

Фото: an_vision @ unsplash Фото: an_vision @ unsplash
Lifestyle3 часа

Јаболката се чудо за вашето здравје – еве два десерти што ќе ги правите цела есен

Звучи неверојатно, но обичното јаболко може да биде вистинско чудо за вашето здравје. Ова овошје што сите го имаме при...

ФОТО: Unsplash.com @ appshunter.io ФОТО: Unsplash.com @ appshunter.io
Магазин3 часа

WhatsApp конечно воведува кориснички имиња – резервирајте го вашето навреме

Најпопуларната апликација за пораки конечно добива функција што корисниците ја бараат со години – можност за поврзување без откривање на...

Фото: Y M @ unsplash Фото: Y M @ unsplash
Lifestyle3 часа

Дали треба да го исклучувате инвертер клима уредот?

Прашањето дали треба да се исклучува инвертер клима уредот често предизвикува забуна кај многу сопственици. Можеби сте се запрашале дали...

Македонија14 часа

Денес се чествува 84 години, 11 октомври – Ден на народното востание на Македонскиот народ

Денес се чествува 84 години – Ден на востанието на Македонија или Ден на народното востание на македонскиот народ познат...

Спорт14 часа

Македонија се враќа од Гент со бод вреден „злато“ – Остануваме први во групата „Ј“ – уште една потврда дека националниот тим станува фактор кој не смее да се потцени!

Фудбалската репрезентација на Македонија приреди вистинска сензација во Брисел! Во рамките на квалификациите за Светското првенство, нашите момци успеаја да...

Хороскоп15 часа

Хороскоп за сабота (11 октомври)

ОВЕН Денес, ќе добивате разни сигнали од луѓе со кои работите и пријатели, па затоа не е изненадувачки што ќе...

Спорт18 часа

Ова е стартниот состав на Македонија против Белгија вечерва во рамки на квалификациите за Светското првенство

Селекторот Милевски се одлучи за овие стартни 11-мина против Белгија на гостински терен, да им посакаме среќа! Извор: ФФМ

Временска прогноза1 ден

Викенд метео анализа, ќе дува силен ветер, утре не е исклучена можноста за локален слаб дожд – ова се најновите информации..

За време на овој викенд, особено утре (сабота 11 октомври) во Република Македонија ќе имаме малку повеќе облачност која ќе...

Скопје1 ден

Скопје со четиридневен регионален настан „Startup Revolution Summit.ai“, визионерите од светот на технологијата, претприемништвото и вештачката интелигенција на едно место

Подгответе се за нешто што досега не сме го виделе кај нас! Од 27 до 30 ноември 2025, Скопје ќе...

НАЈЧИТАНИ